Градоначалникот Никола Бакрачески со отчет пред граѓаните

Развојните програми реализирани во Секторот за туризам, денес пред очите на јавноста. Градоначалникот Никола Бакрачески даде отчет што се е реализирано досега и кои  се проекти се завршени како резултата на работата на ТЛЕР. Тој кажа дека минатата година Охрид како никогаш досега бил застапен во странските медиуми што е добра промоција за еден туристички центар како што е тој.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Градоначалникот Никола Бакрачески денес направи преглед на позначајните активности во изминатите години од развојната програма реализирани во Секторот за туризам како и преглед на позначајните проекти изработени и реализирани во соработка со различни меѓународни, европски и национални фондови, институции и организации. Тој истакна дека во 2016 година во фокусот на вниманието биле активностите за целосна реализација на веќе добиените меѓународни проекти од различни европски фондови како што се големите инфраструктурни зафати од проектот Вотернет со вредност од 210 000 евра од кои 150 000 евра беа за Општина Охрид со што се изградија 200 м пешачка патека на потег Парк – Канал Студенчишта во вредност од 114 304 евра, набавен е информативен туристички киоск во вредност од 9 000 евра и изработени се промотивни штандови, билборди, промотивен материјал. Од програмата на ИПА за 2016-та исто така е реализиран и проектот за Поддршка на прекугранично претпиемништво, во вкупен износ од 184 958 eвра од кои 74500 евра за општина Охрид. Минатата година е одобрен и е во фаза на реализација проектот за активен туризам Лактив туризам  во висина од 30 000 евра.

Би сакал да потенцирам дека, вкупната вредност на добиени грантови средства во периодот од 2013 до сега ја надминува бројката над 1.100.000 Евра.Воедно, на различни отворени повици на Европските фондови, донатори, амбасади и институции, во 2016, од страна на проектните тимови во секторот за ТЛЕР се подготвени повеќе проектни апликации и концепти и истите, меѓу другите, се аплицирани и во следните програми: INTERREG Balkan-Mediterranean 2014-2020, IPA II Cross-Border Cooperation Programme помеѓу Грција и Република Македонија 2014-2020, IPA II Cross-Border Cooperation Programme помеѓу Aлбанија и Република Македонија 2014-2020. Вкупниот буџет за Општина Охрид на аплицираните проекти, кои според неофицијални информации се наоѓаат во финална фаза на пред селекција, изнесува 879.000 евра, рече Бакрачески.

Бакрачески рече дека многу проекти се реализирани и во руралните средини. Она на што сите ние сме особено горди и претставува најголема сатисфакција за локалната, но и за сите граѓани на Охрид се превземените активности и добиените резултати во делот на интензивната и успешна туристичката- промоција на градот Охрид, рече градоначалникот. Во 2016 година Охрид беше најзастапен на светските пишани и електронски медиуми, додаде тој.

Промотивните активности кои се преземаат се директен фактор за зголемување на интересот на странските туристички работници, како за инкорпорирање  на Охрид во структурата на своите пакет аранжмани, така и за отварање на нови директни авио линии кон Охрид. При тоа, направени се повеќе директни таргетирани промотивни настани на Охрид, и тоа во Прага, Виена, Стразбур, Белград,ДАлијан, тел авив, Ниш, Сараево, рече Бакрачески.

Бакрачески истакна дека превземените активности  резултирале со перманентен раст во посетеноста и на домашните и на странските туристи со реализирани над 830.000 ноќевања од над 230.000 гости во 2016та година. Во последните 3 години, не само што е стабилизиран бројот на домашни туристи, туку нивниот број значително се зголемува, истакна градоначалникот

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top