Автор: Јаковлева Лионела

Д-р Јован Стојаноски, кандидат за градоначалник од редовите на СДСМ

Post Views: 0 Се поизвесно е дека СДСМ градоначалничката трка во Охрид ќе ја трча со професор Д-р Јован Стојаноски. Оваа одлука иако сеуште не е официјално потврдена е донесена од највисокото партиско раководство во Скопје. Овај избор за многумина не е изненадувачки бидејќи професор Стојаноски доби најголема доверба на внатрепартиските избори кои партијата ги спроведе уште во февруари оваа година на кои покрај него како можни кандидати за градоначалник беа и Науме Јованоски, Константин Георгиески, Лазо Танески, Елизабета Русеска, Стевчо Стевоски, Дејан Цветкоски и Владо Чингоски....

Continue reading

Галеријата „Букефал“, место кое туристите со задоволство го посетуваат

Post Views: 9 Туристите кои го избрале Охрид како дестинација многу ретко одминуваат еден простор на сред чаршија во кој дише уметноста. Галеријата „Букефал“ најпрво ги привлекува со својот излог, а потоа влегуваат внатре и потонуваат во боите на сликите на најеминентните, но и на младите македонски уметници. Посетители во галеријата се љубителите на уметност. Јас ги делам на луѓе кои сакаат уметност и на оние кои не чуствуваат потреба за тоа. Од цел свет имаме посетители и кога ме прашуваат дали делата се на македонски автори јас велам дека на македонски, но и на интернационални,...

Continue reading

Сe понеизвесен почетокот на учебната година за учениците од централниот објект на ОУ „ Братство Единство “

Post Views: 11 Сe понеизвесен почетокот на учебната година за учениците од централниот објект на ОУ „ Братство Единство “. Советот на родители од ова донесе одлука дека додека не се санираат настанатите штети на ова училиште кои се последица од земјотресите кои го затекнаа регионов, и додека не се добие извештај од релевантни институции, ИЗИС и сл. децата нема да посетуваат настава во училишната зграда. Телевизија ТВМ неодамна пишуваше за овој проблем и за состојбата во која се наоѓа училиштето. Главниот влез во централната училишна зграда е опасен заради напукнувања на носечкиот...

Continue reading

Уметникот е ангел без крилја

Post Views: 2 Уметникот е ангел без крилја, ангел, без крилја ангел. Вечерва се промовира овој проект во кој учествуваат тројца автори кои творат во различни медиуми, а на тема ангел или ангелското или бескрајното. Тоа е она што го поврзува божественото со човечкото, редот со нередот и патолошкото со физиолошкото. Авторите се Блаже Крстаноски-Блажески, еминентен скулптор по потекло од Охрид кој работи и твори во Сиднеј, Австралија, Билјана Поп Стефанија, архитект кој се занимава со ангелското, преточено во мозаици и Драган Спасески Охридски, кој преку компјутерската графика се обидува...

Continue reading

Едукација на родители на деца со аутизам

Post Views: 4 Во Охрид расте бројот на деца со аутизам. Нивните родители многу пати поради немање доволно знаење и информации не знаат како да се справат со состојбата во која се наоѓа нивното дете. Ова било причина повеќе на иницијатива на дефектолозите од ОУ Св. „Климент Охридски“ да се организира едукација на родители на деца со аутизам. Обуките ќе се одржат на почетокот на септември, тие се бесплатни и се организираат во рамките на проектот „Еднаквост и социјална инклузија преку позитивно родителство кој е дел од Еразмус + програмата на Националната агенција за европски образовни...

Continue reading

Отчет

Post Views: 5 Градоначалникот Никола Бакрачески денеска даде отчет пред граѓаните за сработеното во  неговиот мандат. Тој рече дека ваквото јавно излагање ќе биде сведоштво за идните генерации како оваа постава на локална самоуправа, во еден исклучително тежок период на долгови и политички кризи постигна вредни резултати.  Градоначалникот потенцира дека најпрво се зафатиле со подобрување на организираноста и ефикасноста на администрацијата што било пресудно за реализација на зацртаните програми.  Почитувани, со сигурност можам да кажам, за првпат во историјата на Охрид, долговите...

