Првата група Холанѓани пристигна во Охрид

Погача, сол, вино и торта, зачинето со сплет на Охридски ора, за гостите од Холандија.

 |  Маленкова Татјана  | 
holngani
холангани

Утрово на аеродромот св. Апостол Павле пристигна правата група холандски туристи за оваа летна сезона.Гостите воодушевени од пречекот, со големи очекувања за она што сакаат да го видат, но и со добри познавања за она што го нудиме како туристичка дестинација.

„Во Македонија доаѓам прв пат. Се надевам дека е добро овде. Сите ми велеа, Македонија е одлична земја. Овде сакам да ги видам црквите, иконите… Јас не го познавам овој народ. Сум бил во Ерменија, Југославија, и си реков зошто да не, јас малку знам за овие луѓе. Бев и во Грција и ете токму поради тоа дојдов и сакам да видам се. Се надевам дека сите овде се вака топол народ“, вели еден од гостите.
„Јас многу сум слушал и гледал за црквите иконите во Македонија. Јас и самиот цртам икони, не професионално, но цртам од љубов.   Одамна сакав да ги видам иконите во Македнија, па правев планови како да дојдам веќе две години. За убавините во Македонија ми кажаа пријатели. Една пријателка откако ја посети оваа земја, ми препорача дека овие убавине не смеам а да не ги видам.  Читав и книги од А.Ден Долард каде доста научив за животот овде. Видов дека има и споменик. Овде ќе останеме 8 денови, тоа е кратко време за да видам се, но се надевам дека ќе дојдам повторно“, вели друг Холанганец.

Првата организирана група на холанѓани на аеродромот ја пречекаа градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, на Струга Зијадин Села и амбасадорката на Холандија акредититана во Скопје Маријет holangani aerodromСхурман.  Градоначалникот Никола Бакрачески на гостите им посака пријатен престој во Охрид, незаборавни моменти и убави спомени. Тој потенцираше дека Охрид има многу да понуди, почнувајќи од традицијата, културата, религиозните знаменитости, па се до традиционалната кујна како и богат ноќен живот за оние кои ја сакаат забавата.

„Ние како локална власт ќе направиме се што можеме и што ни е во наша надлежност, нашите гости да бидат среќни и задоволни и да го доживеат Охрид како дестинација која треба да биде повторно посетена и да го препорачаат на нивните пријатели. Чувствувајте го Охрид, како ваш пријател, со кој ќе другарувате во претстојните денови, зошто ги доживуваме нашите холандски туристи како пријатели со кои сакаме да ги споделиме нашите богатства, природни убавини и тајни кои се споделуваат само помеѓу пријатели“, вели градоначалникот Никола Бакрачески.

Во име на Струга и Стружани пред гостите од Холандија се обрати и градоначалникот  Зијадин Села.  

„Ваша екселенцијо, почитувани гости од Холандија, ова е мој втор ден како сум градоначалник на Струга. Струга е градот позади вас и пред мене. Тоа е убав град, имаме езеро имаме река имаме планини, а што е најважно ние сме пријателски народ. Затоа живејте со нас една недела и ќе уживате. И ако нешто не ви се допадне не заборавајте, ова е мој втор ден како градоначалник. Уживајте и пријатен престој“. вели градоначалникот на Струга Зијадин Села.

Холаѓните по подолг период, од пред четири годни започнаа повторно да доаѓаат во Македонија како организирани групи. Првиот човек на агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Јордан Трајков кажа дека лани скоро 8000 туристи од Холандија престојувале во Македонија. Тој додаде дека некои од овие туристи доаѓаче со чартер летови а некои со редовни авионски линии.

„Јас оваа година очекувам зголемување на вкупниот број на туристи од Холандија, но очекувам и зголемување на бројот воопшто на туристи. Мислам дека ќе имаме рекордна сезона. Мислам дека направивме извонредна промотивна кампања. Досега организиравме 12 саеми во различни земји. Брошурите веќе имавте можност да ги добиете. Многу се иновативни и направени се на 13 јазици. Секаде излеговме со јазикот на дадената земја што беше позитивно дочекано таму , со добри штандови, со довбар дизајн на штандот, така да од тие земји каде бевме очекуваме зголемен број на туристи“, вели Јордан Трајков, директор на Агенција за промоција и развој на туризмот.

Инаку според статистиката во текот на 2012 година, во Македонија престојувале вкупно 27.120 холандски посетители и туристи, што претставува 7,6% од вкупниот број на странски туристи во земјата. Ова е најголем број туристи и посетители од странска држава, по оние од соседните земји.  Холандските туристи во текот на 2012 година оствариле вкупно 145.280 ноќевања, што претставува 17,9% од вкупниот број на остварени туристички ноќевања.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top