Post Views: 11
Малите и средни претпријатија од регионов бараат начини како да си го подобрат бизнисот и да се зголеми растот на економијата во државава. Една од можностите за тоа е усогласеност на компаниите со законската регулатива и поттикнување на бизнис секторот со свои предлози да помогне во подобрување на легислативата. Во рамките на проектот „Партнерство за подобра бизнис регулатива“ кој е подржан од УСАИД е тема на информативните сесии кои се одржуваат речиси во сите градови низ државава. Денес домаќин беше Охрид.
Дури 70% од компаниите, што се целна група на овие сесии,...
Post Views: 1
Основното училиште „Ванчо Николески“ од Лескоец цел на вандали. Искршени се клупите во дворот, рипстолите и другите реквизити кои учениците ги користат за рекреација кога се на одмор или пак на часовите по физичко воспитување. Директорката вели дека проблем е што училишниот двор не е заштитен па несовесни граѓани во вечерните часови влегуваат и кршат и уништуваат.
Имаме покренато иницијатива за да ангажираме чуварска служба или да поставиме видео надзор. Ништо мора да преземиме бидејќи ова не е прв пат да ни се уништуваат реквизитите. Вршиме често поправки, но несовесни...
Post Views: 0
Maси и столици на тротоарите, а пешаците на коловозот. Со првите сончеви зраци се врати и старата слика на улицата “Коста Абраш“, пред рестораните „Александрија“ и „Чун“. На ова место има и огромна фрекфенција на пешаци кои се приморани да се движат по коловозот затоа што тротоарите се пренаменети во тераси на угостителските објекти. Твм во повеќе наврати на барање на граѓаните пишуваше за овој проблем. Но, Локалната не презеде никакви мерки за негово решавање.Твм побара информација дали угостителските објекти на овој дел од улицата Коста Абраш имаат дозвола за поставување...
Post Views: 0
„Едно капаче – Една надеж“. Еколошиот одбор, сите вработени и ученици од ОУ „Ванчо Николески“ од Лескоец заедно со подрачните училишта во Куратица, Ливоишта и Косел се придружија кон оваа хуманитарна акција која ја иницираше Македонска Медицинската студентска асоцијација. Треба да се соберат 250 килограми капачиња кои ќе бидат испратени во Турција и кои ќе бидат рециклирани. За возврат се добива една инвалидска количка која ќе биде донирана на семејство кое има потреба од истата, а нема финансиска можност самостојно да ја обезбеди. Учениците од овие училишта сесрдно...
Post Views: 2
Природните убавини на Охрид, културното богатство како и посебната гастрономска понуда повторно го освојуваат српскиот туристички пазар. Општина Охрид преку штандот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија, успешно се престави на најголемата туристичка смотра на Балканот, Белградскиот саем за туризам кој се одржа од 23 до 26 ти февруари а на кој се претставија преку 1200 излагачи од целиот свет. Во текот на четирите саемски денови претставниците на општина Охрид преку видео презентација и печатен материјал пред посетителите и претставниците...
Post Views: 2
Комисијата за млади и спорт, заедно со градоначалникот Никола Бакрачески да ги разгледа случувањата со Веслачкиот клуб „ Југ“ и да предложи мерки, како Локалната самоуправа може да придонесе за спас од згаснување на најстариот спортски клуб во Охрид. Ова барање го достави советникот Јоне Станкоски на денешната, 68ма седница на совет. Toj предложи како дополнителна точка на дневниот ред да се стави и точката за добивање информација за преземените активности од градоначалникот околу случувањата и проблемите со извршителите и финансиските проблеми на веслачкиот клуб „Југ“....
Post Views: 5
Со полагање свежо цвеќе пред спомен обележјето на Христо Узунов во дворот на училиштето денес започнаа активностите за одбележување на патрониот празник на ОУ „Христо Узунов“. Оваа година се одбележуваат 112 години од смртта на Узунов а училиштето одбележува и 40 годишен јубилеј. Покрај делегација на училиштето, предводена од директорот на училиштето, Тони Симоновски, свежо цвеќе на бистата на Узунов положија заменик градоначалникот на Општина Охрид, Ангел Јанев, советниците при Советот на Општина Охрид, Јованка Точко и Дејан Пановски, здружението „Mетодија Патче“– Охрид,...
Post Views: 0
Слепите лица и лицата со оштетен вид можат да ја почуствуваат културата. Завод и музеј Охрид заедно со Здружението за слепи лица од Охрид уште пред три години изработија проект со наслов „Допри ја културата, почувствувај ја уметноста“. Со него требаше да им се овозможи на слепите лица и лицата со оштетен вид подобар пристап до просториите со музејските збирки и експонати во Охрид. Идеата за еден ваков проект потекнала од проблемите со кои се соочило охридското здружение на слепи лица кога поголема група на слепи лица и лица со оштетен вид кои биле гости во нашиов град...
Post Views: 3
Денес е меѓународен ден на бармените. Професија која е многу важна за еден угостителски објект да работи успешно и да има свој уникатен имиџ. Во охридските кафулиња има многу мал број бармени кои си ја знаат својата работа. Драган Тоскоски речиси две години работи во Лаунџ барот Објектив и е еден од оние луѓе кои професионално ги подготвуваат коктелите кои ги бараат гостите. Кажува дека многу си ја сака работата, но дека кај нас тешко е да се усовршуваш.
Треба доста време за да се стигне до звање бармен, но и праксата е многу важна. Се снаоѓаме. Тешко е бидејќи кај...
Post Views: 0
На денешен ден е роден големиот револуционер, Христо Узунов. Оваа информација која е пласирана во јавност е неприфатлива за поголемиот број историчари. Тие велат дека единствен автор кој 22 февруари 1878год. го смета за роденден на Христо Узунов е првиот библиограф на Узунов, а тоа е Анастас Митрев кој 1953год. ја објавил монографијата за овој наш револуционер.
Сите подоцнежни податоци кои ги имаме, белешки и објавени научни дела за роденден на Христо Узунов го одбележуваат датумот 22 октомври 1878год. Тој датум не се зема паушално туку се заснова врз голем број податоци,...
Post Views: 3
Охридската јавност и локалната власт набљудувачи на случувањата со драстично намаленото ниво на водата во езерото. Иако во изминатиов период имаше многу коментари за тоа што му се случува на езерото, се доби впечаток дека охриѓани своето непроценливо богатство се спремни да го бранат на социјалните мрежи. Инертни останаа и советниците кои иако можеби немаат директни ингеренции во врска со езерото не свикаа барем една вонредна седница на совет на која ќе се дискутираше на оваа тема.
Јас сум запрепастен од реакциите на многумина кои членуваат во советот од неколку аспекти....
Post Views: 13
Дебрчани ќе протестираат. Од здружението на граѓани Песочан информираат дека во недела во 10 часот ќе одржат мирен протест во Ново Село покрај бензиската пумпа, против изградбата на асфалтна и бетонска база и сепарација во местото викано Царополе. На протестот ќе биде побарано од надлежните институции да ги преземат сите потребни мерки против изградбата на базите и зачувувања на животната средина. Доколку градежните активности продолжат, месното население најавува дека ќе се почне и со порадикални мерки, односно блокирање на патниот правец Охрид-Кичево. Градоначалникот...