Автор: Валентина Неловска

cinguloski

Сергеј Цингулоски со истовремени изложби во три градови

Post Views: 0 Утревечер, охридскиот уметник Сергеј Цингулоски, ќе има три изложби на негови скулптури. Во 21 часот истовремено ќе бидат отворени  три изложби во три различни градови во Македонија. Скулпторот ќе ги презентира  неговите препознатливи дела во Музејот на Робевци Охрид, Кино Карпош во Скопје и Домот на култура во Св. Николе. Изложбите  ќе бидат пропратени и со видео арт  од неговата последна изложба „Јагула“, замисла  на режисерот Венцислав Војдиноски. Цингулоски изложбите ги посветува токму на неговиот прерано починат пријател режисерот Венцислав Војданоски Венци . „Ние...

Continue reading

revija

Во пресрет на „Илинден“ децата од „Развигорче“ одржаа модна ревија

Post Views: 0 Мали балерини, невести, принцези прошетаа на импровизираната модна писта во градинката „Јасна Ристеска“. Во пресрет на националниот празник „Илинден“ децата од градинката „Развигорче“ одржаа модна ревија. Ревијата  насловена како „Еко топ модел“ им донесе радост не само на најмалите деца туку и на нивните најблиски. Тие беа импресионирани и воодушевени од инвентивните еко модели. Вреди тоа што го направиле колешките заедно од оваа градинка, беше коментарот на оние кои што го проследија модниот настан.Модната ревија се реализира на иницијатива на учителката Билјана Савеска,...

Continue reading

Sirma Vojvoda

На „Сирма Војвода“ неиздржлив сообраќаен метеж

Post Views: 1 Жителите  од кракот на улицата Сирма Војвода, кој ја поврзува истоимената главна улица со улицата Карпош Војвода, се жалат на неиздржливиот сообраќаен метеж. Издувните гасови, буката, прашината и нечистотијата од тркалта на камионите  им го прават неподнослив секојдневниот живот. Сообраќајната фрекфенција на тесната улица е голема и од лесни возила, но и од тешки товарни возила, раскажува Пеце Петрушевски жител на Сирма Војвода. Коловозот по кој проаѓаат возилата им е буквално под прозорците, објаснува Петрушески. „ Посебно не вознемируваат тешките моторни возила кои...

Continue reading

pozarna

Во струшко опожарени 10 хектари шума

Post Views: 4  Пожарот, што викендов пламна во атарот на струшкото село Долно Татеши, утрово е целосно ликвидиран и ставен под  контрола.  Пожарот започнал на 28 јули и со интервенција на струшката противпожарна единица бил локализиран, но повторно се обновил на 29 јули. Во неделата, при гасењето на пожарникарите им се приклучиле и  вработените од струшкото ЈШП „Јабланица“ .Според командирот на струшката пожарна Урим Каба, причина за пожарот е човечко  невнимание  при палење на стрништа. Пожарот избил на споредните стрништа за потоа да се прошири на шумските површини  уништувајќи...

Continue reading

fontani

Живите води низ Охрид исправни за пиење

Post Views: 6 Живите води или артешките бунари кои ги има на околу 30 -тина локации низ Охрид се исправни за пиење. Граѓаните може спокојно да ја гасат жедта на овие јавни чешми. Но, според Законот за води, водата која не е хлорирана не смее да се користи за широка употреба за пиење. Затоа овие чешми може да се користат само како алтернативен извор иако се бактериолошки и хемиски исправни, напоменува д-р Атанско Михаилов, директор на Центарот јавно здравје. Заради безбедност на граѓаните службите на Центарот вршат постојана контрола, информира д-р Михаилов.„Секој месец, земаме примероци...

Continue reading

letuvanje

Лептокарија и Неа Пори летна шема на охриѓани

Post Views: 20 Поголем број охриѓани имаат традиција својот годишен одмор да го поминат на некоја странска туристичка дестинација. Најчесто избираат да летуваат на море. Ова лето сепак поголем број од нашите сограѓани ќе останат дома од разни причини. Нашите сограѓани, пак кои сакаат и можат да си дозволат промена ги избираат поблиските и поефтините туристички дестинации во соседните земји, нагласува Елида Битрак од туристичката агенција „Елида Турс“. Едно просечно  4-рo  члено семејство, за апартманско сместување покрај плажа, за 7 дена во Грција со организиран превоз, ќе го чини...

