• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Охридските и струшките земјоделци ќе се едуцираат за бенефитите од употреба на органското ѓубриво

Охридските и струшките земјоделци ќе се едуцираат за бенефитите од употреба на органското ѓубриво

Охридските и струшките земјоделци ќе се едуцираат за бенефитите од употреба на органското ѓубриво. Кај нас во аптеките сеуште масовно се нудат минералните ѓубрива иако тие се многу поштетни од органските и ја испоснуваат земјата. Проширувањето на пласманот на органско ѓубриво не им оди во прилог на производителите на минерални ѓубрива па затоа процесот оди многу бавно.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Само со добра едукација и информираност до поголеми приноси во земјоделството. Од тоа колку е плодна земјата зависи дали и какви приноси ќе имаме. Земјодеците многу често поради незнаење ги користат минералните ѓубрива кои ја испоснуваат земјата наместо да ги користат органските  кои се многу поквалитетни и помалку штетни и за растението и за човекот.

 Покрај тоа што ќе ја зачуваме почвата и нејзиниот имунитет и плодност добиваме и поздрав производ. ПО трката за храна ние воопшто не внимаваме каква природа и почва понатака ќе оставиме. Земјата мора да се заштити бидејќи таа не е само за денес и утре туку треба да дава род уште многу години. Ништо не добиваме ако само неколку години нешто ќариме плус во реколтите во производството, а почвата ја изгуби плодноста и имунитетот,а културите се подложни на многу почести заболувања, вели земјоделецот Ванчо Стојаноски.

Денес имаме скоро 100% замена на класичните минерални ѓубрива со органски ѓубрива, но ретко кој од земјоделците знае за тоа. Затоа мора  нешто да се направи натој план. Земјоделците кога ќе одат во аптека најпрво треба да побараат органско ѓубриво, а дури ако нема тогаш да употребат некое минерално и тоа во строго ограничени количини, вели Стојаноски.

За жал јас ќе кажам дека  нашите дистрибутери кои ги снабдуваат земјоделските аптеки не се баш снабдени со органски ѓубрива бидејќи ако ваквите ѓубрива помасовно се употребуваат тогаш им се руши бизнисот на оние кои произведуваат минерални ѓубрива. Затоа најчест свесно не се насочуваат земјоделците да користат органски ѓубрива туку и понатаму масовно се нудат минералните, вели Стојаноски.

Земјоделците не ги користат органските ѓубрива најчесто поради неинформираност за нивниот позитивен ефект врз културите, но многу често и поради нивната цена. Тие се нешто поскапи од минералните, но треба тука да се земе фактот дека ефектите од употреба на органските ѓубрива се многу поголеми и тоа на подолг рок. Со цел да се запознаат охридските и струшките земјоделци со бенефитите од користењето на органско ѓубриво еколошкото друштво „Грашница “заедно со земјоделската задруга „Охридска цреша“ ќе одржат трибина на тема „Добри практики во земјоделието“. Проектот е финансиран од надворешна фондација преку мрежата за рурален развој во Македонија.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top