Автор: Валентина Неловска

Основците од Григор Прличев упатија честитка на оргинален начин за Денот на жената

Post Views: 2 Од ОУ Григор Прличев изработија проект со кој упатија видео честитка до сите жени по повод Интернационалниот ден на жената 8 -ми Март. На оргинален начин со проектот насловен „Жената е…“ потврдија дека се единствени и креативни. На забавно – едукативен начин ја прикажаа вредноста на жената во општеството, потребата од внимание и почит од спротивниот пол и големината на убавиот збор посветен на жената. Вo подготовката на видео проектот учествуваа родители / старатели од различни професионални профили и учениците од 1 до 9 одделение.   Основците од 1 до 9...

Continue reading

info

Туристички инфо центар потребен само во центарот на Охрид

Post Views: 14 Туристичкиот информативен центар  поставен на северниот влез од градот на патниот потег Охрид – Струга  ќе се дислоцира. Од Тлер најавуваат дека ќе го преместат во централното градско подрачје. Фрекфенцијата на туристите е најголема во ценатрот на градот  и се одлучивме за негово  преместување, кажува Ѓоко Апостолоски, раководител на Тлер. Во тек е законска  постапка за издавање на нова локација за негово поставување. „Увидовме дека неговата функција беше скоро никаква. Ретко кој гостин застануваше за да се информира. Градот не е голем за да има инфо центри на влезот....

Continue reading

ls

Стоп за самоволниот однос на охридските таксисти

Post Views: 3 Дополнителни мерки за заштита на патниците од самоволието на некои охридски таксисти. Покрај задолжителните  налепници со цени за превоз и лиценци истакнати на видно место ќе  следува и фотографија за идентификација на таксистите. Локалната самоуправа  и сопствениците на такси компаниите заедно со надележните инстутуции  бараат начин како да се справат со злоупотребите кои ги прават некои несовесни возачи. Сашо Поп Доневски, претседателот на здружението на приватни такси компании  укажува дека проблемот не е во нив  туку во таксистите кои ги злоупотребуваат такси компаниите....

Continue reading

cinar

Институциите незаинтересирани да го спасат Чинарот од гниење

Post Views: 0 Исушената гранка на Чинарот е нем сведок за крајно несериозниот однос на институциите кон ова 11 века старо дрво.  Бескорисно  е тоа што дрвото е ставено под заштита на државата како споменик на природата. Институциите и по шест месеци не презедоа конкретни зафати за негова санација. Од месец декември кога се скрши гранката до денес Чинарот е оставен без соодветна грижа за негова санација. Институциите се иземаат од одговорност. Едни на други ги префрлаат надлежностите и така во недоглед со месеци. Никој во институциите не кажува отворено каде е проблемот и кој треба...

Continue reading

Голема штета е направена на јавното осветлување на патеката Лабино

Post Views: 3 Вандали атакуваат на пешачката патека кој води под Самоиловата Тврдина кон Лабино. Уништени се автентичните светилки фенерчиња, се крши заштитната ограда па дури се сечат металните корпи за отпадоци поставени покрај патеката. Искршени се 50тина фенерчиња распоредени на половина од должината на патеката. Многу од нив не светат во вечерните часови, а се и украдени голем број светилки.  На патеката се забележува дека недостасуваат и поставени метални корпи за отпадоци, а се крши и заштитната ограда која деновиве беше санирана од страна на екипите на ЈП Градски пазар. Најголема...

Continue reading

NP Galicica

Уживањето во убавините на НП „Галичица“ ќе се наплаќа

Post Views: 2 Во НП „Галичица“ ќе се наплаќа влез, паркирање на возила и поставување на шатори. За посета на излетничките места Корита, Јадера и Лескоски  уши домашните и странските посетители ќе треба да платат за да уживаат во природните богатства на паркот. Од наплата за влез во паркот ќе биде ослободено локалното население, но не и охриѓани. Посетителите за дневен престој  за влез во паркот ќе треба да издвојат по 30 денари, за паркирање на автомобил 50 денари, а за поставување на шатор ќе платат 200 денари. За собирачите на печурки и лековити растенија ќе треба да издвојат 500...

