Автор: Валентина Неловска

Новогодишни честитки потсетник како во минатото охриѓани си ја честитале Нова година

Post Views: 3 Примероци од Новогодишните честитки се чуваат во депото на охридскиот Историски архив од повоениот период. Во пред новогодишниот период се потсетуваме на начинот како охриѓани некогаш си ја честитале Нова година, потсетува в.д. директорот Никола Митровиќ. Зачувани се новогодишни честитки од пред 7 децении помеѓу најразличните документи од минатото . „Честитките биле создадени од некои фотографи како што бил Коста Андоноски. Процедурата била едноставна.Позначајните личности или претпријатија побарувале од фотографот да направи еден концепти и да направи фотографија од...

Continue reading

Јавноста се вклучува во постапката за прогласување на Охридско Езеро за заштитено подрачје

Post Views: 1 Одржана јавна дебата во која се вклучија претставници од научната јавност, невладините организации и засегнати страни кои се занимаваат со заштита на Охридското езеро. Целта е сите засегнати страни да се запознаат и да се вклучат во подготвување на Нацрт- Студијата за валоризација на Споменикот на природата – Охридско Езеро. Учесниците на јавната дебата изнесле свои предлози како Охридско Езеро да се заштити како подрачје во категорија Споменик на природа. Меѓу предлозите се езерото да нема административни граници, а се дадоа и препораки за зонирање, информира Климент...

Continue reading

Стружанец со „БМВ“ прегази две братчиња на охридскиот Булевар Железничка

Post Views: 3 Прегазени две братчиња на охридскиот Булевар Железничка. Децата на возраст од 12 и 18 години биле повредени вчеравечер во 18.25 минути од автомобил со струшки регистарски таблички. 18 годишното момче се здобило со тешки повреди на главата и уште синоќа било пренесено на клиниките “Мајка Тереза” во Скопје. Неговото помало братче е задржано во болницата за Ортопедија и труматологија “Св.Еразмо” во Охрид со скршеници на ногата и потрес на мозокот. На возачот, 45 годишен жител на струшкото село Лабуништа, одземена му е возачката дозвола и возило БМВ. За сообраќајната несреќа...

Continue reading

Поставен асфалт на дел од улицат Абас Емин до пресекот со улицата Охридска бригада

Post Views: 1 Денес е ставен асфалтен слој на дел од Абас Емин. Со тоа продолжува етапното асфалтирање на улицата. Претходно беа асфалтирани околу 300 метри на дел од улицата до пресекот со Туристичка. Како ќе завршуваат сложените подземни градежни работи под улицата така ќе се поставува асфалт на дел по дел од Абас Емин, информираат од ЛС. „Сега ќе се постави прв слој на асфалт до пресекот со улицата Охридска биргада. Понатака како ќе се оди по текот на улицата Абас Емин во должина со пресекот на улицата Железничка ќе се решаваат инфраструктурните инсталации во однос на канализација,...

Continue reading

ДПИ: Не се затекнати гости во охридските угостителски објекти без сертификат за имунизација

Post Views: 1 Инспекторите на Државниот пазарен инспекторат продолжуваат со контроли на објектите кои се во нивна надлежност дали се почитуваат измените и дополнувањата на Одлуката за заштита на населението од ковид 19, информира Цветко Ристески, раководител на ДПИ подрачна едница Охрид. Со последните измени посетителите мора да поседуваат сертификат за имунизација со две дози вакцина, а мерките започнаа да се применуваат од 15-ти овој месец.  Во овој период не се констатирани неправилности. Но, се интензивираат контролите како што се наближува викендот. Очекуваме за викенд деновите...

Continue reading

Пандемијата не ги исплаши хуманите луѓе да даруваат крв

Post Views: 9 Охридските студенти може да се приклучат на големата крводарителна акција која е во тек. Од понеделникот, во земјава се одвива крводарување под мотото „Хуманоста на испит во време на пандемија“. Институтот за трансфузициона медицина во соработка со Македонските унизверзитети од Скопје, Битола, Штип и Тетово организира голема крводарителна акција, информира директорката д-р Радица Грубовиќ Растворцева. „На 24 декември од 9 до 15 часот во нашите служби во Кавадарци, Велес, Куманово, Струмица, Кочани, Струга, Охрид, Гостивар, Кичево, Прилеп и Гевгелија ги покануваме сите...

