Post Views: 1
Охридската полиција приведе шест лица кои предизвикле тепачка во кафе бар и во општа болница Охрид. Настанот се случил во 1 часот по полноќ, кога под дејсво на алкохол четири лица во охридски кафе бар по меѓусебна расправија започнале физички да се пресметуваат со тупаници, чаши и шишиња. Тројца од нив на возраст од 18, 25 и 40 години завршиле на хируршкото оддление. Тројца доктори истовреме хируршки интервенирале на повредените пациенти во пределот на главите, немало пациенти со прострелни рани, информираше хирургот Димитар Арнаудов.
„ Повредените изгледаа како...
Post Views: 4
Христијаните од католичка вероисповед и оние кои слават по новиот календар утре ќе го прославуваат најголемиот христијански празник Велигден. Верниците ги прават последните подготовки за овој најголем ден.
„Тоа е празник кој ја симболизира победата на Божјиот син врз злото. Победа Божја врз кнезот на овој свет, како што Исус Христос го нарекува ѓаволот, демнот. И не само тоа туку воскреснувањето Христово е еде празник кој што е радосен затоа што Исус Христос со своеот воскерснување ни покажа дека човекот не се состои само од душа туку се состои и од тело кое ќе воскресне...
Post Views: 1
Се намалува бројот на позитивни ковид пациенти во охридската болница. После подолг период ова лето ќе се ослободиме од пандемијата, оптимистички најавува д-р Горан Балески,директор на охридската Јавна здравствена установа Општа болница.
„Огромна е бројката на намалување на притисокот врз болницата. Прегледите поврзани со ова болест достигнуваат максимум меѓу 20 до 25 пациенти во текот на еден ден за разлика од претходно кога имавме и до 140 пациени. Многу е порелаксирано во овој период споредено со минатата година“.
Падот на бројот на новозаразени лица овозможува болничките...
Post Views: 2
Охридските ученици од основните и средните училишта два часа имаа на располагање да престојуваат во просториите на охридскиот судот. Тие се запознаваа со начинот на работа на оваа институција, со работниот потенцијал и техничките можности кои се воведени при судските претреси.
Претседателот на Основниот суд, Милчо Клишески истакна дека и годинава нивната институција е прогласена за ажурен суд. Минататa година имале над 22 илјади предмети. Успеале да решат повеќе од 17 илјади предмети. Ваква бројка на примени и решени предмети досега не била забележана од постоењето...
Post Views: 24
Во Охрид расте бројот на аутистични деца. Иако не се знае точниот број на деца со аутизам учителките од одделенска настава се почесто во пракса се среќаваат со деца кои боледуваат од аутизам. Аутистичните деца не може подолго време да го задржат вниманието на наставната содржина, велат наставниците.
Во текот на наставата овие деца бараат поголемо внимание од училтелката, почести паузи, да работат со фломастер или пластелин, кажува Мери Димзова учителка од ОУ „ Григор Прличев“ со долгогодишно работно искуство. Димзова има работно искуство со аутистично дете. Напоменува...
Post Views: 11
Охриѓани се запознаа со избраните дела од литературното творештво на Бранко Цветкоски сместени во шест тома. Во животот на еден автор во творечкиот период доаѓаат преломни моменти кога се прави сметка со сето она што си го створил во животот рече во таа пригода врвниот македонски поет, критичар и есеист, Бранко Цветкоски.
„ Кај мене се совпаднаа минатата година моите 60 години и 40 години творештво. Минатата година се објави 6-томникот на моите избрани дела главно поезија, критика и есеистика. Во тие томови се направи валоризација на моето книжевно дело од страна...
Post Views: 8
Охридските деца од градинките и основните училишта го одбележаа Денот на шегата. Со весели костими и маски се радуваа на 1 Април. Во дворот на ОУ Климент Охридски беше весело. На денот на шегата воразубавувањето на маските по втор пат се вклучува Лајнос клубот Десарети. Овој пат во акцијатa им се приклучи и средното стручно училиште „Св. Наум Охридски“. Вештите раце на учениците од козметичката насока од ова училиште со нивните професорки и козметичкото студио Изида го разубавија маскенбалот со цртање на лицата на учениците.
„ 40 ученици практиканти од ЕМУЦ од...
Post Views: 5
Мирисот на мувла и влага во просториите, полското веце зад Домот на култура во населбата Радојца Новичиќ покажува дека на овој објектот му е потребно реновирање. Во моментов просториите ги користат фолкорното друштво Охриѓанка, Теквондо клубот и амбулантата издадена под концесија. Претседателот на Урбаната заедница, Игор Николески вели дека благодарение на нив го одржуваат во функција објектот.
„ Треба голема реконструкција на домот. Самата местоположба е крај река, ѕидовите се ронат, кровот е од азбест и е штетен, треба да се смени“, наведува Николески. Домот...
Post Views: 3
Охрид како туристичка дестинација ќе се нуди во пакет зедно со дестинации од Албанија и Грција. Преку овој модел намерата на туристичките работници е да донесат повеќе туристи. Со ваквото вмрежување туристичките агенции од регионот ќе го следат примерот на туристичка аранжмани кои што го практикуваат западноевропските земји. Оваа нова можност е привлечна пред се за прекуокенските туристи, вели Лела Крстевска од Стопанската комора за туризам на РМ.
„ Се работи за т.н туризам експерт груп со посредство на ОЕЦД и Европската унија т.е умрежување на земјите од регионот ...
Post Views: 9
Две недели охридските основни и средни школи се без училишен интернет. Менаџерските тимови и наставниците се снаоѓаат според можностите. Директоркатa на ОУ Григор Прличев, Силвија Мојсоска за настанатиот проблем објаснува дека без интернет конекција, кој го користат од фиксната телефонија, е само едната училишна згрaда каде што се одвива предметна настава, но се снаоѓаат за наставниот процес да тече нормално. „ За електронскиот дневник не е проблем. Овде во училиштето имa интернет преку T-home интeрнетот е добар.Нема само во предметната настава. Електронскиот дневник...
Post Views: 1
На терен ќе се бараат причините за зголемениот број на заболени охриѓани од тиреотоксикоза. ТВМ Телевизија веќе информираше за ова заболување, на штитната жлезда, од кое во 2014 година достигна број од 1537 заболени, а само пред 10 години во 2005 година таа бројка била 67 пациенти со дијагностицирана тиреотоксикоза. Најмногу заболени се жени на возраст од 45 до 54 годиша возраст. Д-р Атанаско Михаилов дир на Центар за јавно здравје информира дека ќе ги алармираат надлежните со податоците за ова заболување.
„Секако по било која индикација за зголемениот број ќе...
Post Views: 4
Вевчани, живописната рурална општина, станува привлечнa се повеќе не само за домашните, туку и за странските гости. Општината работи на подобрување на инфраструктурните капациети и намерата е да биде еколошки „Зелена општина“. Со овие адути, за оваа летна сезона жителите покажуваат интерес за проширување на сместувачките капацитети кои недостасуваат за сместување на гостите во Вевчани, информира Сашо Јанкоски градоначалник на општината.
„Тука кубуриме со мал број на легла. Но, гледам голем интерeс кај локалното население и интенција за пренамена на капaцитетите во...