Post Views: 21
Првата недела во месец октомври во целиот свет се одбележува детската недела. ООУ Св. Климент Охридски не само што посветува огромно внимание на наставата на децата, туку и преку низа активности го одбележа 5 ти октомври – светскиот ден на детето и учителот.
Учениците од Св. Клиемент Охридски добро ги знаат своите права и обврски.
На Генералното собрание на обединетите нации беше донесена универзална декларација за детските права. Токму поради тоа, на 5 ти октомври, во ООУ Св. Климент Охридски вообичаено ги примаат првачињата во детската организација. Тие...
Post Views: 13
Постаментот на кој стоеше бистата на македонскиот револуционер Гоце Делчев во истоименото училиште во Подгорци остана празен. Дознаваме дека уште во четвртокот некој ја извадил, но поради што, се плетат различни приказни.
Едни велат бронзениот споменик тежок 200 килограми бил разнишан и паднал, а други дека намерно бил тргнат. Ни учениците кои секојдневно се собираат околу споменикот поставен веднаш до основното училиште не знаат што точно се случило со бистата.
Спомен обележјето на Гоце Делчев во училиштето е поставено од страна на одборот на манифестацијата „Гоцеви...
Post Views: 4
Причина потпишувањето на меморандумот на соработка помеѓу градоначалникот Александар Петрески и претседателот на СОНК, Ацо Речкоски. Имено на чинот на потпишувањето на овој значаен документ за двете страни и пресс конференцијата потоа како што е ред, беше поканета и седмата сила. Се добро започна и професионално се заврши тематскиот дел, за потоа и овој пат да се испочитува практиката на градоначалникот со која им дозволи на новинарите да поставуваат прашања од интерес на јавноста од различни области. Но ова очигледно им засмета на поединци од СОНК.
„Охридските...
Post Views: 12
Градоначалникот на Охрид Александар Петрески и претседателот на СОНК – Регионален одбор – Охрид, Ацо Речкоски, денес потпишаа меморандум за соработка. Според меморандумот, Општина Охрид ги презема трошоците за превоз на наставниците. Но соработката не е само тоа, туку Регионалниот одбор на СОНК од Охрид и локалната со овој меморандум ја зајакнаа редовната комуникација и се обврзаа дека и во иднина сите проблеми ќе ги решаваат во духот на социјалниот дијалог и ќе преговараат и ќе се договорат за сите прашања кои се од нивна надлежност.
„Во однос на патните трошоци...
Post Views: 1
Привремено стопиран проектот за изградбата на игралиште балон во дворот на ОУ „Григор Прличев“. ТВМ дознава дека проектот за кој се крена доста прашина изминативе денови, само што започна – се прекина. Оваа информација ја потврдуваат од секторот за образование при локалната самоуправа. Раководителот Серафим Наумовски вели дека проектот е само привремено стопиран и дека истиот штом завршат законските постапки ќе се реализира.
„Спогодбено се раскина договорот меѓу двете странки. Постапката со тој чин заврши. Во јавните гласила објавена е објавата за издавање на закуп на ...
Post Views: 6
Од 01 октомви 2012 год. започнува реализацијата на „Отвори врата за иднината“. Од ОО на СДСМ велат дека ова е оргинален проект на СДСМ во 21 годишното повеќе партиско искуство на Р Македонија преку кој за прв пат активистите на СДСМ во периодот од 18 до 21.00 часот ќе ги посетат сите домови ќе чукнат на секоја врата и ќе поразговараат со граѓаните.
„Ќе поразговаат поточно ќе ги слушнат нивните ставови и нивните мислења, нивните предлози. Што е она што треба да се направи за нив, што е она што треба да се направи за нивната улица што е најважното што треба да се направи...
Post Views: 8
„Општинскиот комитет на ВМРО- ДПМНЕ на денешната прес конференција, конечно призна зошто го кочи развојот на Охрид и им прави големи штети на граѓаните. Признаа дека го забавувале процесот за реализирање на капиталните инвестиции како што се катната гаража и автобуската станица, од ситно партиски интереси.
Во ОК на ВМРО- ДПМНЕ треба да знаат дека Деталните урбанистички планови не ги носи градоначалникот, туку Советот на Општина Охрид, по претходно добиени согласности од Министерството за транспорт и врски и други надлежни органи, на чие чело се луѓе од нивната партија....
Post Views: 1
„Откога во 8 години мандат Александар Петрески не успеа да остави зад себе ниту едно капитално дело во Охрид, откога поминаа пред народот сите негови лаги и манипулации, откога беа откриени сите елеманти на коруптивно владеење и незнаење, еве го Петрески во нова мисија на лажење на граѓаните на Охрид. Под превезот на наводна заинтересираност за градот, Петрески со своите соработници на Охрид му се нуди преку наводен Проект за јавно приватно партнерство за изградба на автобуска станица во Охрид. Истата онаа која ја вети пред 8 години и никогашш не ја направи ескивирајќи...
Post Views: 4
Дваесетина дена пред почетокот на грејната сезона ЈП македонски шуми, подружница Охрид забрзано испорачува огревно дрво. Дрва има, велат од таму и во шумата но и во складиштето на ЈП. Што се однесува до проблемот кој претседателот на здружението на пензионерите го најави кога се пожали дека Иако пензионерите уредно си ги плаќаат ратите за дрвата, тие сеуште не им се испорачани, ТВМ денеска успеа да открие каде е проблемот.
„Според договорот склучен во месец март,помеѓу здружението на пензионерите и ЈП македонски шуми подружница Охрид, за овој месец е исполнет, поточно...
Post Views: 3
Оваа препорака доаѓа од вонредната средба на комисијата за заразни болести при министерството за здравство, по двата смртни случаи во земјава од западно нилската треска и неколкуте хоспитализирани пацинети од ова вирусно заболување. Препораките за ново запрашување посебно се однесуваат на општините каде што има дополнителен ризик за развој на ова заболување, во кои спаѓаат Охрид и Струга, затоа што ова се места каде има води, мочуришта, блато, поточно услови за размножување на комарците.
Директорот на центарот за јавно здравје Атанаско Михаилов потполно се сложува дека...
Post Views: 31
Охридскиот здравствен дом по речиси една деценија ќе добие нов персонал, а ќе се поднови и со нови возила. Директорот Митко Дабески за ТВМ откри дека се бројат деновите кога четирите нови современи комби возила марка Пежо, кои ги обезбеди министерството за здравство, ќе ги заменат дотраените Мерцедеси и Лади. Со ова ќе се овозможи охриѓани да добиваат побрза и подобра 24 часовна помош. Возилата наменети за итната медицинска служба во Охрид се дел од проект за набавка на 80 амбулантни возила на ниво на држава, како и едно возило специјално изработено за потребите...
Post Views: 0
Желба на Здружението „Богојавление“ е Првиот човек на најхристијанската земја, претседателот на Русија Владимир Путин, да биде кум на Водици 2013 год. Претседателот на Здружението Љупчо Арнаудов, во името на “Богојавление“ поканата веќе ја испратил до Руската Амбасада во земјава, од каде ќе биде испратена во кабинетот на Рускиот претседател.
„Ова што го бараме од Вас е премногу, но како лидер на најголемата христијанска земја и како искрен почитувач на Бога се надеваме дека ќе ја прифатите нашата молба и дека независно од Вашите бројни обврски ќе смогнете сили денот...