Автор: Валентина Неловска

sekula batkoski

Охрид домаќин на конференција на европските туристички училишта

Post Views: 15 Течат завршните подготвки за одржување на  25 -та конференција на Асоцијацијата на туристичките училишта и вишите школи  од Европа. Од утре до  12 октомври  Охрид ќе биде домаќин на средбата на која  се очекуваат 600-тина гости од 30 европски земји. Организатор  на конференцијата е  скопското  туристичко училиште „Лазар Танев“ , а голема логистика и поддршка има од охридското туристичко училиште „Ванчо Питошески“, информира  директорот на ова училиште, Секула Баткоски. „ Добро е за Охрид да се донесат гости, а ќе се афримира туризмот, Охрид и Македонија. Сликата за...

Continue reading

канделабри

Општината не надлежна за осветлување на патниот правец кон Албанија

Post Views: 4 Сите институции се оградуваат од одговорноста за замена на  оштетените  електрични канделабри поставени на магистралниот патен правец што води  од Охридкон Република Албанија. ЈП Македонија пат,  Агенцијата за патишта и Локалната самоуправа тврдат дека тоа не е во нивна надлежност. Од ЕВН побаравме одговор зошто не функционира осветлувањето на овој потег и во чија надлежност е одржувањето на патниот правец.  Портапаролот на ЕВН Ленче Карпузоска одговорноста за осветлувањето на оваа делница ја лоцира кај општина Охрид. Со ова не се согласува градоначалникот  Петрески...

Continue reading

teatar

Повелете на „ Малограѓанска свадба“ за 250 денари

Post Views: 7 „ Малограѓанска свадба“ од Бертол Брехт  е новата премиера на актерите од охридскиот народен театар. Оваа театарска претстава е во режија на Дејан Пројкоски.  Публиката премиерата  ќе може да ја види на 9 октомври. „ Малограѓанска  свадба“ ќе биде прикажана премиерно во текот на целата недела. Значајно е дека има само 24 седишта за да се види претставата, се игра блиску со публиката како да се гледа филм“, истакна актерот и уметничкиот раководител на театарот, Горан Стојаноски.     Претставата се подготвувала во изминативе два месеци, а режисерот  Пројкоски има само...

Continue reading

dupka

Пропустите во проектот излегоа на виделина, обвинува Петрески

Post Views: 3 На раскрсницата, кај Булевар Туристичка и Јане Сандански во близина на Мини Маркетот, пропадна асфалтот и се појави огромна дупка. За среќа, избегната е несреќа од големи размери. Екипи од Секторот за патишта и комунален развој при локалната самоуправа од рано утрово работат на санирање на оштетениот коловоз.  Местото го посети Градоначалникот Александар Петрески со стручни лица од локалната. Криминалниот и нестручно изведен проект за поставување на атмосферска  канализација во 2002 година е причина за големото оштетување, обвини Петрески.   „ Криминалот е што работата...

Continue reading

Sase

Занаетчиите може да здивнат

Post Views: 5 40-тина занаетчии од 180 -те регистрирани присуствуваа на вчера одржаниот состанок на Регионалната комора. Од прва рака добија информации како да дојдат до неколку финансиски  олеснувања. Сега имаат можност  од својот буџет да издвојуваат помалку пари за книговодствените услуги, напоменува Сашо Богоески,  претседател на регионалната комора.   „ Најолеснителен  дел е пакетoт услуги од 200  денари месечно за книговодствените услуги и 150  денари месечна чланарина. Во минатото занетчиите плаќале  1500 денари месечно на име на оваа услуга и 2000 денари за завршна сметка....

Continue reading

Daljan

Светна населбата Далјан

Post Views: 9 Жителите од населбата Далјан, вчера  покажаа висока еколошка свест. Во акцијатат за расчистување на потегот од поранешната стара зграда на морнарицата , плажата и училишниот двор се вклучиле 50 граѓани. Со заеднички  сили екологистите  го светнаа Далјан. На јавниот повик преку медиумите и социјалните мрежи се одѕвале  30 возрасни и 20 деца на возраст од 7 до 15 години. Во расчистувањето на натрупаниот смет на лоаклните депонии низ населбата им помогнале и 5-мина вработени од Комуналец. Биле исчистени и одвезени четири камиони со смет. Ова е втора акција во која жителите...

