Post Views: 7
Започна имунизацијата против Ковид 19 на охриѓани на возраст над 77 години со хронични болести во 8 часот утрово. Првата вакцина на „АстраЗенека“ ја прими жена на возраст од 79 години. Пациентите кои закажале имунизација преку системот Мој термин доаѓаа на закажаното време во Службата за превентивна здравствена заштита на деца и младинци при Здравствен дом. Очекуваат се да помине во најдобар ред, а при тоа немаа трема.
Вакцинацијата тече без проблеми според сите безбедносни протоколи и препораки од ресорното министерство, напоменува доктор Соња Мариноска, раководител...
Post Views: 0
Промовирани прирачници за здрава исхрана и боенка за деца од авторката Весна Пирузева Петровска. Мојата намера е со прирачниците да им го посочам на луѓето правилниот начин на исхрана за да имаат здрав живот, вели авторката. Во напливот на различна литертура да бидат умешни како да ја изберат вистинската која води кон здрав живот, затоа што несоодветните може да ги упатат кон погрешни патеки. Предупредува на претпазливост кон користењето на разни нутриционистички совети и диети од непроверени извори на интернет.
„ Најчесто младата популација се служи како со најдобар...
Post Views: 1
Охридската театарска сезона наместо домашните актери ќе ја отворат велешките од театар Џинот. Четворицата актери Васил Зафирчев, Зоран Љутков , Маја Љутков и Јордан Витанов гостуваат со претставата „Ноќите во бел сатен“. Автор на текстот е Братислав Димитров, а претставата ја доби наградата Чернодрински. Станува збор за хумористичен текст на љубовна тема, која ќе ги насмее охриѓани до солзи.„ Оваа соработка подолго време ја договоравме сакавме да донесеме една претстава од Велес затоа што овој театар нема подолго време гостувано во Охрид. Тие се во подем, работаат...
Post Views: 8
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот доцни со исплатата на субвенциите за туроператорите за оваа година. Новиот директор на агенцијата Кристијан Џамбазовски, информира дека поднесените апликации за субванциите за туроператорите ќе бидат навремено исплатени. Не открива бројки колку пари должат на име неисплатени субвенции, но според Џамбазоски задоцнувањето нема негативно да се одрази врз договорите со странските агенции за носење на гости.
„ Загразување или некаква пречка нема никаква. Тековно се обработуваат и потпишуваат решенијата за субвенционирање....
Post Views: 13
Во Охрид, на градскиот Плоштад покрај новогодишната елка ќе биде поставено и лизгалиште на мраз. Новата содржина ќе придонесе за добра забава на охриѓани и гостите кои ќе допатуваат во градот за дочек на Новата година. Лизгалиштето ќе може да се користи се до празникот Богојавление, открива портпаролот на ЛС, Томе Џамтоски. „ Постапката е завршена, лизгалиштето ќе биде концентрирано околу споменикот Св. Климент кој ќе биде заштитен со ограда. Ќе биде на површина од околу 120 -150 метри квадратни. Преговораме со фирми кои имаат искуство во оваа работа. Корисниците...
Post Views: 23
Претставниците од министерството за транспорт и врски не го испочитувале терминот за јавна расправа за урбанистичката планска документација за охридските авто кампови, вели Горѓи Танески претседател на здружението „ Оревче“, во кое се сопственици и наследници на имоти во Градиште во процес на денационализација. Танески вели дека како сопственици кои водат судски спор за враќање на имотот во Градиште се непријатно изненадени од ваквата постапка на ресорното министерство. Јавната презентација била закажана во 15 часот, а кога 50 – тина граѓани од здружението дошле...
Post Views: 5
По локалната самоупрaва и ОК НА ВМРО ДПМНЕ денес излезе со прес за вчерашните обвинувања од страна на ОО СДСМ во врска со причините зошто градоначалникот го врати предлогот до Училишниот одбор Јамандиев да биде директор на гимназијата и поништувањето на постапката за избор од страна на трудовиот инспекторат. Пресот на СДС од Охрид, вчера имаше само една јасна причина, да го девалвира законот и институциите во Охрид и Република Македонија. Тоа е препознатлив стил на политичко размислување на СДС, само да го покријат своето незаконско работење секаде онаму каде што...
Post Views: 6
Институциите почнуваат полека да учат дека ние постоиме во оваа држава, вели Снежана Танеска од Здружението со телесно инвалидизираните лица Мобилност од Охрид. Требаше да поминат две години по ратификацијата на Конвецијата за правата на лицата со инвалидитет за работите да почнат да се менуваат. Танеска напоменува дека тие се свесни дека промените нема да се случат преку ноќ. Додава дека тие треба да се изборат за промените во свеста кај останатите граѓани за да сфатат кои се нивните потреби.„ Досега бевме маргинилизирани, туркани настрана и не не погледнуваа. Сега...
Post Views: 7
На улицата Кузман Капидан бандера за електрична енергија обвиена со повит и бадемови гранки. Тоа им предизвикува сериозна загриженост на жителите кои стравуваат дека во престојните зимски денови може да дојде до спој и да придизвика пожар. Трајан Ѓоршески жител на оваа улица кажува дека пред три месеци пријавил до ЕВН и сите институции за ваквата состојба, но до денес нема никакво решение.„ Морав да одам да пријавам отидов во електрична, пријавив напишав молба. Нигде. По неколку месеци отидов пак ништо. Во комунално уредување ми рекоа на одмор се, корпата не работи,...
Post Views: 0
Денес се одбележува 29 -ти Ноември историски датум значаен за македонската државотворност. На овој ден пред 7 децении во Јајце на заседанието на Авној се удрени темелите на македонската држава, нација и јазик во рамките на поранешната југословенска држава. На историскиот датум кој некогаш имаше големо значење сега се сеќаваат само постарите граѓани. Денес граѓаните се сеќаваат на датумот 29-ти Ноември само како на стариот Југословенски празник. На овој историски датум денес повеќе се сеќаваат постарите граѓани додека за помладите нема никакво значење.Сојузот на борците...
Post Views: 0
ОО на СДСМ на денешната прес конференција изнесе низа произволни обвинувања без да се посочи дали е прекршен законот, статутот или правилникот на јавните претпријатија и установи, регираат со контра прес конференција од општина Охрид. На сите обвинувањата од опозицијата имаат свои против аргументи. За конкурсот во Нискоградба велат дека е во рамките на законските норми. Според Локалната самоуправа не гледаат што е спорно во воведувањето на измени во работата на детската градинка и кај таксистите.
„ Во однос на барањата на посебни лиценци, ЛС ќе стои на ставот сите...
Post Views: 0
За православните христијани од денес започнува Божиќниот пост. Верниците во следните шест недели, во чест на раѓањето на Господ Исус Христос, ќе се воздржуваат од консумирање на мрсна храна, телесни задоволства и ќе се молат пред Бога. Постите се востановени во рајот , Бог им дал на луѓето забрана да не јадат од дрвотозаз познавање на доброто и злото.Ако тогаш постот им бил потребен на првите луѓе во рајот колку ни е потребен на нас луѓето во ова денешно време , укажува отец Ѓорѓи Блажески.
„ Целта на Божиќните пости, но и на останатите пости е очистување на човечката...