Автор: Јаковлева Лионела

Во градов има зголемена појава на глодари, се жалат граѓаните

Post Views: 5 Граѓаните од стариот дел на градот се жалат дека има зголемена појава на глувци. Пред еден месец на тоа реагираа и граѓаните од населбата Бараки „Гоце Делчев“ и од  улицата „Дејан Војвода“. Од Центарот за јавно здравје тогаш информираа дека на почетокот на септември ќе се изврши дератизација со кој требаше да бидат опфатени 3000 шахри во охридскиот регион, но досега ваков зафат не е направен. Заради неповолните временски услови не можевме да ја спроведеме дератизацијата на почеток на септември како што беше планирано така да ќе се спроведе во среда, четврток и петок...

Continue reading

Доаѓа време на нова енергија во економската политика во Македонија, тврдат од СДСМ

Post Views: 5   Претседателот на комисијата за економија, Драган Тевдовски денес во посета на Охрид. Тој рече дека со неговиот тим разговарале со сопствениците на мали бизниси и со граѓаните во врска со економската состојба во државава и во градов и речиси сите кажале дека многу тешко врзуваат крај со крај. За да порасне животниот стандард  на мнозинството граѓани кои секојдневно работат и живеат од своите плати, а не од приходи од капитал потребно е да растат платите во Македонија, рече Тевдовски. Тие имаат пакет мерки со кои ќе ја подобрат економијата во државава. Освен што ќе обезбедиме...

Continue reading

Добивањето сместување во државните студентски домови доведено во прашање

Post Views: 2 Добивањето сместување во државните студентски домови доведено во прашање. Некои студенти тврдат дека за да добиеш соба во дом покрај потребната документација наведена во конкурсот треба да имаш и добри врски и соодветна партиска припадност. Од охридскиот студентски дом „Никола Карев“ тврдат дека кај нив немало ниту ќе има вакви случаи. Додаваат дека постапката за аплицирање за сместување во државните студентски домови е крајно транспарентна што нема речиси никакви можности за било каква злоупотреба. Право на пријава во државните студентски домови имаат редовни студенти...

Continue reading

Реакции по забраната за јавно емитување на музички дела на автори членови на ЗАМП

Post Views: 8 Од денес стапи на сила забраната за јавно емитување на музички дела на автори членови на Здруженито за заштита на авторските музички права (ЗАМП). Со ваквата одлука на ЗАМП не смее да се емитува музика во етерот, се додека здружението не ја отповика истата, односно не си ги реши проблемите со Министерството за култура.  Изведувачите со различни реакции, слушателите и гледачите збунети што се случува, а медиумите се уште не знаат како да постапат. „Одговорно тврдам дека ние како медиум, а сметам дека и поголемиот број на радија и телевизии во Македонија, со ништо немаме...

Continue reading

Во Охрид има само три згрижувачки семејства

Post Views: 4 Во Охрид има само три згрижувачки семејства. Центарот за социјални работи преку разни програми прави напори да ги стимулира граѓаните кои имаат можност за тоа да станат згрижувачко семејство бидејќи тоа е вистински благодет за децата на кои им е потребна ваква грижа. Згрижувачкото семејство е најблиската форма до семејството и многу поприфатлива од установите како што се домовите за деца без родители. Неодамна двајца обучувачи од Охридскиот Центар за социјална работа добија посебни сертификати за програмата ПРАЈД што е кратенка од родителски ресурси за информирање, развој...

Continue reading

Охридските и струшките земјоделци ќе се едуцираат за бенефитите од употреба на органското ѓубриво

Post Views: 2 Само со добра едукација и информираност до поголеми приноси во земјоделството. Од тоа колку е плодна земјата зависи дали и какви приноси ќе имаме. Земјодеците многу често поради незнаење ги користат минералните ѓубрива кои ја испоснуваат земјата наместо да ги користат органските  кои се многу поквалитетни и помалку штетни и за растението и за човекот.  Покрај тоа што ќе ја зачуваме почвата и нејзиниот имунитет и плодност добиваме и поздрав производ. ПО трката за храна ние воопшто не внимаваме каква природа и почва понатака ќе оставиме. Земјата мора да се заштити бидејќи...

