Автор: Јаковлева Лионела

Гастрономите од Македонија се обединија

Post Views: 0 Гастрономите од Македонија се обединија. Од неодамна се формира асоцијацијата „Гастромак“ во која можат да членуват готвачите од државава кои имаат диплома од некое средно стручно угостителско училиште. На ваков начин многу полесно ќе се решаваат нивните проблеми, но и ќе имаат можност да посетуваат разни курсеви, семинари и да разменуваат искуства од областа на кулинарството со нивните колеги од странство. Нас посебно ни е важна соработката со Охрид и охридските гастрономи бидејќи Охрид е еден значаен туристички предизвик  за цел свет и треба во него многу да се вложува....

Continue reading

Шарени чорапи за светскиот ден на лицата со Даунов синдром

Post Views: 7 Анастазија Жупан е млада девојка која ги сака истите работи како и нејзините врснички. Сака музика, обожува да се капи во езерото, да шета по охридската чаршија, да се дотерува, да се дружи со своите пријателки со кои ги споделува своите тајни. Анастазија секогаш е насмеана и ведра и со неа е задоволство да се разговара. Дури тоа ако знаеш можеш да го направиш и на шпански, бидејќи Анастазија има познавања и од овој јазик. Таа е активна и не  бега од обврски, туку ги исполнува со задоволство. Таа е дел од Лајонс клубот „Деница“ каде учествува во сите активности посебно...

Continue reading

sovetnici

Локалната самоуправа нема слух за развој на училишниот спорт, тврди Станкоски

Post Views: 10   Локалната самоуправа не дала ниту денар во 2015та година за развој на училишните спортови, критикува советникот на ВМРО НП, Јоне Станкоски. Тој додава дека тоа е несфатливо бидејќи развојот на училишниот спорт и тоа како е значаен за развојот на децата и на нивната личност. Станкоски вели дека иако биле предвидени средства во буџетот за 2015та година за училишниот спорт, досега не се префрлени на училиштата. Онаму каде локалната треба најмногу да се заложи, а тоа е развојот на децата, таа како да е глува. Не можам да сфатам зошто нема чуство за развојот на училишниот...

Continue reading

Охрид и охриѓани имаат долга традиција за дарување крв

Post Views: 9 Охрид и охриѓани имаат долга традиција за дарување крв. Тие во секоја прилика ја покажувале својата хуманост и ја дарувале течноста што значи живот. Црвен крст Охрид преку најразлични форми на организирање и дејствување, особено внимание посветува на мотивацијата на населението за доброволно дарување крв, што има за цел задоволување на потребните количества од драгоцената течност за пациентите кои се лекуваат во здравствените установи во Охрид. Во охридскиот црвен крст има регистрирани крводарители кои континуирано даруваат крв, па бројките се за секоја почит. Има крводарители...

Continue reading

Во Охрид нема СОС линија за лицата кои се жртви на семејно насилство

Post Views: 7 Во Охрид нема СОС линија за лицата кои се жртви на семејно насилство. Единствената која функционираше во рамките на Женскиот центар „Бисера“ згасна пред неколку години поради немање финансиска подршка од локалната. Членовите на Комисијата за еднакви можности помеѓу мажите и жените која функционира во рамките на Советот на општина Охрид бараат сериозно да се разгледа овој проблем, нагласувајќи дека се поголем е бројот на жени, но и на мажи кои имаат потреба од стручна помош и совет поради трпење семејно насилство. Советничката Жаклина Лазаревска која е член на оваа комисија...

Continue reading

sovetnici

Спортот во Охрид маргинализиран, сметаат опозиционерите

Post Views: 2   Спортот во Охрид маргинализиран, сметаат опозиционерите. Тие на вчерашната седница на совет беа гласноговорни кога дојде на ред точката за Извештајот за работа на Секторот за спорт, млади и невладини организации за 2015та година. Јован Стојаноски од СДСМ рече дека општината за некого е мајка за некого маќеа. Истакна дека дури 80% од средствата од буџетот наменети за развој на спортот во градов одат за РК „Охрид 2013“ или околу 60 000 евра општински пари плус околу 20 000 пари од спонзори, а останатите клубови и спортови не добивале ниту денар. Претседател на клубот...

