Автор: Јаковлева Лионела

Дали Охрид летово ќе биде сардисан од комарци

Post Views: 1 Заврши тендерот кој го распиша Локалната за избирање најдобра понуда за дезинсекција на подрачјето на Охрид. Го доби фирма од Кавадарци која понудила толку ниска цена што стручните лица се вчудоневидени како воопшто ќе ги набави потребните средства за вршење на оваа не така едноставна постапка. Години наназад дезинсекцијата ја вршеше Центарот за јавно здравје од Охрид од каде и годинава се пријавиле на тендерот, но не го добиле поради според нив нелојалната конкуренција. Ние секако дека приговаравме на самата постапка и на цената која беше понудена бидејќи со толку ниска...

Continue reading

Охрид сеуште трчаТ

Post Views: 9 Охрид сеуште трчаТ. И по завршувањето на третото издание на Атлетскиот викенд Охрид трчаТ коментарите не стивнуваат, а импресиите се сеуште силни. И покрај дождот кој врнеше за време на целиот настан, се помина беспрекорно. Предизвикот за организаторите беше уште поголем, а учесниците во суперлативи зборуваат за спортската манифестација. Годинава на „Охрид трчаТ“ беа пријавени 1.585 натпреварувачи. Најголемиот дел од нив истрчаа до крај и на двете патеки, едната со должина од 5 километри, а другата со должина од десет километри. На десеткилометарската патека победија...

Continue reading

Отворени врати за менување на платежниот пејзаж

Post Views: 2 „Отворени врати за менување на платежниот пејзаж“. Ова е темата на Дванаесеттата конференција за плаќања и пазарна инфраструктура, којашто ја организира Народната банка на Република Северна Македонија во соработка со Банката на Холандија, а од денес се одржува во Охрид. Претставници на централните банки од евросистемот и на централните банки од регионот на Западен Балкан и Црното Море ќе дискутираат за најновите светски трендови во областа на плаќањата и предизвиците за нивната примена и повеќе клучни прашања поврзани со промените во правната рамка за платежната сфера...

Continue reading

Отворен ден во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“

Post Views: 2 ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ ги презентираше своите можности за образование пред идните средношколци. Денес овој образовен центар беше посетен од повеќе основни училишта во градов пред кои беа истакнати предностите на стручното образование. Акцент беше ставен на дуалното образование кое е спој на теоријата и праксата, а кое од минатата година се спроведува во ова училиште. Директорот Сашо Недески кажа дека преку спојување на образованието и стопанството ќе се обучуваат кадри што им се потребни на компаниите. Брзиот развој на технологијата несомнено бара и брзи промени на...

Continue reading

Охридските пожарникари го прославија денот на пожарникарството во РМ

Post Views: 5 Со звукот на сирените охридските пожарникари го прославија денот на пожарникарството во РМ. На одбележувањето присуствуваше и градоначалникот Константин Георгиески кој им го честита празникот и им посака многу успех, но и среќа во работата која знае да биде и тоа како ризична. Георгиески рече дека соработката на Локалната со Територијалната противпожарна единица секогаш е на завидно ниво и дека така продолжуваат и во иднина. Ние како Локална самоуправа веќе работиме на план за одредена модернизација како и возобновување на материјалните средства, на возниот парк, а и...

Continue reading

Зелено Охридско езеро

Post Views: 8 Зелено Охридско езеро. Овој концепт го протежираат љубителите на едриличарството и тврдат дека од него и езерото и градот ќе имаат повеќекратен бенефит. Прво и можеби најважно е што ќе се заштити езерото од загадување од штетните горива кои ги користат останатите пловни објекти. Будимир Соколовиќ, сопственик на едрилица објаснува дека едрилиците трошат тројно помалку гориво одколку на пример глисерите. Тој го истакна примерот кога на регатата во Хрватска за изминати 500километри потрошиле само 12 литри гориво, а еден глисер толку гориво би потрошил само ако од пристаниште...

