Крвните анализи за антитела од ковид 19 се бесплатни за донорите на крвна плазма

Испитувањата се прават во Институтот за Трансфузиологија и во нивните регионални служби во општините Охрид и Струга. Интересот за дарување  е голем и досега се обезбедени над 600 единици плазма.

 |  Валентина Неловска  | 

Испитување на крвните анализи за донорите кои сакаат да даруваат ковалентна плазма од ковид 19 се прават во регионалните служби на Институтот за Трансфузиологија и истите се бесплатни. Доцент д-р субспецијалист Радица Грубовиќ Растворцева, раководител на Институтот за трансфузициона медицина, информира дека оздравените пациенти од ковид 19 може да се пријават како донори на ковалентна плазма во подрачните служби за трансфузиологија во Охрид сместена во Општата болница Охрид и во болницата Св. Еразмо и во општа болница Струга и во Заводот за нефрологија.

„Сите анализи се бесплатни и се прават кај нас во Скопје или во нашите подрачни единици во регионалните центри и служби.Не само анализите за антитела туку се прават уште 4-5 анализи кои се на трошок на фондот и дарителите немаат никакви трошкови. Тоа дали ќе одат во приватни лаборатории ние немаме врска и не би коментирала. Во нашиот институт и во поддрачните единици анализите се бесплатни за донаторите“.

Од почетокот на пандемијата до сега постојано е во пораст интересот за дарување на ковалесцентна плазма. Има интерес за дарување иако бројките на оздравени и заболени од ковид се поголеми од оние што се одлучуваат да донираат, напоменува доцент д-р Грубовиќ Растворцева. Директорката на Институтот за Трансфузиологија додава дека оздравените пациенти кои прележале  тешка болест покажуваат хуманост и желба да помогнат и на други луѓе.

„При тоа треба да подлежат на сите услови да бидат здрави. Да ги имаат сите карактеристики на стандардните дарители на крв. Покрај тоа треба да имаат и доволна концентрација на антитела“.

Досега дарувале преку 500 донори на ковалентна плазма. Обезбедени се преку 600 единци палзма и 450 пациенти веќе примиле плазма.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top