Автор: Јаковлева Лионела

Охрид се гради

Post Views: 8 Во Охрид интензивно се гради сред сезона.До реадакцијата на ТВМ телевизија од почетокот на јуни месец редовно стигнуваат реакции од граѓани дека во центарот на градот на неколку локации се гради дури и ноќе до раните утрински часови. Најреволтирани се станоиздавачите од мал обем , на кои им заминуваат туристите кои платиле апартман за да одморат а не да слушаат мешалки за бетон и да голтаат прашина. Всушност тоа и беше мотивот на градскиот совет кога пред десеттина години донесе забрана за извршување градежни работи за време на летните месеци во интерес на туризмот....

Continue reading

Подземните контејнери, проблем за ЈП „Охридски Комуналец“

Post Views: 2 Новите подземни контејнери кои неодамна беа поставени наспроти маркетите Тинекс и Рамстор, нов проблем за ЈП „Охридски Комуналец.“ Иако во нив се одлага голем дел од отпадот кој граѓаните, кафулињата и останатите угостителски објекти како и маркетите во овој дел од градот го создаваат, добар дел од отпадот завршуваше и пред контејнерите. Несовесните го оставаа пред нив правејќи цела планина од смет и создавајќи грда слика во центарот на градот. Имавме проблеми посебно во ноќните часови кога се оставаа цели вреќи со отпад до самите подземни контејнери поради тоа бевме...

Continue reading

Ајдарски од Бугарија е победник на Меѓународниот Олимписки Пливачки Маратон

Post Views: 2 Венцислав Ајдарски од Бугарија е победник на првиот Меѓународен Олимписки Пливачки Маратон на 10 километри што денеска за првпат се одржа во Охридското Езеро. Тој беше најбрз од дванаесетмината пливачи од 6 земји, кои точно на пладне влегоа во водите на Охридското Езеро на Градскот Кеј кај старото пристаниште. Условите за овој маратон беа идеални, исто и организацијата, водата беше прекрасна. СЕ чуствувам многу убаво после испливаната десет километарска патека и повторно би дошол да пливам на овој маратон, рече првопласираниот,Венцислав Ајдарски. Боите на Македонија...

Continue reading

Матурантите и официјално и кажаа збогум на гимназијата

Post Views: 12 Матурантите од охридската гимназија синоќа и официјално се простија со нивните средношколски денови и со оваа образовна институција во која ги поминаа можеби најубавите години од нивниот живот. Со традиционално фрлање на капите и свечено доделување на дипломите тие ставија крај на едно поглавје во кое многу научија, но и си ги отворија вратите за уште многу да учат и да се надоградуваат и како личности, но и професионално. На свеченоста присуствуваше и градоначалникот Никола Бакрачески кој на матурантите им порача секогаш да бидат оптимисти, да веруваат во своите потенцијали...

Continue reading

Есенва ќе се шетаме по уредена патека до Билјанини извори

Post Views: 1 Пешачката патека од мостот према Билјанини извори полека ама сигурно го добива својот лик. Патеката е долга 600 метри, а за нејзината изградба Локалната самоуправа обезбеди 20.000.000 денари буџетски средства. Интензивно се работи на нејзиното уредување бидејќи рокот за комплетна реализација на овој проект е 12 месеци. Градежните работи започнаа во октомври минатата година. Патеката требаше побргу да биде пуштена во употреба, но поради некои технички проблеми работите се пролонгираа. Динамиката сепак е запазена и таа ќе биде пуштена во употреба до крајниот рок. Јас се...

Continue reading

Традиционална крводарителска акција по повод празникот Св. Климент Охридски

Post Views: 4 Охриѓани, но и гостите кои доаѓаат во градов уште еднаш ја покажаа својата хуманост. Денес тие даруваа крв на традиционалната крводарителска акција која секоја година се одржува по повод големиот празник посветен на патронот на Охрид, Св. Климент Охридски. Очекуваме да се реализира очекуваниот број на крводарувања и засега сме задоволни. Има и млади крводарители кои секоја година, традиционално даруваат крв на истиот ден, вели, Сибел Доко, волонтер во ЦК. На оваа крводарителска акција се собрале повеќе единици од планираното, а радува и фактот што се поголем интерес...