Continue reading

plasonik

Водичи реагираат нема доволно промотивен материјал

Post Views: 8 Туристичките водичи реагираат дека има недостаток на  информативeн туристички материјал.  Посочуваат дека  туристите единствено при посетата на праисториската наколна населба во Заливот на коските со секој купен билет за влез добиваат флаер за локалитетот. На останатите  локалитети не е така. И годинава туристите кои доаѓаат на Плаошник и Самоилова тврдина нема да добијат информативен материјал. Од Завод и музеј објаснуваат дека такви материјали нема затоа што археолошките истражувања на овие локалитети не се завршени.Во нивна близина нема ни информативни табли со основните...

Continue reading

konjsko

Мештаните од Долно Коњско заробени во своите домови

Post Views: 3 Жителите на дваесет и пет куќи кои постојано живеат во Долно Коњско се заробени во своите домови, вели Нада Ламбеска, мештанка која овде постојано живее 3 децении.  Патот, кој мештаните го користеле 40 години до пред една година, бил претходно компромисно решение со хотелот на поранешниот комбинат на Свилара. Но, работите во меѓувреме се изменија вели Ламбеска. Свилара доби  сопственик кој забрани движење по некогашниот пат и сега  мака мачиме додека дојдема дома, вели Ламбеска. Патот кој во моментов го користат мештаните од Долно Коњско е тешко пристапен, додека пак,...

Continue reading

bazen

Заматената вода во градскиот базен исправна за капење

Post Views: 53 Водата во градскиот базен на СРЦ Билјанини извори се замати и позелени, реагираат родителите и стравуваат за  здравјето на децата кои го користат базенот „Атина Бојаџи“. Загрижени се дали водата редовно се хлорира и дали квалитетот на водата за капење е  нарушен.  Раководителот на градскиот базен, Борче Џајкоски упатува смирувачки тон дека водата е хемиски чиста и  редовно се хлорира. „ На 10-тина дена доаѓаат од Центарот за јавно здравство земаат примероци и ни испраќаат одговор каков  е квалитетот на водата. Досега нема негативен одговор“, вели Џајкоски.   Професор...

Continue reading

базен

Затворен базен ќе се гради од идната година

Post Views: 15 Охрид ќе чека подобри времиња  да се изградат затворен и отворен Олимписки базен. Владата се препишмани и од најавените 9 Олимписки базени ќе гради два помали во Охрид и Крушево. Од Агенцијата за млади и спорт најавија дека во Охрид ќе градат помал затворен базен.  Затворениот базен ќе биде со димензии 33 на 25 метри со седишта за 300 до 500 гледачи. Неговата намена ќе биде за  рекреација на граѓаните, но и за одржување  меѓународни ватерполо натпревари, вели Директорот на Агенцијата за млади и спорт.  Попоски  информира дека  постапката за градба е почната. Обезбедиле...

Continue reading

sobi

Борбата за летна заработка не се менува

Post Views: 8   Борбата за заработка од летната туристичката сезона не се менува  и оваа сезона.  Нема крај на добро познатите начини на заработка. Сликата е иста, само  се менуваат актерите.  Туристите кои доаѓаат со сопствен превоз на северниот влез во градот и годинава се дочекувани со натписи на кои луѓето ги рекламираат своите сместувачки капацитети. Реакција има и од  приватните станоиздавачи кои се уредно пријавени и кои плаќаат давачки кон институциите. Засегнатите легални станоиздавачи кои се некаде околу 2000 на број,  повторно им укажале на надлежните институции што ги...

Continue reading

zajdisonce

„На Зајдисонце “ќе ја промовира Трпејца

Post Views: 4 Со музички случувања, изложби, промоции на книги и спортски активности ќе се промовира  неповторливата  туристичка населба Трпејца. Здружението на граѓани „Со љубов за Трпејца“  се зафати со организација на бројни културни активности за да  ја направи  населбата попривлечна за луѓето кои потекнуваат од тука, но и за сите нејзини вљубеници.  Преку манифестацијата  „На Зајдисонце“  ќе се даде поголема живост на неповторливо, убавото езерско место, вели Милчо Јованоски, портпарол на здружението. Идејата се роди спонтано од луѓе кои потекнуваат од Трпејца, нагласува Јованоски.„Ние...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top