Post Views: 2
31 годишната Марија Шиникоска е самохрана мајка на три деца. Младата мајка низ солзи и со тешко срце бара помош од заедницата. Таа и нејзините деца живеат во една влажна просторија која прокиснува, а привремено ја добила на користење од нејзина пријателка. Шиникоска се бори во животот со помош на хуманите пријатели бидејќи со платата која ја заработува не може да им обезбеди пристојни животни услови на нејзините три малолетни деца 6 годишната Светлана, 4 годишната Димитра и двегодишниот Виктор. На прагот на зимата Шиникоска и нејзините деца се без струја еден месец...
Post Views: 33
Општина Охрид ги врачи Св.Климентовата награда за животно дело и повелбите за особени заслуги. Професор д-р Вера Битракова Грозданова ја прими наградата за животно дело. При тоа во своето кратко обраќање кажа дека наградата не е само чест туку подарок за многу години поминати во истражување на минатото на Охрид и околината, Струга и Преспа. Ова го чувствувам како Божји дар, рече проф. д-р Битракова Грозданова.
„Св Климент не само што е патрон на градот и на Македонија, тој е во мислите на охриѓани. Со векови како една длабока традиција вкоренета во душите, прославите,...
Post Views: 1
Гимназијата Св. Климент Охридски го одбележа патронатот на школото. Се случи ковид кризата која меѓу двата патронати ни го промени начинот на работа со далечинско учење. Наместо во училиште наставата се одржува од дома, според националната платформа, но успешно се вклопивме во новиот начин на работа и учениците и професорите, информира Весна Цветкоска директор на СОУ Св Климент Охридски.
„Многу успешно се снајдоа во таа ситуација посебно од 1 октомври од кога започна новата учебна година кога се вклучивме без поголемни проблеми на Националната платформа во наставата...
Post Views: 2
Здравствен дом Охрид доби 250 тестови. На располагање ќе бидат по 10 термини дневно за тестирање а вкупно 50 во текот на неделата. Обучени се двајца лаборанти од здравствениот дом за изведување на тестирањата, информира директорката, Ајсел Зејноска.
Во однос за закажувањето, брз тест може да закаже единствено матичен лекар и тоа доколку пациентот го исполнува алгоритмот, односно има симптоми на Ковид 19 не повеќе од 5 дена. Алгоритмот за брзо тестирање е од Светската здравствена организација, а матичниот лекар по земената анамнеза на пациентот, одлучува дали ќе се тетсира...
Post Views: 0
Нивото на нацрт основен буџет за 2021 година е утврден на износ од 648 861 567 денари додека вкупниот буџет со донации и дотации е тежок нешто над 1 милјадра и 113 милиони денари. Во нацрт буџетот капиталните расходи изнесуваат 258 милиони денари и во споредба со минатата година има зголемување за 66 мил денари. Мнозинството во Градскиот совет даде зелено светло за вака конструиран буџет за следната година. Советничката група на опозиционата Вмро Дпмне не зеде активно учество во работата на денешната 51 -ва седница на градскиот Совет. Некој своеволно донел одлука да...
Post Views: 2
Благој Бочвaрски, министерот за транспорт и врски оствари прва официјална посета на општина Охрид. На работната посета градоначалникот Константин Георгиески го запозна министерот со тековните активности на проекти кои општината ги реализира во патната инфраструктура, но и за проблемите на општината од сферата на урбанизмот.
„Поразговаравме со Министерот околу потребите на нови урбанистички планови каде што има надлежност министерството. Тие планови кои се во надлежност на општината да ги усогласуваме со министервстото и постапките да се побрзи. Поразговаравме и за имплементација...
Post Views: 3
95 пациенти позитивни на ковид 19 се лекуваат во охридската болница, а од нив 40 се на кислородна поддршка, информира д-р Горан Балевски, директор на ЈЗУ Општа болница. Постојано се менува состојбата со болничкото лекување на пациенти позитивни на ковид 19, а во моментов има 15 слободни болнички кревети. Дополнителен број на болнички кревети ќе се добијат со поставување на модуларната болница. Во меѓувреме, доколку има потреба од болничко лекување, ние нема да оставиме ниеден пациент без болнички третман, вели директорот Балевски. Болницата се очекува да биде ставена...
Post Views: 8
ОД НП Галичица бараат и охридскиот Државен правобранител да провери дали се узурпира државно земјиште на кое се градат нелегални градби во рамките на паркот. Само ова година во Трпејца констатирале по една бесправна градба и една узурпација на државно земјиште во Националниот парк Галичица. Од националниот парк досега разгледале 471 барање според Законот за постапување на бесправно изградени објекти за да дадат мислење за постапките за легализација за објекти кои ги води општина Охрид, вели Бојаџи.
„Во голем број случаи од 471 и нови градби што се случуваат има узурпација...
Post Views: 9
Општина Охрид има добра соработка со соседните земји во искористување средства од ИПА фондовите за прекугранична соработка, информира градоначалникот Константин Георгиески. Oпштина Охрид подготвува проектни апликации за искористување на средства за заеднички проекти за прекугранична соработка со градови од Албанија и Грција.
„Имаме апликации и други проекти со Корча и со Грција. Со Грција е на високо ниво соработката. Имаме апликации за електрични велосипеди, возила и чамци. Со Корча аплициравме за изградба на трим патека на просторот во поранешна Касарна , па ќе видиме...
Post Views: 6
Општините од регионов ги поднесоа проектните концепти до Советот на Југозападниот плански регион. 9- те општини имаат можност да искористат средства за развој во висина од 41 милион денари од Програмата за рамномерен регионален развој за 2021 година. Може да се аплицира проекти за искористување средства од две области. Првата област е од заштита на животна средина и намалување на загадувањето на животната средина, а втората за подбрување на економскиот развој, туризмот и културата и подобрување на патната инфрастуктура. Општина Дебрца аплицира проект за втора фаза за...
Post Views: 4
Мобилни здравствени тимови ќе даваат медицински услуги во домовите на граѓаните кои имаат потежок пристап до здравствениет установи. Од идната недела стартува проектот „Cross4all“ кој го имплементира Секторот за туризам и локален економски развој при Општина Охрид, заедно со Заводот за кардиоваскуларни заболувања од Охрид. Специјалните медицински тимови се составени од доктори од центарот за Кардиологија, психолог, социјален работник и медициника сестри, соопштува Ѓоко Апостолов од Тлер.
„Главна цел на проектот е да се таргетираат повозрасни лица, лица со посебни потреби...
Post Views: 3
Не е познат сторителот кој направи насип од гардежен шут и земја на брегот на Охридското Езеро во населбата Далјан. Во близина на Домот за стари лица кој е во изградба растоварена е земја на брегот и во езерските води. Градоначалникот Константин Георгиеск, и вели се работи на случајот за откривање на строителот. Направен бил увид од општинскиот градежен инспекторат и државниот инспектор за животна средина, а се чекало на истражните органи да утврдат кој стои зад овие активностi.
„Направивме записници и чекаме информација од полиција за идентификација на сторител за да...