Автор: Валентина Неловска

kolekcija

Нумизматичката збирка да се врати во Охрид

Post Views: 6 Колекцијата со нумизматичка поставка, со 1700 монети од античкиот период па се до 17 век, која некогаш беше подарок на градот од Охридска банка, повеќе не се наоѓа во галеријата на банката во охридската чаршија. Веќе 6 години Охридска банка ја поседува француската банка Социете Женерал, па јавноста се  интересира зошто колекцијата од непроценлива вредност не е изложена во градот каде што припаѓа. Одговор се обидовме да добиеме од првите луѓе кои треба да го чуваат националното културно богатство. Археологот-советник нумизматичар Даница Бачева, автор на поставката отворена ...

Continue reading

patista

Летната сезона ќе се дочека со санирани градски улици

Post Views: 2 Интензивна санација на сите градски улици, најави денес градоначалникот Никола Бакрачески.Акцијата на крпење на ударните дупки кои го отежнуваат сообраќајот низ скоро сите улици ќе се одвива со забрзано темпо. Градоначалникот вети санација на сите улици во сите делови од градот.„ Санацијата на оштетувања на патишатата ќе опфати 506 м квадратни  во оваа фаза. Но, нема да остане населено место во градот и селата каде што нема да бидат санирани. Од наредната недела ќе ги асфалтираме поголемите улици, а од утре ќе почне на улиците  како што се улиците Радојца Новичиќ, крак...

Continue reading

brod

Бродскиот крш од Студенчишта зависи само од волјата на сопствениците

Post Views: 1 Очите на јавноста повторно се свртени кон каналот Студенчишта. Овој пат вниманието го привлекува  потонувањето на бродот Силекс кој веќе неколку години е стациониран во каналот и не е во пловна состојба. Бродот се претвара во руина и го нагрдува просторот и природниот канал на само неколку метри од Билјанини извори. Наместо да се претвори во туристичка атракција каналот станува отпад за неупотребливи бродови, се загадува и има се помалку риба, е коментарот на Радован  Димитриески, прет на СРД „ Св. Апостол Павле“. Потребно е да се отстранат сите непловни бродови и каналот...

Continue reading

Svinista

Подобри услови за живот на село посакуваат жителите од охридските села

Post Views: 2   Асфалт, вода и канализација се сеуште сон за многу жители од нашите села. 50 -тината жители од село Свиништа, претежно постари луѓе, како и повеќето жители од охридските села, имаат потреба од  подобрување на инфраструктурата во селата во кои живеат. Претседателот на Месната заедница, Благоја Крстаноски, вели секоја година во Локалната самоупорава поднесуваат барања со кои сакаат да се подобри животот на свиништани. „Најприоритетни се санција и асфалтирање на патот од магистарлниот пат до селото во должина од 2,5 км, еден крак од селото до црквата Св. Богородица, како...

Continue reading

Crvenkapa

Охриѓанчињата „ гладни“ за детски претстави

Post Views: 7 Во понеделник, во Центарот за култура, најмладите може да ја проследат детската претстава „Црвенкапа и Иванка“. Членовите на аматерското драмско студио „Мулти Култи“ два месеци работеле на подготовката на најновата претстава за деца.  Режисерот на претставата Ташко Лаброски е задоволен  од приемот на охриѓанчињата на претставите за деца. Како  доказ за тоа ја наведува  претходната  претстава „ Децата на Дедо Мраз“. Децата ги сакаат претставите иако живееме во ера на компјутерите, тие доаѓаат на претставите и се радуваат на ликовите од бајките, вели  Лаброски.„ Решивме...

Continue reading

Охрид

Хотелиерите не задоволни од работата на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот

Post Views: 0 На 27 април во Охрид пристигнува првиот чартер лет со холандски гости, а на охридскиот аеродром ќе пристигаат се до крајот на октомври. Од Хотам очекуваат дека и оваа Летна сезона 2013 ќе се задржи ланската бројка од  20.000  странски гости од Бенелукс. Асоцијацијата Хотам  не е задоволна од работата на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, напоменува Дончо Танески претседателот на  Хотам. Нема нити еден конкретен резултат или инфорација oд одржаните  саемски манифестации. Туристичките промоции на земјава на саемите се одржуваа на полупразни штандови, со исклучок...

