Post Views: 2
Градоначалникот Никола Бакрачески денес направи преглед на позначајните активности во изминатите години од развојната програма реализирани во Секторот за туризам како и преглед на позначајните проекти изработени и реализирани во соработка со различни меѓународни, европски и национални фондови, институции и организации. Тој истакна дека во 2016 година во фокусот на вниманието биле активностите за целосна реализација на веќе добиените меѓународни проекти од различни европски фондови како што се големите инфраструктурни зафати од проектот Вотернет со вредност од 210 000...
Post Views: 2
15те нови вработувања во ЈП „Охридски Комуналец“ и 11 те во ЈП „Градски пазар“, главна тема на дискусија на денешната 66та седница на градскиот совет. Советниците од опозиционите партии жестоко реагираа на предлог Одлукате за давање согласност на Одлуката за усвојување на годишниот план за вработување во ЈП „Охридски Комуналец“ и ЈП „Градски Пазар“ за 2017 година. За нив е нелогично како овие две јавни претпријатија кои не остваруваат нови приходи поради што одвај врзуваат крај со крај бараат да вработат нови лица. И во двете претпријатија дел од вработените континуирано...
Post Views: 15
Локалната издвои уште 2 милиони денари за изградба на пешачката патека Канео – Лабино – Кошишта. Со ова ќе се заокружи проектот со кој треба да се уреди просторот околу Самоиловите тврдини, кој е се поатрактивен за туристите кои доаѓаат во Охрид. Но опозиционерите реагираат дека општината не го информирала Советот за што конкретно ќе бидат наменети овие средства.
Овие два милиони денари треба да бидат прикажани транспарентно и да биде кажано како и каде ќе се потрошат. Ова треба да биде дел од една годишна програма. Не смееме паушално да издвојуваме пари...
Post Views: 3
Второто полугодие во сите училишта во Охрид започна без никакви проблеми. Навреме е извршена дополнителната дезинфекција на просториите што беше препорака од Комисијата за заразни заболувања поради зголемената појава на грип.
Во текот на вчерашниот ден сублимиравме и речиси и да немаше отсутни. Секако добре дојдена беше и паузата која ја имавме за зимскиот распуст така што второто полугодие почна во најдобар ред,. Доколку и понатаму има некои инструкции или ние сами осетиме дека се зголемува бројот на ученици заболени од грип ќе преземеме дополнителни мерки, вели Тони...
Post Views: 4
Охридската фирма „Експрес Димакс“ при пообилни врнежи од снег ќе ги чисти населбите северно од булеварот „Железничка“, улиците под булеварот „Железничка“, и селата во рамките на Националниот парк Галичица. Ова фирма беше единствена која се јави на врториот јавен повик кој го распиша општината. Локалната уште пред еден месец го распиша првиот тендер за изнаоѓање фирми кои ќе се нафатат да ги исчистат патиштата во руралните средини од снег и мраз и за таа намена од буџетот издвои 1 500 000 ден. Тендерот се состоеше од четири дела, но тогаш само четвртиот кој ги опфаќаше...
Post Views: 2
Пропадна тендерот за поставување урбана опрема на улицата „Ванчо Николески“ и Кеј „Македонија“ наспроти хотел Палас. На првата локација со површина од 64м2 предвидено е детско игралиште за забава на отворено, а на другата локација со површина од 40 м2 на местото на постоечкиот шанк познат како Сквер Жиголо, предвиден е покриен или непокриен шанк. Општината по втор пат распиша јавен повик за овие локации.
Немаше пријавени на тендерот. Деновиве е повторно распишан јавен повик кој ќе трае до 13ти февруари. Останува јавниот повик со истите услови и сигурни сме дека на повторниот...
Post Views: 3
Јапонски научници ќе ги споделат своите искуства со нивните македонски колеги во областа на заштита на едно од најпознатите нивни езера, а тоа е езерото Бива. Ова природно езеро е национално богатство на Јапонија заштитено со закон и меѓународни конвенции и организации, меѓу кои и УНЕСКО. Тоа е значаен воден ресурс кој со вода снабдува околу 15 милиони жители во префектурата Шига. Езерото е од тектонско потекло и се проценува дека е старо околу 4 милиони години. Се протега на површина од 670 километри квадратни и изобилува со жив свет. Тука живеат 58 ендемски видови,...
Post Views: 10
На последното истражување на Центарот за граѓански комуникации од Скопје, меѓу 81 општина, Град Скопје и 15 министерства, Општина Охрид е на седмото место на рангирање на генералната скала за транспарентност. Прва според истражувањето е општината Крива Паланка. Охридскиот градоначалник Никола Бакрачески рече дека истражувањето покажало дека според индексот на активна транспарентност во 2016 година, Општина Охрид во околу 70% проценти ги извршувала своите обврски кои ги имала во областа на транспарентност, со што ја добила оценката добро.
Да бидам искрен рангирањето...
Post Views: 4
Јасмина Маркоска по се изгледа ќе биде замената на советничката Жаклина Лазаревска која од редовите на СДСМ речиси четири години го застапуваше гласот на граѓаните во општинскиот совет. На Лазаревска и престанува мандатот како советник бидејќи ќе седне во собраниските клупи како пратеник од 5ИЕ. Маркоска ќе го добие советничкото место бидејќи таа е наредна жена на листата за советници, а според принципот на рамноправна застапеност на двата пола во советот Лазареска треба да ја замени нејзина колешка, а не колега. Мандатот на нејзиниот наследник ќе биде верификуван на...
Post Views: 7
Ниските температури, мразот и снегот кои го зафатија нашиот регион ги вознемирија земјоделците. Стравуваат каков ќе биде приносот на земјоделските производи, а и колкава ќе биде штетата врз овошките. На ниските темпаратури најотпорни се житните култури. Од нив најиздржлива е пченицата потоа, ржта па на крај доаѓа јачменот. Пченицата може да издржи и до -25 степен, а јачменот до -10, но само кога станува збор за сертифициран семенски материјал кој што не е селектиран за отпорност на ниски температури.
Позитивно е тоа што имавме една релативно добра снежна пшокривка...
Post Views: 1
После премиерата на претставата „Стари времиња“, проектот „ИмпроВокација“ – серијал на една нова форма театарски импровизации на актерите, како и детската претстава „Убавицата и ѕверот“, следува уште една премиера. Актерите од охридскиот народен театар во подготовка на претставата „Парламентарки“, според Аристофановата “Жени во Народното собрание”. Претставата е во режија на Ненад Витанов, а ќе биде изведена кон средината на април. Денес глумците ја имаа првата читачка проба за оваа престава.
Post Views: 1
Се е подготвено за големиот христијански празник Богојавление- Водици. Градоначалникот Никола Бакрачески рече дека општината заедно со јавните претпријатија ги завршија и последните подготовки за утрешната црковно-народна манифестација и се заблагодари на сите кои несебично помогнаа за и оваа година празникот да измине во најдобар ред и организација. Чествувањето ќе започне рано наутро со свечените литургии во сите храмови во градов по што во 9.45 литиите од црквите ќе се упатат на градското пристаниште каде во 10 часот ќе се изврши фрлањето на светиот крст во водите...