11 одобренија за градба издала Општина Охрид во декември минатата година

Општина Охрид издала единаесет одобренија за градба во месец декември. Според податоците на Државниот завод за статистика во земјава се издадени одобренија за градење близу 24 проценти повеќе во однос на истиот месец од 2020 година. Најмногу дозволи за градба се издадени во Скопскиот, а Југозападниот регион е на четврто место од седумте плански региони во земјава.

 |  Валентина Неловска  | 

Единаесет одобренија за градба издала општина Охрид во месец декември, минатата година. Според видот на инвеститорот, со одобренија се стекнале 10 физички лица и 1 деловен субјект, со предвидена вредност на објектите од 44.337 денари.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во декември 2021 година, во земјава се издадени 378 одобренија за градење, што е за 23.9 % повеќе во однос на истиот месец од 2020 година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 228 се наменети за објекти од високоградба, 42 за објекти од нискоградба и 108 за објекти за реконструкција.

Од вкупно 378 објекти, на 226 како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 152 објекти инвеститори се деловни субјекти.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3 837 810 илјади денари, што е за 3 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Најмногу дозволи за градба, 167, има во Скопскиот регион, а потоа следат Полошкиот со 58, Источниот со 43, Југозападниот со 31, а најмалку со 11 одобренија има во Пелагонискиот регион.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top