Автор: Маленкова Татјана

protesti JP Biljanini Izvori

Продолжуваат предупредувачките протести пред ЈП Билјанини извори

Post Views: 0 Предупредувачкиот штрајк пред ЈП Билјанини извори продолжува.  Претседателот на синдикалната организација на претпријатието, Зоран Стевоски вели дека ќе протестираат се до исполнувањето на нивните барања.   „ Како синдикална организација испративме барање до сите релевантни фактори односно до бившиот директор, до управниот одбор, до советот на општината Охрид и до градоначалникот на општина Охрид. Сеуште на тие наши барања не е одговорено. Искрено се надевам дека ќе започнат интензивно да работат на решавање на нашиве проблеми“, вели Зоран Стевоски, претседател на синдикалната...

Continue reading

crven krst Ohrid

150 години хуманитарна мисија на Црвениот крст

Post Views: 0 Семејството на Црвениот крст го сочинуваат над 110 милиони волонтери од 187 земји од светот. Денеска празникот со пригодни свечености го одбележаа сите членки во исто време. Охридскиот  Црвениот крст се вбројува во една од најуспешните организации во Македонија. Оваа општинска организација работи со ранливи категории. Помагаат онаму каде што е најпотребно на социјално загрозените семејства, се врши здравствена едукација и се делува превентивно.  За жал сеуште помошта е од граѓаните за граѓаните, затоа што повисоските инстанци во своите програми немаат издвоено средства...

Continue reading

turisti

Трајков најавува поуспешна туристичка сезона од минатогодишната

Post Views: 0 Првомајските и велигденските празници добар показател за тоа каква туристичка сезона не очекува. Првиот човек на агенцијата за промоција и подршка на туризмот Јордан Трајков вели дека очекува зголемување на вкупниот број туристи од Холандија, но и зголемување воопшто на бројот на странски туристи. „Во Македонија мислам дека ќе имаме рекордна сезона и очекувам двоцифрен раст оваа година“, вели Трајков.  Овие негови очекувања и тврдења ги поткрепува со како што вели извонредните 12 кампањи кои ги организирала агенцијата во различни земји. Тој проговори и за иновативните...

Continue reading

parkinzi

Нема улица во центарот на Охрид каде не се наплатува за паркинг

Post Views: 5 Нема место каде не се наплатува за паркинг во Охрид и тоа по 50 денари од час. Граѓаните реагираат и спас бараат од локалната. Првиот човек на Охрид градоначалникот Бакрачески објаснува кој е виновен за ваквиот однос на концесионерот. „Граѓаните многу добро знаат дека со одлука на тогашниот совет на Општина Охрид покрај паркинзите во централното грдско подрачје се проширува паркинг зоната и на останатите улици“, вели градоначалникот. Според него неразумна е одлуката и на советот и на поранешниот градоначалник покрај еден договор со кој беше опфатен плоштадот и неколку...

Continue reading

panoramski avtobus vo Ohrid

Охриѓани го испробаа двокатниот панорамски автобус

Post Views: 22 Денеска свечено беше одбележано примопредавањето на поклонот од Владата на Р Македонија, односно министерството за транспорт и врски, панорамскиот автобус.  „Охрид конечно го доби она што во повеќе наврати беше најавувано и требаше да биде реализирано.  Со овој современ автобус се збогати туристичката понуда на градов, а на туристите  ќе им овозможиме панорамско разгледување на Охрид и околината за прв пат во историјата на градов“, истакна градоначалникот Никола Бакрачески. „Ние сметаме дека поставувањето на една траса односно линија по која ќе се сообраќа овој современ...

Continue reading

crtezi-deca-bogojavlenie

Доделени наградите за ликовниот конкурс на Богојавление

Post Views: 0 Традиционално од минатата година на иницијатива на здружението Богојавление, во соработка со општина Охрид и основните училишта на територијата на општина Охрид се спроведува ликовен конкурс на тема „Богојавление“. Овој конкурс има за цел да ги збогати настаните во деновите за манифестацијата Богојавление, но и да ги мотивира младите од основните училишта да творат.  Од минатата година објавувањето на резултатите и врачувањето на наградите е одлучено да биде на Велики Четврток.За наградените зборуваше уметникот Славко Упевче. „Како и минатата година така и оваа доделуваме...

