Триесет граѓани даруваа крв на вонредната крводарителна акција

Покрај повеќекратните дарители дарувале и млади луѓе кои прв пат станале крводарители. Акцијата се реализира во рамките на одбележување на неделата на Црвен крст Охрид и ги надмина нивните очекувања од бројот на пријавени крводарители.

 |  Валентина Неловска  | 

Триесет граѓани дадоа крв за само 5 часа на Одделенито за Трансфузилогија во Охрид на вонредната кровдарителна акција, информира Сашо Точков претседател на ОО ЦК. Покрај повеќекратните дарители се приклучиле и повеќе млади кои прв пат дарувале крв. Задовoлни сме и изненадени од денешниот одзив на хуманите луѓе кои даруваа крв, инфoрмира претседателот на ОО ЦК .

„Овие крвни единици ќе се обработуваат во Битола и ќе се употребуваат за потребите на пациентите од охридските здравствени установи. Задоволни сме имаше од сите крвни групи очекувавме од 15 до 20 крводарители, но се пријавија 30 и им благодарам на сите. Останите кои сакаат да се приклучат и да даруваат крв може да го направат тоа секој понеделник и четврток на одделението за Трансфузиологија при Општа болница Охрид“.

Вонредната крводарителна акција се реализира во рамките на одбележување на Неделата на Црвен крст Охрид. При тоа биле преземени сите безбедносни протоколки за заштита на крводарителите од дезинфекција, до држење на растојание и носење на заштитна опрема, кажува Точков.

„Со оглед на состојбите има помал проток на пациенти но сепак има потреба од крвни деривати. Во време на епидемијата е намален бројот и на крводарувањата во целата држава. Затоа се и овие вонредни акции за да може да се задоволат потребите на здравствените установи.

По состојбата со пандемијаат на Ковид 19 досега беа запрени планираните крвoдарителни акции во средните училишта и за студентите. Последната поголема акација во Охрид беше организирана за празникот Водици. Семејството на крводарители во Охрид брои 1500 членови од 18 до 65 годишна возраст.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top