Continue reading

Охрид обоен во боите на Барса

Post Views: 3 Охрид обоен во боите на Барса. Од 21 до 27 август ќе се одржи летен камп на Барселона. Започна брендирањето на СРЦ „Билјанини Извори“ и терените за фудбал во боите на овај светски позанат клуб. Овој настан го става Охрид на мапата на светските градови кои биле домаќини на еден ваков фудбалски камп кој е привилегија за градот. Сето ова е резултат на ангажманот на Локалната и спортските работници кои изминативе 4 години ги презедоа во делот на развојот на спортот, истакна на денешната прес конференција градоначалникот Никола Бакрачески. Изградени се голем број спортски...

Continue reading

Локалната интензивно гради и за време на летната сезона

Post Views: 7 Се уредува тротоарот и велосипедската патека на булевар Туристичка, наспроти музичкото училиште. Тоа е дел од програмата на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици. Со неа е предвидено тротоарот од пресекот на булевар Туристичка до улицата Асном, во должина од 415 метри да биде реконструиран и да биде направен на исто ниво со велосипедската патека со што ќе се добие поголем простор, а и безбедноста на пешаците и велосипедистите ќе биде подобрена. Граѓаните велат дека добро е што тротоарот ќе се реконструира, но стравуваат дека дрворедот кој се наоѓа таму ќе...

Continue reading

Просторот околу маркетот Рамстор во Охрид, и ова лето наликува на пазар или панаѓур

Post Views: 0 И ова лето граѓаните реагираат дека просторот околу маркетот Рамстор е несреден и натрупан со пакети , палети и стока. Местото на производите им е на рафтови или во магацин а не околу маркетот, на тревникот и тротоарот. Сето тоа создава една грда слика во самиот центар на туристички Охрид веднаш до градскиот плоштад и Летница. Граѓаните секое лето реагираат на ваквата пракса на Рамстор да ја чуваат стоката околу самиот маркет . Не ретко се сличува и на температура од над 30 степени, изложени на сонце и светлина да се чуваат цели палети со вода и безалкохолни пијалоци....

Continue reading

Новата патека од мостот до хотел Парк веќе не личи на нова

Post Views: 21 Патеката од мостот до хотел Парк по која секојдневно минуваат голем број граѓани кои ја користат за рекреација, но и како пат кој води до најблиските плажи, од кога се направи не е воопшто измиена. Остатоци од сладолед, овошје, стакло и други отпадоци оставиле зад себе несовесни граѓани. Од Локланата велат дека службите на ЈП „Комуналец“ од 5 часот наутро до 9 часот ја чистат патеката и ги отстрануваат отпадоците, ги празнат корпите и контејнерите и го одлагаат сметот на паркинг просторот кај Центарот за обука на вода од каде се подига, но признаваат дека патеката не...

Continue reading

Полека згаснува бродската линија Охрид- Поградец

Post Views: 5 Полека згаснува бродската линија Охрид- Поградец. Ова лето не се реализирала ниту една тура, велат од Охридската капетанија. Со отварањето на граничниот премин кај Св. Наум сите бродови добија одобренија за воспоставување на меѓународен воден транспорт, информира Горан Устијансоки капетан на Капетанија на пристаништата-Охрид. Но интересот на патниците опаѓа. Воспоставени се сите норми и принципи за минување на границата по воден пат. Донесено е од страна на МВР и царинска управа отварање привремен граничен премин што е пракса секоја година наназад. На барање на бродарите...

Continue reading

Жителите на Подмоље веќе шести ден се оставени без вода за пиење

Post Views: 3 Жителите на Подмоље веќе шести ден се оставени без вода за пиење, бидејќи бушотината што ја направиле со сопствени средства сега не можат да ја користат поради личните интереси и внатрепартиските калкулации на градоначлниците на Охрид и Дебарца, Никола Бакрачески и Игор Трајковски, ова беше истакнато на денешната пресс конференција која ја одржаа советниците од СДСМ. Ваквото однесување на градоначалниците не само што е безобразно и неодговорно, итовремено е и нехумано, бидејќи стотици домаќинства се оставени без вода при вакви тропски температури. Одговорност мора да...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top