Во Охрид почна тестирање со брзи тестови за корона вирус

Здравствен дом „Маларична“ Охрид доби 250 брзи тестови за корона вирус.

 |  Валентина Неловска  | 

Здравствен дом Охрид доби 250 тестови. На располагање ќе бидат по 10 термини дневно за тестирање а вкупно 50 во текот на неделата. Обучени се двајца лаборанти од здравствениот дом за изведување на тестирањата, информира директорката, Ајсел Зејноска.

Во однос за закажувањето, брз тест може да закаже единствено матичен лекар и тоа доколку пациентот го исполнува алгоритмот, односно има симптоми на Ковид 19 не повеќе од 5 дена. Алгоритмот за брзо тестирање е од Светската здравствена организација, а матичниот лекар по земената анамнеза на пациентот, одлучува дали ќе се тетсира со ПЦР тест или со антигенски брз тест. Тестирањето со брзите антигенски тестови е бесплатно за граѓаните.
Во Здравствен дом од понеделник се очекува втората дистрибуција на бесплатни вакцини против сезонски грип. Зејноска вели дека скоро се потрошени првично добиените 600 дози, а во втората пратка најверојатно се очекуваат уште толку. Бесплатните вакцини се наменети за здравствените работници, ризичните групи во кои спаѓаат стари лица на возраст над 65 години, лица со хронични заболувања, бремени жени и деца на возраст од шест месеци до пет години. Имунизација од сезонски грип со комерцијални вакцини ќе ја спроведува Центарот за јавно здравје, а дозите вакцини според најавите се очекуваат деновиве.

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top