• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Заштитете го остатокот од Студенчишкото блато, препорачува врвен научник за блатни екосистеми

Заштитете го остатокот од Студенчишкото блато, препорачува врвен научник за блатни екосистеми

Заштитете го  остатокот  од Студенчишкото блато, препорачува врвен  научник за блатни екосистеми.

 |  Валентина Неловска  | 

Заштита и ревитализација на остатокот од Студенчишкото блато, препорачува проф. д-р Јос Ферхуфен врвен научник за блатни екосистеми.

Тој денес го посети Студенчишкото блато и констатира дека е многу важно да се зачува и да не се уништи она што останало од некогашниот поголем  екосистем. Експертот е добро запознает со проектите кои беа најавувани да се реалираат од поранешната влада, за кои агласи дека се крајно штетни за блатото, а може да се спроведат на други локации без негово уништување.

„ Иако некои заговараат дека 5 хектари се доволни за да остане од блатото тоа е мала површина од еден блатен систем кој не толку одмна бил дел од огромна површина. Сметам дека не смее блатото да се деградира. Улогата на блатот е многу голема и повеќе значајна. Блатото покрај тоа што изобилува со бидиверзитет во него има многу животински и растителни видови кои покрај недостокот на блатни системи ги нема на други места“, посочува д-р Ферхуфен.

Прва улога на блатото е биодиверзитетот, но е и пречистувач на водата која влегува во езерото.Има важна улога за зачувување на езерото како важен екосистем за идните генерации. Многу важно е да се едуцираат граѓаните за околината и богатството кое го имаат. Професор Ферхуфен упати препорака што е важно за локалниот економски развој.

„ Развојот би може да се одвива во согласност со природата и формирање на еден Центар за посетители.Тој би бил истражен центар да има туристи илокално населени и деца од училишна возраст за да се запознаат со квалитетот на блатото, со функцијата и намената“, кажа д-р Ферхуфен.

Врвниот научник за блатни екосистеми проф. д-р Ферхуфен, е претседател на Европскиот огранок на Светското друштво на научници за блатни екосистеми и со негови заложби Охрид е избран за домаќин на годишниот конгрес на Европскиот огранок за 2018 година.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top