Нема избор за најхумана медицинска сестра, епитетот им припаѓа на сите кои се борат со Ковид 19

12 мај Светскиот ден на медицинските сестри во охридските здравствени установи ќе помине без вообичаените прослави и избор за најхумана медицинска сестра. Во време на пандемија овој епитет им припаѓа на сите медицински сестри кои се борат со Ковид 19, вели Анета Волканоска главна медицинска сестра од охридската Општа болница.Да се биде добра медицинска сестра не е потребно само знаење и едукација туку и љубов кон луѓето и споделување на љубезноста, вели Волканоска. Таа е горда што досега нема заболен медицински кадар во охридските здравствени установи и досега добро се справуваат со коронавирусот поминувајќи обуки, едукации и соодветно заштитени. Медицинските сестри во време на справување со пандемијата немаат време за страв.

Нема време да размислуваме. Стравот е неминовен  но мора да го елиминираме. Со секој пациент треба да постапуваме како да е потенцијално инфективен. Кога постапуваме со секој пациент не знаеме со што може да се соочиме. Треба да работиме професионално и максимално заштитени почитувајќи ги сите препораки и процедури дадени од Министерството за здрвство, нашиот Кризен штаб и Комисијата з а интерхоспитални инфекции и едукациите од Здружението на сестри кои ги имавме преку ЗООМ апликацијата која континиурано се одвиваше“, вели Волканоска.

Респектот кон професијата медицинска сестра има тенденција на зголемување. Пациентите ја препознаваат нивната голема пожртуваност во борбата за спасување на човечкиот живот, велат медицинските сестри. Ние сме дел од здравството без кои не се може, нагласува Јулија Трпковска претседател на Здружението на медициски сестри, техничари и акушерки од Охрид. Медицинските сестри имаат можност за доедукација и им се признава високото образование. Во моментов како и во светски рамки така и во Охрид и земјава има недостаток од медицински сестри и посакуваат да се стави крај на тој дефицит.

„Да се создадат услови за работа, да имаат бенефициран стаж. Ние тоа  го бараме и би сакале тоа да е така. Но, и сестрата да е на прво место и да е многу повеќе почитувана. Се надеваме кога би имале овде добри услови и со подобар личен доход медицинските  сестри ќе престанат да одат во другите држави. Секогаш сме во борба и за што поголема и подобра едукација и тоа да ние признаено. Секогаш ние се надеваме на подобро тоа ние основна цел, да работиме и да се грижиме за здравјето на пациентите,“ кажува Трпковска. 

Во Охрид има 350 медицински сестри, техничари и акушерки. Медицинските сестри минатата година за прв пат формирале своја Комора на медицински сестри. Во ова време на пандемија, а која се јавува еднаш на 100 години, тие се надеваат дека пациентите ќе сфатат колкаво е нивното значење и дека и по завршување на болеста на оваа професија ќе се гледа повеќе со почит.
Годинава на 12 мај се одбележуваат 200 години од раѓањето на Флоренс Најтингел и според СЗО е прогласена за година на сестринството.

 

борат, епитетот, избор, им, ковид, кои, медицинска, најхумана, припаѓа, сестра

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *



© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top