Continue reading

sednica sovet Ohrid

Охрид ќе добие панорамски автобус

Post Views: 0 Динамична трета седница на градскиот совет. Предложена точка по која советниците требаше да расправаат денеска ,предлог одлука за донесување на годишна програма за поставување на урбана опрема во општина Охрид за 2013 год,  уште на почетокот повлечена од страна на предлагачот, градоначалникот Никола Бакрачески. На местото на ова точка градоначалникот предложи нова и тоа: Предлог одлука за прием  на движна ствар  ниско двокатен автобус од отворен тип,  затоа што како што кажа во градов се пристигнати многу туристи  и се наближува официјлниот почеток на туристичката сезона....

Continue reading

turisti

Првомајските и Велигдeнските празници го наполнаа Охрид

Post Views: 1 „Ако кажеме дека по утрото се познава денот , тогаш ова е утрото на Охрид, а денот е пред нас, а благодарение на вакво утро се надеваме на добра сезона“, вели туристичкиот водич Љупчо Јузмески. Тој открива дека групите кои во моментов се во Охрид се претежно минатогодишни гости во Македонија и тоа од Финска и Данска. Јузмески додава дека годинава имаме повеќе гости од Данска, туристи кои се окарактеризирани како авантуристички настрени и за кои најпривлечни се најновите туристички атракции кои ги нудиме, „Велосипедските тури“,  преку Галичица  до ресен и назад. Покрај...

Continue reading

sela sredba kosovski ambasador

Косовскиот амбасадор во посета на општина Струга

Post Views: 0   Добрососедските односи и соработката во регионот тема на средбата помеѓу Косовскиот Амбасадор Илбер Хиса и градоначалникот на Струга, Зијадин села. Амбасадорот Хиса е меѓу првите дипломати кој лично му ја честитаа победата на градоначалникот и новата функција. „Струга е привлечно место кое косоварите ќе го користат за летување, а изградениот нов пат Косово – Албанија, неможе и нема да биде пречка за Косоварите како дестинација да ја изберат Струга“, рече амбасадорот Хиса. На новинарско прашање, дали и кога би се вовел режим на гранично минување со лична карта, амбасадорот...

Continue reading

trofej

Злато за охридскиот велосипедист Јован Јованоски

Post Views: 6 Охридскиот велосипедист од Екодром, Јован Јованоски го освои златниот медал на трката Водице во рамките од Хрватскиот куп во категоријата јуниори. На трката во Хрватска настапуваа вкупно 250 натпреварувачи, во сите категории, а во категоријата јуниори во која се натпреваруваа нашите претставници беа 23 ца и тоа сите прваци во своите земји.  Јованоски искрен, вели дека очекувал да се видам  на пиедесталот, но дека ќе го освои првото место не. „Патеката можам да кажам дека беше доста техничка, не беше толку захтевна физички колку што беше техничка, нормално тешка , малку...

Continue reading

bazen

Охрид конечно ќе добие затворен базен

Post Views: 16 Финишираат подготовките за изградба на затворен олимписки базен во Охрид. ТВМ дознава дека последната средба помеѓу градоначалникот и претставници од агенцијата за спорт и млади се одржала вчера во Охрид. На оваа средба  прелиминарно била одредена локацијата каде конечно ќе се гради затворениот олимписки пливачки базен кој во неколку наврати беше договаран, ветуван и најавуван. „Наше е сега во наредните неколку денови да ја провериме документација за тоа каква локацијата каква е имотната состојба на локацијата која ние ја одредивме. Според моите сознанија и сознијата...

Continue reading

holngani

Првата група Холанѓани пристигна во Охрид

Post Views: 0 Утрово на аеродромот св. Апостол Павле пристигна правата група холандски туристи за оваа летна сезона.Гостите воодушевени од пречекот, со големи очекувања за она што сакаат да го видат, но и со добри познавања за она што го нудиме како туристичка дестинација. „Во Македонија доаѓам прв пат. Се надевам дека е добро овде. Сите ми велеа, Македонија е одлична земја. Овде сакам да ги видам црквите, иконите… Јас не го познавам овој народ. Сум бил во Ерменија, Југославија, и си реков зошто да не, јас малку знам за овие луѓе. Бев и во Грција и ете токму поради тоа дојдов...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top