Post Views: 5
Досегашните фаќачи на крстот донираа вода за пиење за ковид центарот во Општа болница и 1000 заштитни маски во три охридски цркви. Со тоа на празникот Водици му даваат и хуманитарна димензија. Митко Топејнчаров е еден од 15-те мина досегашни фаќачи на крстот. Тој имал среќа дури 5 пати на Водици да го фати чесниот крст во езерските води, а кажува дека со останатите фаќачи без размислување се вклучиле во донаторската акција.
„Иницијативата на професорот Зоран Тунтев едногласно сите ја прифативме да дадеме кој колку може средства и свој придонес, да ја поттикнеме свеста...
Post Views: 5
„Рибарски алманах“ ќе биде прикажан на видео бим на охридскиот плоштад на 19 и 20 јануари за Богојавленските празници. Охридскиот Историски архив и Лајонс клубот Лихнидос направија дигитална верзија на архивски материјал од регистар на лиценцирани рибари кои ловеле на Охридското езеро. Со првата дигитална верзија на алманахот се претставени 150 рибари од вкупно 480 регистрирани рибари. Станува збор за единствен архивски материјал од таков вид во нашата земја од периодот 1934 – 1941 година, информира Никола Митровиќ Бабе, в.д директор на Историскиот архив Охрид.
„Во...
Post Views: 8
Едрличарската школа Снегар од Струга ќе започне со уписи за обука на едриличари. Кандидатите на возраст од 6 до 15 години ќе ги совладуваат едриличарските техники за класата оптимист, а над 15 години за класите Ласер, Европа, Фин, Едрење на даска и јахтинг. Тренери ќе бидат врвни струшки едриличари. Првично ќе ги научат техниките на едрење и правилата, моделарството и психолошки вежби, вели Ердал Љушо инструкторот од ЕК Снегар. Теоретското знаење ќе биде поткрепено и со практични показни вештини.
„Ќе има клубска регата. Додека трае школата на секој две недели ќе има...
Post Views: 4
ЈЗУ Општа болница Охрид ќе ја подновува старата медицинска апаратура. Во тек е тендер за набавка на апарат за ласерско кршење на камења во бубрезите. Современиот апарат чини околку 220.000 евра. Ќе има примена за хируршко лекување на пациентите, информира д-р Горан Балевски, директор на општа болница.
„Тоа е комплетен столб со 4К за ендоскопски, лапараскопски и за ласер хирургија кој ќе може да се користи на повеќе одделенија, хирургија и гинекологија. Но, акцент е сепак на уролошкото одделение за да може да се работи бидејќи досега луѓето одеа на лекување во приватни...
Post Views: 1
Во работна посета на општина Струга денес беше германската амбасадорка Кристине Алтхаузер. Таа се сретна со вршителот на должност градоначалник Мустафа Забзун. Повод беше проектот на германската амбасада во детската градинка „Сонце“.
„Почитуваната амбасадорка учествува во еден проект на детската градинка во Струга од пред една година. Опремувањето на една просторија во детската градинка заврши успешно. Проектот е завршен и денес се дојдени да го финализираме тоа. Разговаравме за општи теми и за ситуацијата во Република Македонија“, рече Забзун.
За жал, во Струга поретко...
Post Views: 2
Споро се одвива изградбата на затворениот пливачки базен во Охрид и реконструкцијата на струшкиот. Срaботени се само 45 одсто од надворешниот дел на градежните работи на охридскиот објект, и на струшкиот се изведени само ископи на долниот дел од базенот, информира Наумче Мојсоски , директор на Агенцијата за млади и спорт, кој од пред два месеци е на оваа фукција. Мојсоски кажува дека со досегашниот изведувач на охридскиот базен е склучен нов договор, на истиот износ од претходниот тендер од 299 милиони денари, а клуч на рака треба да добијат на 31 декември 2021. Мојсоски...
Post Views: 7
Во Охрид досега нема регистиран нити еден електричен автомобил. Регистрирани се само хибридни возила и тоа во многу мал број, едвај само десетина возила, информираат од охридското Автомото Здружение за технички преглед. Охриѓани засега не возат електрични автомобили ама покажуваат интерес за купување, вели Снежана Митреска менаџер од Автосланот „Инсаид ауто“ . Информира дека електричните автомобили досега ги немало во автосалоните во земјава, а на пазарот можеле да се купат само хибридни возила. Од оваа година автосалоните може да увезуваат и да продаваат и електрични...
Post Views: 0
Охридските матични лекари утрово добија препораки за употреба на лекот Ивермектин. Ивермектинот не е на позитивната листа на лекови кои потпаѓаат на товар на ФЗО. Согласно решението на МАЛМЕД, лекот се издава исклучиво на рецепт и чини 300 денари. Препораките за начинот на употреба и дозирање на лекот кај пациенти со Ковид се обезбедени од стручен колегиум на Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија и Ковид центрите на интернистички блок, информира д-р Љупчо Костески претседател на Здружението на Приватни матични лекари од Охрид. Напоменува дека оваа препорака...
Post Views: 5
Да се зачува Охридскиот регион на листата на Светско културно и природно наследство е од голема важност за развојот на туризмот, вели Андон Бојаџи од НП Галичица. Верува дека државата ќе добие поддршка од граѓаните и институциите за да се справи со проблемите за да се зачува Статусот на културно и природно наследство на Унеско. Позитивни сигнали доаѓаат од Министерството за култура. Ресорната министерка најави дека во Охрид, Струга и Дебрца веќе нема да се гради без нивно одобрение и консултација. Бојаџи смета дека треба да се регулираат работите и постапувањата при...
Post Views: 0
На 13 и 14 јануари нема да се одржи Василичарскиот Вевчански карневал. Перо Пешинкоски, од организациониот одбор на Долна маала од Вевчани, информира дека ова е заедничка одлука на нивните два одбори од Василичарските друштва Горно и Долно маало, донесена во интерес на здравјето на граѓаните и почитување на пропишаниет мерки за безбедност од пандемијата со Ковид 19.
„Секој е свесен дека не треба ништо да има. Имавме заеднички состанок со Горна Маала и со МВР. Потврдено е дека нема ништо да има. Дали тоа ќе го почитуваат граѓаните останува на нивна вина. Од наша страна...
Post Views: 4
Обилните дождови на одредени делови во Охрид предизвика проблеми. Граѓани јавуваа за поплавени имоти и подрумски простории, улици и земјоделски површини во населбите Далјан, Туристичка, Железничка, Лескајца и на улиците Марко Цепенков и Кленоец.
Данчо Нически жител на улицата Железничка, се пожали дека реката Сушица му поплавила земјоделски површини со насадени градинарски пластеници.
„Поради неисправност на каналицијата за атмсоферска вода кај мостот се полни цевката со вода од реката. Кај што е пониско преку канализацијата се вливаат водите во нивите. Не е прв пат,...
Post Views: 2
Зимската грејна сезона им носи проблеми на соседите во станбените згради. Чести се појавите на чад во соседните станови заради проблеми со чадоводните канали во зградите или пожари, информира инспекторот Сашо Тодоровски, од Дирекцијата за заштита и спасување. Од дирекцијата која е задолжена и за надзор на заштитата од пожари како причини за ваквите појави ги наведуваат не исчистените оџаци, оштетените чадоводни канали од земјотреси или лошата градежна изведба. Споровите помеѓу станарите често завршуваат и на суд, вели инспекторот Тодоровски.
„Пред да почне употребата...