Post Views: 3
Охридскиот пазар на труд од некои профили има потреба за вработување, а други пак занимања има вишок на кадар. И оваа сезона работодавачите имаат потреба од келнери, готвачи и рецепционери градежници, пекари, месари, архитекти, лекари, фармацевти. За угостителството е карактеристично што и понатака охридските угостители кои се едуцирале за овие занимања не се интересираат да најдат работа во овие дејности. Угостителите и хотелиерите ги пополнуваат овие работни места со лица од другите градови, информира директорот на Агенцијата за вработување Јован Баткоски. На...
Post Views: 9
Се потешко е да се вози велопсипед низ охридските улици. Нема услови за безбедно да се возат овие превозни средства кои се и тоа како потребни во овие летни денови кога во градот се бара паркинг повеќе. Но наместо ред и безбедно возење има се повеќе хаос и опасни случки. Во пракса, на улиците, се добива впечаток дека на велосипедистите никој не мисли. Засега само на неколку улици има обележени велосипедски патеки што не доволно. Но и тие иако најчесто се означени за возење во еден правец се користат во двата правци затоа што на другиот дел од улицата има паркинг...
Post Views: 126
Во државниот студентски дом Никола Карев во тек е електронскиот оглас за пријавување на студенти, информира Марјан Ристески директор на домот. Пријавувањето се врши преку официјалната страна на Министерството за образование и наука, и ќе трае се до 12 август кога студентите од втора, трета и четврта година ќе можат да добијат место за сместување. Во охридскиот државен студентски дом има на располагање 231 легло, кажува Ристески.
„Во последните 3-4 години наназад исполнетоста на нашите капацитети се движи од 80 до 90 проценти. Очекуваме и оваа година да ја постигнеме...
Post Views: 7
Населбата Чекоштинаа се повеќе заживува и станува место за живеење на многу охриѓани, но населбата има бројни комунални проблеми. Жителите реагираат на неколку кои би сакале Локалната самоупрва да им ги реши. Еден од поголемите кој им задава главоболка, а и сериозен страв се кучињата скитници. Тие најчесто се прегладнети и во чопор ја напаѓаат домашната живина и луѓето кои овде имаат имот и куќи, а и туристите кои се сместени во вилата Оаза ин и во хотелот Сончева Порта, се жалат жителите од Чекоштина. Помеѓу жителите кои апелираат за решавање на овој проблем ...
Post Views: 1
20 охридски брачни парови се разведени од почетокот на годинава заклучно со месец мај. Одлука за раскинување на брачната заедница донесле партнери со пократок брачен стаж, но и оние кои биле во подолга брачна врска, а причините за разводите се од најразличен карактер, вели Павлина Пероска социјален работник и раководител на одделението за брак и семејство во Центарот за социјални работи Охрид. „Бројот на разводите во однос на старосната граница и година на живеење во брак се различни. Повеќе има разводи на помлади брачни партнери. Причини се недоверба, нетрпеливост,...
Post Views: 2
Новиот дел од библиотеката НУ „Григор Прличев“ ќе се пушти во употреба дури следната година. Објектот во кој порано беше сместена дирекцијата на Фестивалот Охридско лето се адаптира веќе 4 години. Отстапувањето на објектот на градската библиотека се случи во 2013 година, а објектот сеуште не е готов. Работите закочиле кај изработката на мебелот со кој треба да се опреми библиотеката и тоа заради технички пропуст во тендерот, информира директорката на библиотеката Александра Белеска. Во изминатите две години се работеше интензивно на објектот. Се обнови фасадата,...
Post Views: 0
Во близина на каналот Студенчишта ќе биде сместен оперативниот центар на вода од охридскиот црвен крст, информира претседателот на организацијата Сашо Точков. Долго време ЦК бараше соодветна локација каде што нивните едници ќе бидат стационирани и ќе делуваат во ризични ситуации. Сега тој долгогодишен проблем од скоро една деценија станува реалност со помош на Локалната самоуправа.
„Ќе имаме привремен центар за безбедност на вода кој ќе може поефикасно да интервенира и ќе се наоѓа на самиот брег“, вели Точков. Центарот за безбедност на вода располга со човечки...
Post Views: 4
Алтанин мост попушта. Неговата основа почнува да се руши, а исто така на дел од мостот попушта и асфалтот, реагираат жителите кои живеат и имаат куќи во Чекоштина. На мостот му е потребна итна санација. Во населбата Чекоштина во последните 20 години се направени голем број куќи и хотелско сместувачки капацитети и овој мост е единствениот приоден пат до објектите, напоменува Благој Ефтимов еден од многубројните жители од Чекоштина. „Од негрижа реката го еродира дното и истиот е пред паѓање. Ако се сруши немаме друг премин за целата населба, друг премин немаме за...
Post Views: 0
Се е подготвено да стартува 56 -то издание на Фестивалот Охридско лето. Музичката дива оперската пејачка од Латвија, Елина Гаранча и романскиот диригент, Ион Марин пристигнаа во Охрид. Имињата на двајцата музичари предизвика голем интерес кај домашната и странската публика и чест е што овие ѕзезди ќе ја надополнат богатата фестивалска историја на Охридско лето, истакна на денешната прес конференција директорот на фестивалот Оливер Арсовски.
„Тоа е доказ дека на фестивалската сцена за годинешното свечено отварање повторно имаме добри и славни уметници. Ќе бидеме...
Post Views: 3
Со звуците на прекрасниот македонски фолклор изведуван од НА „Танец“ започна 55 издание на Балканскиот фестивал. Пред бројната публика говореше претседателката на Советот на Охрид, Гордана Коњаноска која истакна дека од сцената на Долни Сарај се упатува универзална порака за хуманизам,а исто времено се презентира сопствениот идентитет, јазик и културно наследство.
„ Пораките ќе бидат уште посилни затоа што се испраќаат од Охрид, светото место каде што со милениуми се напластувале цивилизациските човекови достигнување“, истакна во своето обраќање Гордана Коњаноска....
Post Views: 3
Охридското езеро има квалитетна вода за капење, а и вода за пиење од водоводната мрежа, информираат од Центарот за јавно здравје. Од таму напоменуваат дека редовно прават контроли на водата за пиење и на површинските води на 24 мерни места. Безбедноста на вода е одлична и капачите може да уживаат во езерските води, кажува д-р Атанаско Михаилов директор на Центарот за јавно здравје.
„ Морам да кажам дека водата е со извонреден квалитет со една напомена дека на влезот од Грашница кај Градска плажа квалитет на вода е од 3 категорија. Останатите води води се од 1 и 2...
Post Views: 1
Дваесетина деца ученици од основните училишта од Охрид ќе заминат на 7 дневно бесплатно летување во организација на центарот за Социјални работи.Ова а услуга може да ја искористат децата од семејства во социјален ризик и децата без родители. Од оваа година новина е што на бесплатно летување може да заминат и децата корисници на посебен додаток до 26 години. Сите тие имаат право да ја искористат оваа можност и како сите врсници да ги почуствуваат летните радости што ги носи ова годишно време.
„ Летувањата ќе бидат во еден од труистичките центри и услугите ќе ги...