Continue reading

хотели

Европски ѕвезди за македонските хотели

Post Views: 8 Охридските хотелиери не се воодушевeни од новиот правилник за категоризација на објектите. Хотелите, ѕвездичките сега ќе ги добиваат по нови критеруми.  За да се избегнат обвинувањата за  субјективизам при рангирањето на хотелите министерството за економија донесе нов правилник прифатен од хотелите во поголем број европски земји. За хотелите од сите категории предвиден е одреден минимум кој треба да го имаат, а понатаму, за секоја услуга ќе добиваат поени. Вкупниот резултат ќе ја дава и категоријата. Претходниот правилник ги  условуваше луксузните хотели со пет ѕвездички...

Continue reading

src

Од општината информираат се скенира состојбата во урбанизмот

Post Views: 0 Градоначалникот Никола  Бакрачески од првиот момент на превземање на функцијата започна со целосен увид во работата на сите служби во Локалната самоуправа. Во прилог на ова  е и денешниот одговор од локалната на прашањето на ТВМ  што се гради на дел од СЦ „Билјанини извори“. Од општинската администарција, денес не брифираа, дека во моментов ја скенираат состојбата во урбанизмот во Охрид, издавањето на дозволите и законските постапки. Наскоро  ќе илезaт со официјална информација  за состојбите и на овој потег. Минатата недела ТВМ на реакција од наши граѓани пишуваше за...

Continue reading

hipertenzija

Високиот крвен притисок се почесто атакува врз младите

Post Views: 1 Зголемениот крвен притисок или хипертензијата  е најчестата причина за болестите на срцето и крвните садови. Хипертензијата е одговорна за појавата на бројни    кардиоваскуларни заболувања. Се нарекува и тивок убиец затоа  што на почетокот нема субјективни потешкотии се додека не се развијат здравствени компликации.  Најчесто на удар од хипертензијата се луѓето во средна и поодмината возраст, но исклучок не е ни младата популација, вели д-р Атанаско Михаилов, директор на охридскиот Центар за јавно здравје. „ Не ретко зголемениот крвен притисок се појавува кај помладата...

Continue reading

tvrdina

Вложените пари во субвенциите за странски гости се исплатија

Post Views: 11 За летна сезона  2013 Владата најавува зголемување на износот на име субвенции со кој ќе се привлекуваат странските гости. За субвенционирање на тур операторите и туристичките агенции ќе обезбедат  60 милиони денари, најави министерот за економија Ваљон Сарачини. Лани по основ девизен прилив од туризмот  биле остварени 122,3 милиони денари.  Покрај досегашната финансиска поддршка за тур операторите од Холандија и Белгија, субвенциите сега се прошируваат и за уште девет нови држави. Годинава субвенции ќе се исплаќаат и за тур-операторите од Скандинавските земји, Русија,...

Continue reading

gradinki

Градинката „Јасна Ристеска“ се соочува со недостиг на кадар

Post Views: 0 Недостиг од кадар е проблемот со кој се соочува градинката Јасна Ристеска. На 31 март истекоа договорите за работа за 10 воспитувачки во градинката Јасна Ристеска, ангажирани преку Агенција за вработување од страна на Локалната самоуправа, информира  директорката Марина П. Тодоровска. Таа  ги демантира сите  гласини  дека тие  се избркани од работа. Иако  воспитните групи се со поголем број на деца, а помал број на воспитувачки, градинката работи нормално, уверува Петровска.  Директорката ги негира и сите шпекулации во јавноста поврзани со  работата на оваа установа,...

Continue reading

asfalt

Се асфалтираат ударните дупки на патниот правец Ботун-Лешани

Post Views: 8 Дождливото време денес не го попречи започнатото крпење на ударните дупки на патниот правец Ботун – Лешани.  Работниците и механизацијата на „Македонија пат“ се ангажирани да го поправат овој регионален патен правец  кој е во лоша состојба. Станува збор за реконструкција на регионалниот патен правец во должина од 5,7 км, информира Миле Јанакиески, Министерот за транспорт и врски.„Финансиската конструкција за патниот правец ќе чини околу 20 милиони денари. Со првата фаза на зафатите ќе се става основен слој кој ќе чини околу 7-8 милиони денари, а 12 милиони ќе чини...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top