Continue reading

Општинскиот инспекторат има нов комунален инспектор

Post Views: 8 Гоце Ристески е новиот комунален инспектор при општинскиот инспекторат. Оваа информација ќе е многу корисна за сите граѓани кои имаа комунални проблеми, а немаа каде да се обратат бидејќи во општинскиот инспекторат подолго време немаше назначено лице на ова работно место. Граѓаните реагираа до нашата редакција дека ги пријавувале своите случаи во општината, но истите неможеле да им бидат решени бидејќи немало комунален инспектор. Доколку на одредено работно место нема соодветно лице тоа не значи дека таа дејност или тој простор не е соодветно покриен. Иако немаше комунален...

Continue reading

Кај охридските занаетчии нема интерес за субвенционирање

Post Views: 3 Министерството за економија објави Јавен повик за Субвенционирање на занаетчии и вршители на занаетчиска дејност преку кофинансирање до 70% од докажаните трошоци, но не повеќе од 150 000 денари. Овој повик е согласно Програмата за конкурентност иновации и претприемништво за 2016 година. Право на учество на Јавниот повик имаат занаетчии и вршители на дејност кои не добиле буџетски средства од проектите во 2014 и 2015 година, имаат деловно седиште во Република Македонија и ги имаат подмирено сите обврски кон државата. Знам дека воопшто нема интерес за ова субвенционирање...

Continue reading

Цвеќе, прегратка и убави зборови за жените телесни инвалиди

Post Views: 4   Со цвеќе, прегратка и убави зборови преставниците на локалната самоуправа им го честитаа 8ми март на жените телесни инвалиди, членки на здружението „Мобилност“. Заменик градончалникот Ангел Јанев рече дека ваквите средби им преставуваат задоволство и дека се трудат тие да бидат почести и не само по повод на некој празник. Јанев рече дека локалната и Градоначалникот Никола Бакрачески посебно внимание посветуваат на лицата со инвалидитет и се трудат во рамки на нивните можности да им го олеснат животот. Ние правиме напори да реализираме што повеќе проекти кои се во корист...

Continue reading

Ќе се прави адаптибилна плажа за телесни инвалиди

Post Views: 1 Ќе се прави адаптибилна плажа за телесни инвалиди.  Оваа идеја стара десетина години по се изгледа конечно ќе се реализира. Венко Голабоски, претседателот на здружението на телесни инвалиди од Охрид вели дека проектот е вклучен во нивната годишна програма и е доставен до Локалната самоуправа и дека од таму добиле зелено светло. Голабоски објаснува дека вакви плажи има насекаде во поголемите туристички места во светот. Тој го посочи примерот на Задар каде секое лето го поминува својот одмор. Плажата е со сите потребни помагала за лицата со инвалидитет па тие можат непречено...

Continue reading

Не е избрано идејно решение за преуредување на плоштадот „Св.Климент Охридски“ и плоштадот кај Чинарот

Post Views: 1 Ниту едно идејно решение кое пристигна на Јавниот конкурс што беше објавен во декември 2014 година не ги задоволи критериумите на комисијата за избор за преуредување на централниот плоштад „Св.Климент Охридски“ и плоштадот кај Чинарот, „Крушевска Република“. Право на учество на двата конкурси имаа домашни и странски правни лица регистрирани за вршење на дејноста-предмет на конкурсот и домашни и странски физички лица, дипломирани архитекти или студенти по архитектура. Секој од учесниците имаше право да учествува со по еден труд. На јавниот конкурс за централниот плоштад...

Continue reading

Годинешната програма за поставување урбана опрема претрпе измени и дополнувања

Post Views: 3 Годинешната програма за поставување урбана опрема претрпе измени и дополнувања. Таа содржи голем број новини со кои ќе се подобри урбаното живеење во градов. Најзначајно за граѓаните е што според неа е предвидено на три локации на улицата Македонски просветители да се постават подземни контејнери, а по се изгледа од ова лето ќе се намалат и проблемите со немање јавни тоалети. Тие ќе бидат поставени на неколку локации во градов каде фрекфенцијата на гости е најголема. Планирано е јавни тоалети да се монтираат кај Горна Порта, на Улицата „Кузман Капидан“ кај Плаошник,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top