Post Views: 10
Охридската капетанија подготвена за новата летна сезона. Во тек е набавката на полесен пловен објект од типот гумењак со пластично дно со мотор од 60тина коњски сили кој ќе служи за инспекциските служби. Планирано е да има еден инспектор и еден помошник кои ќе го контролираат езерото, но и останатите водени површини во државава.
Со ова ќе ја подобриме покриеноста на езерото и ќе го зголемиме нашето присуство овде, но и на останатите природни и вештачки езера во државава. За наредната година планирано е да се набави уште еден пловен објект од овој тип и тогаш ќе сме...
Post Views: 4
Галеријата на икони останува во комплексот Св. Богородица Перивлепта. Плановите да се дислоцира на Плаошник нема да се реализираат откако комисијата на УНЕСКО ја стопира градбата на уште по еден кат на објектите кои таму се градат. Од НУ Завод и музеј велат дека од наредната година ќе се инвестира во обновувањето на објектот каде сега се наоѓа галеријата бидејќи планирано е таму да се сместат нови експонати не само од охридскиот регион туку и пошироко. Зачудува податокот што овој музејски простор сега многу малку е посетен од туристите иако во него се кријат икони со...
Post Views: 2
Ќе се санираат објектите на познатиот локалитет Залив на коските. Поради оштетувањата кои ги предизвика невремето кое го зафати нашиот регион пред два месеци неопходно е да се извршат некои поправки на видиковците кои се покриени со шиндра и на дел од објектите на палафитната населба. Тендерот за најдобар понудувач за извршување на овие зафати веќе е завршен, така да нема причина повеќе да се чека за да се започне со работа.
Со работа започнуваме веќе деновиве за зимата да ја пречекаме подготвени бидејќи ако вакви зафати се прават на зима може да дојде до уште поголеми...
Post Views: 2
Познати ди џеи и други атрактивни музички имиња, ќе ја збогатат туристичката понуда претстојнава летна сезона. Со тоа се очекува да се зголеми бројот на гости во Охрид од балканските земји, но и пошироко. Од Локалната информираат дека во соработка со продукциската куќа „Авалон“, дел од концертите веќе се потврдени, а се финализираат преговорите и за останатиот дел од нив.
Под логото „Ohrid calling“, ќе се овозможи настап на светски познати музички имиња во Охрид што е од големо значење за збогатување на туристичката понуда во летната сезона. Понуда за која веруваме...
Post Views: 5
Продолжен конкурсот за обука на невработени лица од машинската и електро сферата, распишан од страна на локалната самоуправа. Граѓаните кои се заинтересирани да конкурираат и кои ги исполнуваат условите, ќе можат да се пријават до 10 јуни. Локалната самоуправа во соработка со работничкиот универзитет „Кузман Шапкарев“ ги спроведува обуките, а тие се прават врз основа на претходни истражувања и анализи на побарувањата на пазарот на труд. Со истражувањето биле опфатени 30 фирми од Охрид, а резултатите покажале дека најбарани профили се од електро и машинската струка, вели...
Post Views: 0
Во државава има се повеќе високообразован кадар одколку стручен кадар. Поради тоа има недостиг во машинската струка, во електро-техничката, градежната струка, нема фасадери ниту плочкари, а се кубури и со готвачи и келнери. Ова го покажало истражувањето направено од страна на Стопанската комора на РМ што било причина за да покренат иницијатива за воспоставување на дуелен систем на образование во средното стручно образование. Тоа значи во образованието да се направи комбинација на теоријата и праксата за да можат учениците кои го завршуват средното стручно образование...
Post Views: 2
Македонија со дел од своето културно наследство и оваа година достојно се претстави во Рим. На манифестацијата организирана во чест на Св.Кирил која годинава се одржа по 48-ми пат, Националната установа „Завод и Музеј“ од Охрид учествуваше со своја изложба на оригинални икони, фреско копии и тематски фотографии. На изложбата во Рим беа преставени вкупно 38 експонати, 18 фреско копии, од кои 16 се на Заводот и Музеј од Охрид, а две од Музејот на Македонија, 5 икони дел од колекцијата на Завод и Музеј, дела од нашето културно наследство од највисока категорија и фотографии,...
Post Views: 5
Голем дел од маркетите и продавниците во градов зеленчукот и овошјето кои се за продажба го имаат изложено на тротоарите кои се наоѓаат пред нив, се жалат потрошувачите. Тие додаваат дека покрај што овие прехрамбени производи се изложени на секакви временски влијанија тие се загадуваат и со издувните гасови од автомобилите кои поминуваат на сообраќајниците. Од Организацијата на потрошувачи на РМ велат дека на ваков начин се крши законот и граѓаните слободно да пријават за сите воочени недоследности при продажба на овошје и зеленчук.
Доколку потрошувачите се посомневаат...
Post Views: 0
Познати се проектите за кои општината одобри финансиски средства по јавниот повик за финансирање на програми и проекти од јавен интерес на општина Охрид за 2016 година. Општината од својот буџет годинава за оваа намена издвои 1 750 000 ден. за 58 субјекти кои се јавиле на јавниот повик.
Сметаме дека оваа сума е пристојна бидејќи ние ги кофинансираме , а не ги финансираме проектите. Се надевеме дека сите учесници на јавниот повик се задоволни од доделените средства за нивните проекти, вели Томе Џамтоски, портпаролот на Локланата самоуправа.
Најмногу проекти со кои е...
Post Views: 4
Тротоарот на дел од улицата „Коста Абраш“ на самиот кеј на езерото повторно узурпиран со урбана опрема. Околните угостителски и хотелски објекти особено во летниот период на овај потег поставуваат маси и столици со што им го попречуваат слободното движење на пешаците. Се наметнува прашањето дали поставената урбана опрема е ставена со дозвола на општината и дали за тоа се плаќа соодветен надомест или некој си зел за право да узурпира јавна површина.
Морам да ви кажам дека екипи од инспекторатот реагирале во два наврати и веќе се отстранети одредени маси и столици од...
Post Views: 4
Коктелот Еден бисер се повеќе баран од гостите. Овој коктел кој пред нова година беше промовиран како автентичен охридски туристички производ си го најде патот до потрошувачите. Неговиот специфичен вкус на вотка со шмек на ванила и сируп од тропското овошје маракуја, неговата тиркизно сина боја и лажицата со оргинален охридски бисер која после останува за тој што го конзумирал пијалокот, се доволна причина тој се почесто да се нарачува од гостите.
Самите охриѓани зимскиот период многу го бараа овој коктел . Изненадувачки е што последниов месец групи на странски туристи ...
Post Views: 2
Настрадаа новите автобуски постојки. Несовесни граѓани ги ишкртаа и ги испишаа со разноразни графити. Уште еднаш се покажа негрижата на охриѓани кон јавните добра.
Го детектиравме тоа уште пред еден месец. Граѓаните долго време чекаа да се постават современи автобуски постојки, а сега некој ги уништува. Ваквото вандалско однесување е за секаква критика. Апелираме до сторителите да не го уништуваат општинскиот имот, во спротивно, ќе следуваат санкции, вели Љупчо Танески од Секторот за комунален развој, сообраќај и патишта.
Најмногу на удар се постојките в долж Булевар...