Continue reading

Оваа недела треба да завршат градежните работи на централниот објект на градинката „Јасна Ристеска“.

Post Views: 3 Се наѕира крајот на градежните работи во централниот објект на градинката „Јасна Ристеска. Уште во текот на летото започна реновирањето на овој објект кој е стар повеќе од педесет години. Беа направени крупни зафати како промена на кровот, уредување на санитарните чворови, средување на занималните и холот. Директорката Розе Костоска заедно со целиот тим настојуваа работите да се завршат до почетокот на новата учебна година, но поради повеќе причини работата се пролонгира. Уште на самиот старт очекувавме дека ќе ни е потребно повеќе време за да ги уредиме работите бидејќи...

Continue reading

Исламските верници од денес го прославуваат Курбан-бајрам

Post Views: 1 Исламските верници денес го прославуваат првиот ден од Курбан-бајрам. Во исламската вероисповест тоа е најголемиот муслимански празник и се одбележува три дена. Уште се вика и хаџиски бајрам бидејќи муслиманите одат на хаџ во Мека. Градоначалникот Никола Бакрачески на сите граѓани од муслиманска вероисповед им го честита празникот велејќи дека градот Охрид отсекогаш бил специфичен, посебен и уникатен поради почитувањето на традицијата и празниците, без оглед од која заедница се тие. Почитувајќи се меѓусебе овој град долго опстојува низ вековите живеејќи сите заедно на...

Continue reading

Охрид никако да го реши проблемот со неколкуте локации во градов кои се собиралишта на нарко зависници

Post Views: 0 Охрид никако да го реши  проблемот со неколкуте локации во градов кои се собиралишта на нарко зависници. Стариот отпад, поранешниот „ Тафтинг“ кај чинарот во Горна влашка маала, карабината до управната зграда на Општата болница и поранешниот објект на МРТВ зад скалестата зграда, објектот на стариот авто-сервис на улицата „ Кленоец“ , приватен објект во населбата Карабегомала се само дел од критичнте места каде најчесто се собираат наркозависници и препродавачи на дрога.  Години наназад се прават напори овие места да се исчистат и уредат, но попусто. Уште минатата година...

Continue reading

Привршуваат работите за ентериерно уредување на Куќата на Робевци

Post Views: 11 Привршуваат работите за ентериерно уредување на Куќата на Робевци. Овие зафати кои започнаа уште пролетта се во рамките на проектот кој е дел од програмата на Владата за обнова на поставките во музеите низ Република Македонија, а за чија реализација од буџетот на Министерството за култура се издвоени три милиони денари. Ентериерното уредување е при крај останува уште да се набават потребните витрини и  до крајот на годината треба се да е завршено. Овој музејски простор треба да се отвори со нови поставки кои ќе бидат многу интересни за посетителите и тоа не само за...

Continue reading

Дали ќе згасне охридскиот атлетски маратон

Post Views: 5 Утре ќе се одржи 30тото, јубилејно издание на меѓународниот атлетски маратон. Ќе се трча 30 километарската патека од Св. Наум до Охрид во чест на 8ми септември Денот на Републиката. Но, оваа спортска манифестација која е една од најстарите во градов може да згасне поради немање финансиски средства. Здружението Охридски Атлетски Маратон 2012 кој е организатор на настанот уште на 15.08 доставило барање до Општина Охрид за таа да застане зад оваа спортска манифестација и финансиски да ја подржи бидејќи општината е генерален покровител на Маратонот, но од општината молк. Сеуште...

Continue reading

Пензионерите до крајот на овој месец треба да ги добијат дрвата

Post Views: 0   Дел од пензионерите кои се снабдуваат со огревно дрво преку Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца стравуваат оваа зима да не останат без дрва. Велат дека минатата година поради недостиг на огревно дрво не им стигнале нарачките па биле принудени да се снаоѓаат како знаат и умеат. Од здружението смируваат дека тоа нема да се случи оваа година бидејќи дрва има доволно за сите. Додаваат дека најголемиот дел од пензионерите кои купуваат дрва преку Здружението на пензионери веќе се снабдени. До крајов на месецов треба сите да го добијат огревното дрво, но доколку ги...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top