Дваесетина деца ќе одат на летување преку Центарот за социјални работи

Дваесетина деца   ќе одат на летување преку Центарот за социјални работи.

 |  Валентина Неловска  | 
лето

Дваесетина деца ученици од основните училишта од  Охрид ќе заминат на 7 дневно бесплатно летување во организација на  центарот за Социјални работи.Ова а услуга може да ја искористат децата од семејства во социјален ризик и децата без родители. Од оваа година новина е  што на бесплатно летување може да заминат  и децата корисници на посебен додаток до 26 години. Сите тие  имаат право да ја искористат оваа можност и како  сите врсници да ги почуствуваат летните  радости што ги носи ова годишно време.

лето„ Летувањата ќе бидат во еден од труистичките центри и услугите ќе ги користат децата родени од 2001 и 2006 година кои се редовни ученици во 5, 6, 7 ,8  и 9 одделение и децата корисници на посебен додаток до 26 години кои може да имаат и придружник со нив“ , информира Радмила Кевереска од Центарот за социјални работи.

Летувањето ќе биде во некое од детските одмаралишта, во смени од по седум дена со полн пансион, организиран превоз и придружба од  воспситувач. Покрај забавата на вода тие ќе се едуцираат и спортуваат.

 

 

Центарот организира и зимувања во Крушево.

лето

„ Децата се повеќе заинтересирани за летувањето, за зима нема поголема заинтресираност“, напоменува Кевереска.

 

За децата кои сакаат да заминат на летување немаа ограничувања во бројот на летувањата, а нити во бројот на деца од едно семејство кои ќе летуваат во некое од детските одмаралишта.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top