Post Views: 2
Охридските хотелиери задоволни од летната туристичка сезона. Побарувачката на соба повеќе во јули и август укажува на потребата од изградба на нови хотели, подвлекуваат хотелиерите. Задоволни се од тоа што на охридското крајбржје се враќаат и домашните гости.
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јули 2017 година изнесува 153 435, а бројот на ноќевањата изнесува 584 014.Бројот на туристите во јули 2017 година, во однос на јули 2016 година, е зголемен за 18.3%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 10.9%. За охридските хотелиери овие...
Post Views: 2
Во Собранието изгласан Законот за стечајците погодени од приватизацијата на претпријатија во државна сопственост. Со законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата ќе им се овозможи на околу 3.000 лица да добиваат месечен надомест од по 7.596 денари. Меѓу нив се опфатени и шеесеттина стечајци од еден од доелите на охридски Емо кои отидоа во стечај во април 2017 година. Стечајците бараа од охридските пратеници да издејствуваат измена на предлог законот и да бидат опфатени и тие....
Post Views: 1
На врвот од прироитетните листи во повеќето основни училишта во градот е замена на дотраената дограма. Поставување на современи врати и прозори е приоритет за менаџерите на училиштата кои успеавме да ги исконтактираме.
Силвија Мојсоска директор на ОУ Григор Прличев ја нагласува оваа потреба ,а кажува дека за старата училишна зграда која претрпела помали ошетувања во јулскиот земјотрес добиле препораки да се реконструираат ходниците и ѕидовите. Потреба има и од промена на подни плочки во двете училишни згради, напоменува Мојсоска. Во една од најстарите училишни згради...
Post Views: 19
Поминува уште една летна сезона ,а за туристите и жителите од населбата Далјан и годинава ќе остане со истата слика запуштена околина и плажа. Tие издејствувале да се постават неколку канти за отпадоци на плажата но досега никој не ги празни. За постaвување на клупи за одмор или осветлување на крајбрежјето жителите од оваа населба ќе чекаат до некоја следна сезона. Во мирната населба Далјан која е сместена на североисточното крајбрежје на езерото во лето одмараат повеќе од 10.000 туристи. Меѓу нив е Томислав Спасески од Минхен, Германија. Уметникот Спасески три месеци...
Post Views: 2
Од ОО Црвен Крст организираа уште една успешна крводарителна акција. 40 -тина крводарители ја покажаа својата хумана страна и дарувајќи крв ја поддржаа крводарителната акција, информира Сашо Точков претседателот на ОО ЦК. Во летниот период најголеми се потребите на крв во здравствените установи,а на денешната се приклучија покрај хумани граѓани, поединци така и членови од здружението Методи Патчев и маркетите Тамаро , посочува Точков.
„Ја најавувавме како голема крводарителна акција и ја оправдавме таа придавка. Очекувавме од 20 до 30 крвни едници дека ќе собереме од...
Post Views: 1
Во хотелот Далјан на езерскиот брег со многу насмевки и позитивна енергија глувите и наглувите лица ги одржаа традиционалните „Игри без граници“. Глувите лица се дружат , но ја потсетуваат околината дека сакаат рамноправно да учествуваат во сите случувања во општественото живеење, напоменуава Славица Стефаноска претседател на охридското здружение. На манифестацијата со спортско забавен карактер зедоа учество стотина лица од сите здруженија на глувите лица од земјава и го одбележаа светскиот ден на глувите, појаснува Стефаноска.
„ Сакавме да го искористиме убавото време...
Post Views: 6
Во охридското стовариште има доволни количини огревно дрво, велат од поддружницата на ЈП „Македонски шуми“. Охриѓани кои зимава ќе се греат на дрва имаат на располагање доволно количини на дабово и буково огревно дрво, информира Нада Митреска директор на ЈП Македонски шуми , поддружница Охрид.
„ До почетокот на грејнaта сезона целосно ќе одговориме на нашите обврски кон синдикатите и пензионерите. Има доволно дрва и за нови порачки. Перманентно се носат огревни дрва согласно склучените договори. Дел од населението кое сеуште не одлучило дали ќе користи греење со огрев...
Post Views: 3
На Коселска река и се случува еколошка катастрофа. Во долниот дел од речното корито кај с. Орман нема минимум биолошка вода за опстанок на живиот свет. Еколозите и риболовците од РД Св. Апостол Петар посочуваат дека еко катастрофата се случува неколку години наназад посебно во летниот период. Прстот го вперуваат во несовесното однесување на некои коселчани и во затајување на работата на инспекторските служби.
„Во Косел е изградена брана и водата се пренасочува за наводнување. Ние и еколозите реагиравме и порано да се сруши но досега нема разбирање и тоа нанесува несогледливи...
Post Views: 0
Единаесет одобренија за градба издала општина Охрид во месец декември, минатата година. Според видот на инвеститорот, со одобренија се стекнале 10 физички лица и 1 деловен субјект, со предвидена вредност на објектите од 44.337 денари.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во декември 2021 година, во земјава се издадени 378 одобренија за градење, што е за 23.9 % повеќе во однос на истиот месец од 2020 година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 228 се наменети за објекти од високоградба, 42 за објекти од нискоградба и 108 за објекти за реконструкција.
Од...
Post Views: 0
Незапаметена летна суша во охридско го пеплоса годинешниот род на земјоделските култури. Повеќе од половина од родот со житни и градинарски култури е уништен, кажуваат земјоделците за годинешната лоша реколта од летнината.
„ Од Долно Лакочереј нагоре се паднати водите и овошките останаа без вода. Сушата ќе се одрази и за идната година негативно врз развојот на растенијата и родните папки. Кај житните култури е слаб родот, а за градинарските култури кој – како имал услови за наводнување. Родот е помал заради екстремните високи температури ова лето“, вели охридскиот...
Post Views: 4
Охриѓани на денот на локалните избори, 15 октомври, ќе се изјаснуваат и на референдум дали се за или против прифаќње бегалци. Иницијативата за распишување на референдум на локално ниво ја изгласаа мнозинството советници на ВМРО ДПМНЕ и независните советници во градскиот совет, додека опозицијата беше воздржана. Расправата беше проследена со различни политички гледишта на оваа тема. Советникот од ЛДП Дејан Блажески се повика на член 36 од Законот за референдум како и за начинот и бројот на собраните потписи кои треба да се пред органите на управување, а не на улица и...
Post Views: 5
Откривање на сторителите на пожари, побара струшкиот командир на Противпожарната едница Урим Каба, на денешниот состанок на Советот за првенција и заштита во летниот период. Загрижува фактот што од 298 пожари кои се случиле лани сите се со oзнака непознат сторител, нагласува командирот Каба.
„Огромен број од кои ни еден н е е откриен. Апелирам до надлежните органи овие предизвикувачи на пожари да ги откријат бидејќи е невозможно ние да интервенираме на разни локации. Се соочуваме со застарен возен парк, лимитиран број на вработени и не може да постигнеме на сите...