Continue reading

Училиштата во градов, подготвени за новата учебна година

Post Views: 0 Основните училишта во градов забрзано се подготвуваат за новата учебна година. Распустот беше искористен за да се реновираат, исфарбаат, за да се уредат училниците, а се работеше и на дворните површини. Во уредувањето на ОУ „Христо Узунов“ биле вклучени и вработените. Директорот Тони Симоноски вели дека сите заедно работеле за училиштето на 1ви септември да светне во полн сјај. Деновиве сме во фаза на правење дератизација и дезинсекција, а поради земјотресите кои го зафатија нашиов регион летово ние направивме и една сеизмолошка анализа на нашата зграда и можам да кажам...

Continue reading

Мауцкер делумно ќе се исчисти

Post Views: 1 Депонијата на Мауцкер сеуште не е исчистена. Иако уште пред две години Секретарот на општината Димитар Спасески заедно со Зоран Рафтоски, раководителот на Секторот за подршка на градоначалникоти и тогашната директорка на ЈП „Комуналец“, Елена Скрческа на официјална пресс конференција најавија дека депонијата во најкраток рок ќе биде исчистена, на ова место две години подоцна можат да се забележат купишта шут и друг вид на отпад. Екипи од „Комуналец“ тогаш неколку недели го чистеа отпадот, но се откажаа бидејќи немаа ниту механизација ниту кадар за тоа. Трабаше да се...

Continue reading

И оваа учебна година во општина Охрид се формираа паралелки со помалку од 24 ученици

Post Views: 2 И оваа учебна година во општина Охрид се формираа паралелки со помалку од 24 ученици. Оваа одлука беше донесена на седница на совет од страна на градските избраници, а оправданоста на истата се наоѓа во фактот што доколку не се превземе ваков чекор многу работни места на одделенски и предметни наставници треба да згаснат, а и неколку училишта посебно во руралните средини ќе треба да се затворат. Одлуката е за поздравување, но од друга страна организирањето на ваквите паралелки непотребно го троши и така тенкиот буџет на општината. За да не се случи конфликт помеѓу законодавецот,...

Continue reading

nabizi otvoranje

НАБИЗИ – успешна бизнис приказна

Post Views: 16 Синоќа се отвори баумаркетот НАБИЗИ кој се наоѓа на патот од Струга према Ќафасан. Таму има од игла до локомотива. Може да се најде бела и црна техника, санитарија, мебел, електрика, апарати за домаќинство и што уште не. Идејата за отварање на еден ваков комплекс се родила пред две години и успешно се реализира. Во НАБИЗИ вложени се повеќе од  2 мил евра. Овој комплекс е по теркот на европските од каде се земани примери и искуства. Камбер вели дека го следат светскиот тренд и работат со најпознати фирми од областа на градежништвото.  Камбер Бизати, еден од сопствениците...

Continue reading

58 милиони денари заоштетените при земјотресите во регионов

Post Views: 2 58 милиони денари е вкупната проценета штета од серијата земјотреси што ова лето го погодија Охридскиот регион. Ова е бројка со која официјално излезе Општинската комисија за проценка на штети. До неа поднесени биле 854 барања за проценка на штети, 802 за индивидуални објекти и 52 за деловни објекти. Штетата кај индивидуалните објекти изнесува 48 милиони денари, а кај деловните 9 милиони денари. Извештајот на Оштинската комисија се најде и пред советниците во градскиот совет. Откога беше усвоен, истиот, ќе биде испратен до соодветната владина комисија. Во наредните 6...

Continue reading

И на крај жешко

Post Views: 3 На охридските советници очигледно иако се на крај на нивниот мандат сеуште не им недостасува енергија. На денешната 73та седница која воедно е и предпоследна во овој состав, три сати жестоко дискутираа само на една точка која не беше ниту предвидена во дневниот ред туку денес беше додадена на предлог од советничката група на ВМРО ДПМНЕ. Бурната дискусија се водеше за донесување или не на Заклучок за неприфаќање на нацрт стратегијата за интеграција на бегалци и странци во РМ за период од 2017 до 2027год. и акционен план произлезен од стратегијата донесена на Владата на...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top