„Танец“ ќе го отвори Балканскиот фестивал на народни песни и игри

„Танец“ ќе го отвори  Балканскиот фестивал на народни песни и игри.

 |  Валентина Неловска  | 
Танец
Танец

Утврдена програмата која ќе се изведува на 52 -то издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри. На ревијалниот фестивал, во текот на 4 дена колку што трае, ќе се претстават 10 -тина земји од Балканот и Европа.  На 6-ти јули, на сцената на Долни Сарај, фестивалот ќе биде отворен со македонскиот национален ансамбл „Танец“.
Балкански фестивал
„ Фестивалот ќе го отвори националниот ансамбл „Танец“ со  досега неизведувана  кореографија, информира Драгана Боцевска. Игрите се од Малешевскиот крај на Источна Македонија  и досега не се прикажувани или пак одмна не биле изведувани од ансамблот. Кореографијата на изведбата се вика „Пијанец“ и со дел од нив ансамблот настапуваше на европската турнеја во Австрија и Шведска“, напоменува Боцевска.  

Покрај македонските и охридските фолклорни ансамбли како што се Отекс, Бисери и Илинден ќе се претстават  и ансамбли од Хрватска,  Бугарија, Србија, Турција, Бих, Унгарија. Песни и игри  ќе има и од  Италија, Шпанија и Полска. Изненадува и огромниот  интерес за учество на фестивалот од полските фолклорни ансамбли, напоменува директорката на Центарот за култура Драгана Боцевска.  

Балкански фестивал„ Особено е голем интересот од Балканските земји. Имаше пријавено 60-тина ансамбли со кои контактираме и по година-две порано. Многу ансамбли се пријавуваат сами, а некои ги предлагаат и нивните  амбасади“.
Интерес за настап на ревијалниот фестивал има и од голем број африкански фолклорни ансамбли што го потврдува  високото реноме на Балканскиот фестивал на песни и ора во светот, укажува Боцеска. Изборот на ансамблите кои ќе гостуваат на годинешното 52 -то издание  е на жирито  во состав: академски сликар  Славко Упевче, Драгана Боцевска директор на ЦК „Григор Прличев“ и Зоран Џорлев, директорот  на НА „Танец“.
Фестивалот е поддржан  од  Министерството за култура и Локалната самоуправа, а покровител е Собранието на РМ.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top