Continue reading

Охридските пожарникари имале најголем број интервенции на опожарени оџаци

Post Views: 3   260 интервенции имале охридските пожарникари од ТППЕ Охрид од почетокот до 22 декември оваа година. Интервенирале на 121 пожар на отворен простор и на 117 опожарени објекти. Пожарникарите изгаснале 77 опожарени оџаци на куќи и станбени згради. Во оваа календарска година за среќа немавме интервенци на пожари кои предизвикаа големи материјални штети, вели Спасе Прентоски, командир на ТППЕ ОХРИД. Прентоски додава дека досегашните нивни апели за редовно чистење на оџаците даваат резултати во намалување на пожарите, но потсетува и на важноста од редовно чистење на грејните...

Continue reading

Општина Охрид е подготвена за штедење на електрична енергија

Post Views: 5 Во Охрид засега не се чувствува енегетската криза и покрај тоа што е прогласена енергетска криза во државата. Во вечерните часови светат  уличното осветлување, излозите и рекламите. Граѓаните се прашуваат зошто општината не презема мерки за штедење на електричната струја. Здравко Петрески, советник за енергија и енергетика во Секторот за комунални дејности, информира дека општина Охрид е подготвена за спроведување на рестриктивните мерки за штедење електрична енергија доколку тоа го побара Комисијата за кризна состојба која ги следи состојбите во енергетскиот сектор....

Continue reading

Избрана фирма за чистење на канали, свлечишта и депонии

Post Views: 2 Избрана фирма како најдобар понудувач на тендерот распишан од општина Охрид за чистење на речни канали. Покрај одржување проодни речни канали и корита овој пат Фондот за комунални дејности бара фирмата да презема и дополнителни комунални услуги, информира Томе Џамтоски, портпарол на општина Охрид . „Колку што ми е познато за прв пат се распишува ваков општ тендер каде што влегуваат покрај ангажманите за чистење на речните корита , каналите и  расчистување на диви депонии, свлечишта и одрони“. Избраната фирма „Победа“  е задолжена за машинско и рачно одржување на наведените...

Continue reading

Крвните анализи за антитела од ковид 19 се бесплатни за донорите на крвна плазма

Post Views: 0 Испитување на крвните анализи за донорите кои сакаат да даруваат ковалентна плазма од ковид 19 се прават во регионалните служби на Институтот за Трансфузиологија и истите се бесплатни. Доцент д-р субспецијалист Радица Грубовиќ Растворцева, раководител на Институтот за трансфузициона медицина, информира дека оздравените пациенти од ковид 19 може да се пријават како донори на ковалентна плазма во подрачните служби за трансфузиологија во Охрид сместена во Општата болница Охрид и во болницата Св. Еразмо и во општа болница Струга и во Заводот за нефрологија. „Сите анализи...

Continue reading

Премиерот Заев ги претстави приоритетите на владиниот проект „21 за европски стандарди дома“

Post Views: 0 Премиерот Зоран Заев ги најави приоритетите од иницијативата „Европски стандарди дома“. Помеѓу клучните приоритети на земјава се прочистување на првосудниот систем и борбата со корупцијата. Премиерот ги посочи и проектите за намалување на аерозагадувањето во земјава за следната година. „За 2021 во Програмата за намалување на аерозагадувањето се предвидени дополнителни 100 милиони денари за објекти за општините за замена на нееколошките системи за греење, зголемување на енергетската ефикасност и обновување на урбаното зеленило. Зголемени се до 20 пати казните за прекршување...

Continue reading

Не работи компјутерскиот томограф во Општа болница Охрид

Post Views: 32 Не работи единствениот компјутерски томограф во Општа болница Охрид. Прегорен е резервен дел заради големата преоптовареност на одделот за рендген дијагностика. Од почетокот на годинава и во изминативе 10 месеци од пандемијата со Ковид 19 биле снимени седумнаесет илјади паценти од Охрид и регионов, вклучувајќи и пациенти од битолската болница, информира директорот Горан Балевски. „Потрошниот материјал престана да работи и ќе треба да се набави нова цевка. Целиот овој период томографскиот апарат беше единствениот апарат кој ги покриваше сите пациенти од ковид и од Струга,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top