Post Views: 2
25 вработени во ЈП „Комуналец“ моментално се на принуден одмор. Следуваат уште два турнуси во месец јануари и февруари кога уште по 25 вработени во ова јавно претпријатие ќе бидат пуштени на 70%. Директорката на „Комуналец“, Елена Скрческа објаснува дека нема место за загриженост бидејќи оваа програма за принуден одмор претпријатието ја спроведува веќе петта година по ред. Причина за тоа е намалениот обем на работа во зимскиот период како и завршувањето на договорите на сезонски вработените. Оваа програма се носи на Управен одбор и сите раководители во претпријатието...
Post Views: 3
Расте процентот на деформитети на рбетниот столб и на стапалата кај децата од предучилишна возраст. Причина за тоа најчесто е нивната слаба физичка активност и неправилно седење и одење , вели директорката на градинката „Јасна Ристеска“, Розе Костоска. После петтата година веќе може да се констатира доколку има деформитет кај некое дете, додава таа. Поради тоа од почетокот на наредната година во оваа предучилишна установа ќе спроведат систематски прегледи за рано откривање на деформитетите на мускулно- скелетниот систем.
Се превземаат чекори зеадно со Центарот за јавно...
Post Views: 6
Точно напладне, претставници од локалната самоуправа, странски делегации, претставници од политичките партии и охриѓани, на градскиот плоштад се поклонија и положија цвеќе пред споменикот на Св. Климент Охридски. Свој настап имаше и црковниот хор на Св. Богородица Перивлепта кои пред присутните гости и изведоа неколку црковни песни. Утрово , граѓаните се поклонија пред моштите на Свети Климент Охридски во црквата на Плаошник каде имаше света литургија, а положија цвеќе и пред споменикот во основното училиште што го носи името на патронот. Во рамките на Светиклиментовите...
Post Views: 1
Во Охрид драстично намален бројот на кражби на електрична енергија. Во изминативе десет месеци регистрирани се само седумнаесет случаи. Портпаролот на ЕВН Македонија, атанас Ковачески вели дека ова е одличен напредок во подигнувањето на свеста кај граѓаните на нашиот град бидејќи минатите години Охрид беше на врвот по регистрирани кражби на електрична енергија.
Вродија со плод сите напори на ЕВН како и контролите наполицијата а пред се измените во кривичниот законик во однс на затворската казна која е пропишана за крадците на ел енергија која порано беше до една а сега...
Post Views: 5
Мапет шоу, пародии, мјузикл, сцена од култниот филм Брилјантин, изведба на странски песни, хитови во седумдесеттите години на минатиот век, беа само дел од богатата програма која посетителите во преполната сала на Центарот за култура „Григор Прличев“ можеа да ја видат по повод патрониот празник на ОУ „Климент Охридски“. Учениците зедно со нивните наставнички, ментори повеќе од еден месец интензивно се подготвуваа за овој настан.
Директорот на училиштето, Јордан Пуроски рече дека оваа година приредбата која ја подготвиле е многу поразлична од се она што претходно било...
Post Views: 3
Лора Лазаревска веќе пет години е врската помеѓу информациите и лицата со оштетен слух. Таа секој ден го толкува Дневникот на ТВМ прилагодувајќи ги вестите за лицата со ваков вид на инвалидитет. Нејзин главен мотив за да се занимава со оваа многу одговорна и тешка професија била подршката и желбата на самите лица кои имаат проблеми со слухот.
Чуството е прекрасно бидејќи сваќаш дека на овие лица им е потребен ваков дневник затоа што за нив претходно беше невозможно да ги разберат вестите без толкувач. Кога решија јас да го толкувам Дневникот на ТВМ имав голема трема...
Post Views: 1
Започна постапката за одземање на мандатите на пратениците од СДСМ. Собраниската комисија за деловнички и имунитетни прашања на денешната седница, на предлог на нејзиниот претседател Александар Николоски, ја утврди Предлог-одлуката за одземање на мандатите на пратениците од опозицијата. Врз основа на Извештајот доставен до оваа Комисија е утврдено дека во периодот од 10 мај до 10 ноември 31 пратеници од опозициската СДСМ не присуствувале, не учествувале, ниту, пак, го известиле претседателот на Собранието дека оправдано ќе отсуствуваат од 40 седници. Но во врска со...
Post Views: 28
Во Охрид од денес започна акцијата Ден на дрвото- засади ја својата иднина. Градоначалникот Никола Бакрачески, претседателката на советот Гордана Коњаноска, секретарот Димитар Спасески и директорите на јавните претпријатија засадија неколку дрвца на кејот на езерото.
Радува фактот што од година во година бројот на заинтересирани лица кои се приклучуваат кон акцијата се зголемува и она што особено треба да се истакне е дека расте свеста на младите генреации за оваа една од позначајните акции на владата, рече градоначалникот Бакрачески.
Утре во рамките на акцијата на...
Post Views: 3
Граѓаните и понатаму ќе чекаат градски превоз под ведро небо. Иако охриѓани со нескриено задоволство дочекаа да профункционира градскиот линиски превоз сеуште мака мачат со тоа што немаат каде да се засолнат кога врне, дува или пече сонце. Неофицијално дознаваме дека и четвртиот тендер кој го распиша Локалната за изнаоѓање најдобар понудувач за замена на старите автобуски постојки, пропадна. Не се пријавил ниту еден заинтересиран. Поставувањето на нови постојки општината оваа година не успеа да го реализира, па овој проект ќе го префрли во програмата за 2015та година. ...
Post Views: 0
Во Охрид во 2014та не е регистриран ниту еден случај на ХИВ СИДА. Последното хив позитивно лице е откриено во април 2013та година. Од почетокот на појавата на епидемијата на СИДА во 1987год, во Охрид се регистрирани 9 случаи од кои осум биле мажи, а една жена и тоа на возраст од 20 до 49 години, а само едно лице е над 55год. Осум од нив починале . Пренесувањето на болеста е хетеросексуално. Во Струга од овај заразен вирус заболеле три лица и сите се починати, а во Дебар едно лице.
Лекувањето на заболените е на инфективната клиника во Скопје и таа редовно ги снабдува...
Post Views: 1
Матурска вечер во Италија. Оваа идеја е на учениците од четврта година во гимназијата Св. „Климент Охридски“ и на нивните родители. Средношколците изработиле анкета која ја спровеле меѓусебно и на која повеќе од 70% се изјасниле позитивно за оваа идеја. Зелено светло за ваков начин на славење на матурската вечер дале и родителите и тоа дури 82% од анкетираните. Веќе е формиран и стручен тим составен од класните раководители од четврта година, од директорката и стручната педагошка службаза спроведување на оваа идеја. Во рок од една недела директорката треба да изготви...
Post Views: 0
Средношколци и студенти од Универзитетот за информатички науки и технологии „ Св. Апостол Павле“, денес се едуцира како да го користат правото за слободниот пристап до информации од јавен карактер. Во организација на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер и општина Охрид, се одржа работилница на оваа тема. На работилницата, претставници од Комисијата ги запознаа учесниците со содржината на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер и искуствата од неговата примена. Тие генерално...