Post Views: 1
Заштита и ревитализација на остатокот од Студенчишкото блато, препорачува проф. д-р Јос Ферхуфен врвен научник за блатни екосистеми.
Тој денес го посети Студенчишкото блато и констатира дека е многу важно да се зачува и да не се уништи она што останало од некогашниот поголем екосистем. Експертот е добро запознает со проектите кои беа најавувани да се реалираат од поранешната влада, за кои агласи дека се крајно штетни за блатото, а може да се спроведат на други локации без негово уништување.
„ Иако некои заговараат дека 5 хектари се доволни за да остане од блатото тоа...
Post Views: 6
Завод и музеј ќе го одбележи денот на музеите со традиционална изложба. По 27 пат ќе бидат изложени современи уметнички дела на уметници од земјава и странство кои оставиле свои дела во музејската збирка, напоменува музејскиот кустос Сашо Блажески.
„Претежно станува збор за македонски уметници, млади творци. Има професионалци и од декоративната уметност, накит.Застапени се сите техники , масло на платно , скулптура“, информира Блажески.
Со оваа изложба започнува и изложбениот период од Програмата за активности на Завод и Музеј. Во периодот од мај до октомври се планирани...
Post Views: 10
Паушално и произволно, без правен основ е известувањето на државниот инспекторат за ЛС дека ќе ги укине одлуките што ги донесле советниците по 24 март, тврди Владо Чинго адвокат и поранешен претседател на Советот на град Охрид. Инспекторатот е орган на министерството за Локална самоуправа кој ги контролира одлуките кои ги носи советот дали се во согласност со законот за локална самоуправа и другите закони кои ја уредуваат таа област. Вршат контроли и надзори , редовен, вонреден и контролен наздор и може врз основа на тоа да укинат некои акти од општината или програми,...
Post Views: 16
Како ќе изгледа Али пашината џамија во охридската чаршија каде во тек се градежни работи за нејзина реконструкција? Оваа градба побуди интерес кај јавноста, откако ТВМ објави неофицијални информации дека од страна на носителот на проектот, охридското муфтиство на ИВЗ, било побарано и добиено позитивно мислење од Завод и Музеј за изградба и на минаре високо 32 метри. Наводно, сега се чека одобрение за градба Од Министерството за транспорт и врски.
ТВМ се обиде да ги провери ваквите информации во ИВЗ и Завод и Музеј.
Охридскиот муфтија не сакаше да открива детали за...
Post Views: 5
Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца воспоставија контакт за соработка со пензионерите од Костур, Р. Грција. Делегација од здружението во состав од претседателот Ѓорѓи Трпчески, секретарот Стефан Владимиров и претседателот на Собранието Димитар Спасески се сретна со своите колеги од Костур. Станува збор за прва официјална средба на пензионери од двете соседни земји.
Македонските и грчите колеги разменаа искуства околу поставеноста, структурата на органите и телата, начинот на финансирање, пензиските примања, животниот стандард и социјалната заштита, активностите...
Post Views: 6
Од Центарот за јавно здравје посочуваат која е нивна должност при објавување на резулатите од испитуваната вода во градскиот водовод. Во лабораторите на центарот се прават секојдневни физичко-хемиски и микорбиолошки анализи. Светската процедура на објавување на резултатите налага тие да се објават само доколку се откријат отстапувања од законски пропишаните стандарди и нормативи за квалитетот на водата за пиење, нагласува Сашо Точков директор на ЦЈЗ. Водата не е наш производ за ние да го рекламираме туку регираме само ако таа не е безбедна за граѓаните, вели Точков.
„Ние...
Post Views: 0
Дивата депонија на Мауцкер гори. Од вчера попладне се забележува како се издигаат облаци чад.
Од Јавното претпријатие Охридски комуналец велат дека пожарот е подметнат. Додаваат дека станува збор за мала опожарена површина.
Од ТППЕ Охрид посочуваат дека работат на ликвидирање на опожарената површина која изнесува околу 500 до 600 метри квадратни. Гасењето на запалената депонија го отежнува ветерот.
Инаку, на просторот Муцкер во изминатите неколку години се депонираше комунален отпад и градежен шут од кој се создаде дивата депонија на неколку километри од градот. За...
Post Views: 1
Во охридската чаршија во тек се градежни зафати за реконструкција на Али пашината џамија. ТВМ дознава од неофицијални извори дека покрај реконструкцијата на џамијата до Завод и музеј дополнително било доставено и барање за изградба на минаре. За минарето кое неофицијално е предвидено да достигне висина до 32 метри од охридскиот Завод и музеј издале позитивно мислење и одобрение за археолошки конзерваторски основи. Сега се чека на одобрението за градба за кое треба да решава Министерството за транспорт и врски. Носител на проектот за реконструкција на џамијата е ИВЗ Муфтиство...
Post Views: 6
Денот на реката Дрим се одбележа со трибина во селото Орман. На средбата учествуваа претставници од различни институции, инспекторатите за животна средина, од Секретаријатот на Дрин Кор групата, ученици и локално население кое живее по текот на Коселска Река која пак е под сливот на реката Дрим. Станува збор за засегнати страни кои влијаат врз донесување на политики и на ситуацијата со Коселска Река и Црн Дрим како главна река, информира Ѓоко Зороски од ЕД Грашница. Тој кажува дека постојано посочуваат проблеми кои со години се исти. Тоа се неопфатеноста на населените...
Post Views: 2
Центарот за јавно здравје овој месец ќе продолжи со системска дератизација. Тоа е една од мерките за заштита на населението од заразни болести од глодарите, информира д-р Јованка Стурлакова Коровешоска. Со пролетната дератизација што ќе ја спроведуваат наскоро, ќе бидат опфатени 3000 шахти во разни делови од градот. Епидемилогот појаснува зошто претежно во стариот дел од градот се јавуваат стаорци и покрај континуираната дератизацијата која се прави.
„Во Охрид многу се гради и се уништуваат леглата на глодарите. Им се уништуваат живеалиштата па тие ги напуштаат и...
Post Views: 1
На каналот Студенчишта со бавно темпо се одвиваат градежните работи за изградба на пешачката патека. Покрај патеката во должина од 500 метри, со овој урбан проект се уредува и коритото на помалиот канал, предвидена е изградба на двометарска платформа од десната страна на каналот, како и два мостови и два видиковци. Пешачката патека од мостот до Билјанини извори е затворена за користење од започнувањето на градежните зафати во октомври минатата година, што значи дека на предвидените содржини во овој проект се работи скоро 8 месеци. Истиот, градот ќе го чини околу 300.000...
Post Views: 2
Охридските угостители почнаа да ги применуваат новите мерки за заштита од пандемијата кои се на сила од 16 јули. За посетителите да влезат во сите објекти задолжително е поседување на Ковид-19 документи, односно треба да приложат сертификат за вакцинација или сертификат за прележан ковид во последните 45 дена.
Од охридските локали денес се отстранети вчерашните натписи со кои посетителите се информираат дека ќе работат со 30 проценти од своите капацитети за да не бараат ковид документи.
ТВМ ги контактираше менаџерите на кафулињата како ги спроведуваат мерките, но тие...