Continue reading

sportski igri

Одбележан светскиот ден на глувите лица

Post Views: 13 Со помала плата, институции кои не обезбедуваат толкувачи за глувите лица, без додаток за инвалидитет,   глувите лица од Македонија го одбележаа светскиот ден. Иако, Македонија ја потпиша Конвенцијата за заштита на правата на инвлидите, лицата со оштетен слух   се соочуваат со дискриминација, вели претседателот на македонскиот  Сојуз на глуви и наглуви лица, Васко Марков.  „ Дискриминацијата е во поглед на платата,  која ја добиваат во однос на другите лица, таа е пониска. Во работните средини глувите лица иако се способни, вредни и одговорни тие се помалку платени...

Continue reading

вера

Утре се слават мудроста, љубовта, верата и надежта

Post Views: 5  Тринаесет година по ред , голем број верници  се собираат  во Лагадин за да го одбележат верскиот празник  Вера, Нада, Љуба и нивната мајка, великомаченица Софија.Со молитва и свеќа верниците се молат за  здравје, љубов и благосостојба во малата црквичка изградена во 2000 година.   Прославата на овој верски празник во Лагадин започна пред тринаесет години на  иницијатива на познатиот угостител Љупчо Патче. По повод 2.000 години од христијанството, Патче како ктитор,  ја изгради малата црква на самиот брег на Охридското езеро. Традиционално  собраните пари од верниците...

Continue reading

starogradski sredbi

Младите музичари се поприсутни на Староградските средби

Post Views: 0 Охрид по 24 пат ќе биде домаќин на староградските средби. Во Центарот за култура утревечер ќе одекне староградската песна од различни краеви на Македонија. Десет  ансамбли од различни градови  и возрастиќе го престават преку музиката  крајот од каде што доаѓаат.  Учениците од Државното музичко училиште „ Илија Николоски Луј“ ќе имаат сплет од песни и ора посветени на познатите охридски староградски музичари Тајфата на Садило, појаснува  директоката Драгана Боцеска. „Програмата е составена од изведувачи на различни возратси ија негуваат староградската музика и со  ентузијазам,...

Continue reading

комедија

„Погодете кој доаѓа на вечера“

Post Views: 4 Ангела, Катерина, Никола, Ема, Ева, Милан, Ѕвонко, Леа, Јован и Ирена се актерите аматери кои утревечер на сцената на Центарот за култура ќе ја одиграат преставата  „Погодете кој доаѓа на вечера“. Овие млади средношколци, талентирани актери-аматери и волонтери на ОО на Црвениот крст за само две недели  импровизираа комедија која ветува смеење до солзи. Никола Србинсоки е еден од ликовите во преставата за која вели дека сами ја подготвиле  со помош на десиминаторите од ПХВ.  „Сите имаме икуство со глумењето, досега сме работеле и на други престави и немавме проблеми...

Continue reading

skolp

Општинските средни училишта без дефектолози

Post Views: 11 Децата со интелектуална попреченост по завршувањето на основното се вклучуваат во средното образование. Најчесто овие ученици го продолжуваат образованието во стручните општински училишта.  Од Бирото за развој на образованието нагласуваат дека наставната програма за овие средношколци е прилагодена. Од друга страна пак, професорите кои во пракса се сретнуваат со ваков начин на инклузија на учениците во образовниот процес велат дека имаат потреба од  стручна помош на дефектолозите.  Засега, нив  како кадар во средните училишта ги нема. Дефектологот Наташа Илоска, од основното...

Continue reading

деца

Од октомври „Детски час за приказни“на англиски јазик

Post Views: 5 Децата  на возраст од  4 до 7 години ќе имаат можност и ова есен да посетуваат  „Детски час за приказни“. Од октомври, секој четврток децата ќе учат англиски јазик преку игра и креативни вежби. За едукација на најмалите охриѓанчина ќе се грижат две волонтерки од Американскиот мировен корпус во Македонија и 4-ца волонтери од општинскиот Црвен крст, вели Мимоза Ставрева, координатор за организациско-стручни работи. „Ние  преку  читање на приказни, кој  ги имаме во изобилство од англиска литература,  ги внесуваме децата во светот на приказните и бајките. Со тоа тие го слушаат...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top