Continue reading

Дрворедот на „Македонски Просветители“ е во лоша состојба

Post Views: 18 Граѓаните реагираат дека во градов има се помалку зеленило. На секое сечење на дрво јавноста се побурно реагира и бара одговори дали навистина тоа е неопходно поради нивна старост и опасност од нивно паѓање или тоа се прави поради некои други причини. Од Локалната објаснуваат дека за секое сечење на дрво се води строга контрола. Во одредени случаи може општинската комисија да дозволи отстранување на здраво дрво доклку е на приватен имот и сопственикот имал оправдана причина за тоа. Тука се и активностите за сечење и поткастрување на дрвата според програмата која е направена...

Continue reading

protest struga

Мирен протест поради отстранувањето на времените објекти во Струга

Post Views: 8 За некои од корисниците, овие објекти во најголем дел претставуваат единствен извор на егзистенција. Неодамна Советот на Општина Струга донесе одлука за отстранување на урбаната опрема и времените објекти со цел ставање ред при нивното поставување, но и нивно унифицирање. Корисниците велат дека ако се реализира оваа одлука над 500 лица ќе останат без егзистенција. Советот на Општина Струга  не ги информира досегашните корисниците дали тие ќе имаат  предност при доделување на идните локации и  дали воопшто ќе бидат обештетени оние корисници кои досега од свој џеб платиле...

Continue reading

СВР Охрид го одбележа 7ми мај

Post Views: 32 Денот на безбедноста и македонската полиција – 7 Мај одбележан и во СВР Охрид. На свеченоста присуствуваше и градоначалникот Константин Георгиески кој го истакна значењето на полицијата за безбедноста на државата и градот и уште еднаш ја потенцира сложеноста на овој позив.Вие сте тие кои гарантирате безбедност и сигурност за сите граѓани во едно општество, а наша е обврската во рамки на своите надлежности да обезбедуваме услови и да ги поддржиме Вашите проекти. Соработката меѓу општина Охрид и полицијата секогаш била добра, а така ќе биде и во иднина. Сите заедно ќе...

Continue reading

Охрид обоен и во сино и во црвено

Post Views: 7 Охрид обоен и во сино и во црвено. Синоќа во вториот круг од предвремените локални и од председателските избори, резултатите спротивни. Изборната трка за градоначалник ја доби кандидатот на СДСМ д-р Константин Георгиески, додека на локално ниво на изборите за претседател на државата во Охрид победи кандидатот на ВМРО ДПМНЕ, професорката Гордана Силјановска Давкова.На вонредните избори за градоначалник Георгиески освои 16.523 гласа, а неговиот противкандат од ВМРО ДПМНЕ Митре Милошевски 12.668. Својата воља ја искажале вкупно 30 397 гласачи, а излезеноста беше 58, 12%.На...

Continue reading

Дебата

Post Views: 6 За проблемите со кои се соочува градот и охриѓани како и за можните решенија содржани во изборните програми дебатираа кандидатите за градоначалник на Охрид, Стевче Стевоски од Демократи, Михаил Трендафилов Нанче од ГДУ, д-р Константин Георгиевски од СДСМ и д-р Митре Милошевски од ВМРО-ДПМНЕ. Четворицата од вкупно пет кандидати кои ја прифатија поканата за учество во дебатната емисија на Телевизија ТВМ пред присутните граѓани во салата на центарот за култура Григор Прличев и гледачите на ТВМ ги спротиставија своите ставови и мислења на повеќе актуелни теми. Пред новиот...

Continue reading

Стевоски: Денешниот ден нема да биде ист со утрешниот и ќе дојдат подобри времиња

Post Views: 2 Денешниот ден нема да биде ист со утрешниот и ќе дојдат подобри времиња, ова е животното мото на Стевче Стевоски, кандидатот за градоначалник на Охрид од партијата Демократи. Стевоски основно образование завршил во ОУ „Св. Наум Охридски„ во Пештани, средно полициско училиште завршил во „Елисие Поповски- Марко“ во Скопје по што, во 1987година се вработил како милиционер. Вонредно завршил факултет за безбедност и се стекнал со звање дипломиран правник криминалист на Факултетот за безбедност во Скопје. Желбата за оваа професија ја имал од најмали ноѕе бидејќи секогаш се...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top