Oхридскиот совет изгласа иницијатива за референдум за или против прифаќaње бегалци

Мнозинството советници од ВМРО ДПМНЕ во охридскиот совет ја изгласаа иницијативата за распишување на референдум на локално ниво. Расправата на советниците од двата блока дали има или не советот ингеренции да распише референдум со кој граѓаните ќе се изјаснат за или против интеграција на бегалци во нивната средина беше проследена со спротиставени политички гледишта. За опозицијата во советот тоа е само класична манипулација и собирање на политички поени, а за позицијата нема дилема дека граѓаните на оваа тема треба да се изјаснат на општинско ниво.

 |  Валентина Неловска  | 

Охриѓани на денот на локалните избори, 15 октомври, ќе се изјаснуваат и на референдум дали се за или против прифаќње бегалци. Иницијативата за распишување на референдум на локално ниво ја изгласаа мнозинството советници на ВМРО ДПМНЕ и независните советници во градскиот совет, додека опозицијата беше воздржана. Расправата беше проследена со различни политички гледишта на оваа тема. Советникот од ЛДП Дејан Блажески се повика на член 36 од Законот за референдум како и за начинот и бројот на собраните потписи кои треба да се пред органите на управување, а не на улица и по домовите. Смета дек аиницијаѕтивата на советнците од Вмро Дпмне е во прилог на локалните избори со дневно политички препукувања и игнорирање на законските процедури и прописи.

„За мене е спорно дали со закон сме овластени да одлучуваме и да го спроведеме референдумот. Инаку, Нацрт Стратегијата за бегалци спорeд меѓународните конвенции е обврзувачки документ за секоја држава и е јајце на јајце донесена од претходната власта. Сакам да кажам и за новата нацрт стратегија имаше рок до 8 август граѓаните да достават дали се засегнати интересите на општината. Побарав од советниците со што е загрозена општина Охрид , кој побарал парцели но не добив одговор“, истакна Блажески.

Претседателката на Советот Гордана Коњаноска тврди дека нема нарушување на законските процедури. Според неа, Советот, советниците и граѓаните може на секоја важна тема за градот да поднесат иницијатива.

„ Заклучокот за прифаќање на иницијатива на предлог на советничката група од ВМРО ДПМНЕ и одлуката за распишување на референдум е манипулација за начинот и бројотна потписи затоа што не станува збор за постапка за спрoведување на граѓанска иницијатива нити иницијатива на граѓани туку за загрижени граѓани кои дале свој потпис кој беше поттик ние како соетничка група да ја покренеме иницијативата“, образложи Коњаноска.

Илија Арнаудовски , координатор на пратеничката група на Вмро Дпмне со коалиционите партнери и двајца независни советници ги обвини советниците од опозицијата и нивниот воздржан став на денешното гласање за реферндум.Тој ги обвини дека тие во советот се за прифаќање на бегалците во Охрид .

„За нас советниците од Вмро Дпмне, коалиционите партнери и независните советници Љупчо Настоски и Кујтим Усеин, граѓаните на Макеоднија и на Охрид се пред мигрантите. Зошто советниците на Сдсм гласа против референдумот и покрај изјавата на лидерот Заев дека ќе го поддржат“, праша Арнаудоски.

Советникот на СДСМ Јован Стојаноски ги отфрли ваквите обвинувања и рече дека тие се против бегалците и дека станува збор за манипулација и искривување на нивните ствови пред јавноста од опозицијата. Стојаноски упати прашање до истите советници зошто не поднесле иницијатива за неградење станови кога имаше голем број бегалци кои транзитираа низ земјава. Потсети на некои факти усвоени од претходната влада на Вмро Дпмне.

„ Да не се мешаат националната стратегија и градењето на станови. Националната стратегија е истата која владата на ВМРО ДПМНе ја донесе во периодот 2008 -2015 со која се обезебедени локации. Тоа е според меѓународните конвенции и се светски прописи и Македонија како челнка на предпристапниет евроипски фондови мора да ги испочитува и да изгради таква стратегија.Ништо ново нема во Стратегијата донесена од претходната Влада на ВМРО ДПМЕ“, напомена Стојаноски.

По неколку одлагања Заклучокот за прифаќање на иницијатива на предлог на советничката група од ВМРО ДПМНЕ и одлуката за распишување на референдум денес дадоа зелено светло 13 мина советници , двајца беа воздржани, а неколкумина не беа присутни во салата за време на гласањето.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top