Охридската болница работи како пред пандемијата

Со намалување на притисокот на ковид позитивни пациенти охридската болница се враќа во нормално функционирање. Прегледите поврзани со оваа болест достигнуваат максимум меѓу 20 до 25 пациенти дневно. Сега редовно  се обавуваат прегледите на пациентите во болничките одделенија за  паталогија за која се наменети.

 |  Валентина Неловска  | 

Се намалува бројот на позитивни ковид пациенти во охридската болница. После подолг период ова лето ќе се ослободиме од пандемијата, оптимистички најавува д-р Горан Балески,директор на охридската Јавна здравствена установа Општа болница.

„Огромна е бројката на намалување на притисокот врз болницата. Прегледите поврзани со ова болест достигнуваат максимум меѓу 20 до 25 пациенти во текот на еден ден за разлика од претходно кога имавме и до 140 пациени. Многу е порелаксирано во овој период споредено со минатата година“.

Падот на бројот на новозаразени лица овозможува болничките одделенија сега редовно да ги обавуваат прегледите на пациентите кoи се закажуваат на Мој термин, а заради зголемениот број на ковид позитивни пациенти беа пренаменети за нивно лекување.

„Моментално работата на болницата е вратена како пред пандемијата. Сите одделенија си ги работат дејностите за онаа паталогија за која се наменти почнувајќи од хирургија, урологија, анестезиологија, интерно, нервно одделение“.

Во ковид центарот, кој беше изграден во кругот на болничкиот комплекс се наоѓаат на лекување околу 5 мина пациенти.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top