Continue reading

Танец

„Танец“ ќе го отвори Балканскиот фестивал на народни песни и игри

Post Views: 0 Утврдена програмата која ќе се изведува на 52 -то издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри. На ревијалниот фестивал, во текот на 4 дена колку што трае, ќе се претстават 10 -тина земји од Балканот и Европа.  На 6-ти јули, на сцената на Долни Сарај, фестивалот ќе биде отворен со македонскиот национален ансамбл „Танец“. „ Фестивалот ќе го отвори националниот ансамбл „Танец“ со  досега неизведувана  кореографија, информира Драгана Боцевска. Игрите се од Малешевскиот крај на Источна Македонија  и досега не се прикажувани или пак одмна не биле изведувани од...

Continue reading

kovac

Локалната ќе ја укине комуналната такса за занаетите во изумирање

Post Views: 6 Претставници од Занаетчиската комора на Охрид се сретнаа со градоначалникот Никола Бакрачески. На градскиот татко му ги кажаа  проблемите и потребите на занаетчиите. Бараа заеднички начин како да им се помогне во наделжностите кои ги има Локалната самоуправа. Градоначалникто Бакрачески кажа дека пред охридските совентици ќе го стави предлогот за  укинување на комуналната такса во висина од 500 денари годишно за занаетите во изумирање. „ Ние, согласно член 36 од Законот за Локална самоуправа, веќе на наредната седница ќе ја ставиме предлог одлука за укинување на комуналната...

Continue reading

sportska sala

Спортската сала во Велгошти е сеуште без технички прием

Post Views: 8  Градежни зафати се изведуваат на спортската сала „Тодор Александров“ во Велгошти.  Иако салата беше  пуштена во употреба пред два месеци не е направен технички прием. Од Локалната  самоуправа информираат дека пред две недели стартувале  мали зафати. Од скелињата поставени околу зградата може да се заклучи дека  станува збор за обложување на фасадата на спортскиот објект. Спортската сала е со површина од 1211 м 2 има две соблекувални и  капацитет од  500 гледачи, а со неа ќе стопанисува Локалната самоуправа.  Покрај учениците од ОУ „ Живко Чинго“ кои ќе ја изведуваат...

Continue reading

Кардиоваскуларните заболувања и понатаму се водечка причина за смртност во земјава и светот

Post Views: 4 Кардиоваскуларните заболувања се водечка причина за смртност и во земјава и светот, информира д-р Виолета Мојсовска од ЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања “Свети Стефан”. Во Неделата на Кардиоваскуларни заболувања кога се подига свеста кај населението за превенција од овие заболувања, светската статистиката покажува број од 18,6 милиони пациенти кои починале од кардиоваскуларни заболувања во 2020 година. Д-р Мојсовска напоменува дека во време на пандемија во нивната установа е регистрирано намалување...

Continue reading

bazen

Охриѓани ќе добијат современи терени на СРЦ „Билјaнини извори“

Post Views: 0 Градоначалникот и неговиот тим денес направија обиколка на спортските терени на СРЦ „ Билјанини извори“. Разгледаа  во каква состојба се објектите и кои се можностите за развој на спортските содржини на единствениот спортско рекреативен центар во градот.  Спортскиот центар плански ќе се развива и она што ќе се гради сега ќе има ефект во следните години, рече градоначалникот Никола Бакрачески. Тој најави дека ќе се гради и долгоочекуваниот затворен базен.   „ На почетокот на идната година ќе почне изградбата на затворен базен. Разгледани се можнсостите за развој и на...

Continue reading

pecurki

В шума по печурки само со дозвола

Post Views: 0 Собирањето на печурки, лековити растенија, смреки и останатите шумски плодови повеќе не е бесплатно. Луѓето кои собираат шумски плодови и на тој начин заработуваа, сега  ќе мора дел од заработката  да и плаќаат и на државата.  Од неодамна државата започна со  наплата на природното шумско богатство според Законот за шуми.  Собирачите на шумски плодови мора да обезбедат дозволи  кои се издаваат во ЈП „ Галичица“  поддружница на „Македонски шуми“.  Покрај собирачите на шумски плодови со вадњето дозволи под контрола ќе се стават и откупните претпријатија.  Според тарифникот...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top