Автор: Јаковлева Лионела

neckoski

Охридските либерали се враќаат на политичката сцена

Post Views: 6   Ќе се реактивира Општинската организација на ЛП. После речиси четиригодишна пауза охридските либерали се враќаат на политичката сцена. Поранешниот претседател Љупчо Нечковски вели дека тоа се прави на барање на некогашните членови и симпатизери кои ги има околу 300, но и на барање на централата која сега има ново раководство. Секако објаснува Нечковски ќе треба интензивна работа за да се направат сите формалности околу возобновувањето на партијата за таа да може да почне да функционира со полна пареа до локалните избори кои треба да се случат на пролет. Инаку либералната...

Continue reading

pastrmka

2000 ден. в џеб и ќе јадете охридска пастрмка

Post Views: 9 Платете 2000 ден. и ќе јадете охридска пастрмка. Гостите кои доаѓаат во градов сакаат да го пробаат овој охридски специјалитет, ама скапо ги чини. Ако некои од нив и имаат подлабок џеб и можат да си дозволат едно вакво не така евтино гастрономско задоволство се во дилема дали навистина рибата што ја јадат е охридска пастрмка знаејќи дека има забрана за нејзино ловење. Рибарите објаснуваат дека во рестораните може да се најде охридска пастрмка, но само од рибниците во Македонија каде се одгледува. Радован Димитриески од риболовното друштво Св. Апостол Павле вели дека...

Continue reading

atleticar

На Олимпијада од Охрид

Post Views: 1 Спортскиот директор на Македонскиот Олимписки Комитет Владимир Богоевски ги посети олимпијците кои во Охрид се подготвуваат за престојниот настап на Олипмијадата во Лондон. Тој вели дека го избрале Охрид за подготовки бидејќи има најдобри услови и најдобра патека која ги задоволува олимписките стандарди. Богоевски верува дека атлетичарите Христијан Ефремов и Христина Ристеска ќе го обелат образот на Македонја во Лондон. Тие пак не сакаат многу. Доволно ќе им биде да го постигнат својот најдобар резултат. Нивниот тренер задоволен како течат подготовките, вели дека Лондон...

Continue reading

parking

Во Охрид два часа паркинг можат да ве чинат 1200ден

Post Views: 5 Охриѓанец доживеал непријатно искуство паркирајќи го своето возило пред План Б. Завчера околу 22 часот излегувајќи в град го  оставил својот автомобил на паркингот пред ова кафуле и бил сигурен дека овој простор е слободен бидејќи ништо не асоцирало дека на овој паркинг се наплаќа. Кога се вртил околу полноќ го дочекало непријатно изненадување. На задното лево тркало имало поставено блокада. Тој се распрашал што се случило па некои граѓани го упатиле да оди и да се информира во куќарката кај Мекдоналдс. Таму му рекле да оди и да плати на каса, каде пак му побарале 1200...

Continue reading

ezero

“Соларни бродови и чамци по Македонските Езера”

Post Views: 2 Брод кој ќе плови на солана енергија. Ова засега е само идеја ставена на хартија, но многу брзо може да стане реалност. Горан Ангелковиќ кој долги годни се занимава со иноваторство и проектирање, а е голем вљубеник во бродовте дошол на идеа да создаде брод кој ќе работи на соларен електричен погон. Тој изработил проект во кој е објаснето како бродот би требало да изгледа . Бродот е многу едноставен, а сигурен и траен и многу евтин за одржување.  Со ваквите бродови и чамци бенфитот ќе е повеќекратен. Од една страна ќе имаме еколошка заштита на езерата во Македонија, а...

Continue reading

plaosnik

Што ако ве фати зорт на Плаошник?

Post Views: 13 На локалитетот Плаошник нема чешма ниту јавен тоалет. Гостите кои во голем број секојдневно го посетуваат ова место за голтка вода треба да молат во околните куќи или во блиското кафуле, а недај боже ако имаат некаква друга физиолошка потреба ќе мора да се стрпат или да одат зад грмушки. Посетителите велат дека вакво нешто е незамисливо. Овој археолошки локалитет без исклучок е најпосетуваниот во Охрид. Ако се претпостави дека само во лето градов го посетуваат околу 25 000 туристи на Плаошник одат околу 20 000 од нив. Да не зборуваме за тоа пак дека овај локалитет е...

Continue reading

plaza

Каде на одмор?

Post Views: 7 Долго топло лето. Ама ова годинешново уште потопло. Секој бара начин како барем и на кратко да побегне од горештините, гужвите и обврските, со еден збор да оди на годишен одмор. Ги запрашавме познатите охридски фаци каде ќе летуваат. Започнавме со нашите парламентарци од ВМРО ДПМНЕ. Пратеникот Александар Николовски вели дека сеуште не одлучил каде на одмор, но по се изгледа оваа година поради обврските тој ќе биде краток. Харалампие Шокароски, неговиот колега вели дека уште е рано за правење некакви подготовки за одмор. Тој додава дека го чека уште многу работа, а за...

Continue reading

znak

Летниот сообраќаен режим, нова атракција во Охрид

Post Views: 7 Горе , долу, лево, десно. Ова не е рефрен од песна туку компарација за охридскиот сообраќаен режим. Откако новото сообраќајно решение од први јули стапи на сила, а со него најголемиот дел од улиците станаа еднонасчни, граѓаните на Охрид збунето кружат по градов незнаејќи кој правец да го фатат. За гостите пак движењето по охридските улици е нова туристичка атракција. –Вртам кругови додека стигнам до дома, вели еден охриѓанец -Не знам што е ова, ние сме туристи и не знаеме како да стигнеме до апартманот, вели една битолчанка -За да стигнам до дома влегувам во една...

Continue reading

petreski

Во Охрид владее хаос со пловните објекти

Post Views: 9 Градоначалникот Александар Петрески по трет пат од пред Охридската Капетанија упати апел до централната власт, да не ги игнорира потребите на Охрид и охриѓани и да не ја загрозува туристичката сезона. Петрески се повика на вчерашниот трагичен настан во Струга, во кој загина едно лице возејќи се на скутер потенцирајќи дека ова е уште едно предупредување за тоа што може да се случи кога власта зазема несериозен однос кон едно толку важно прашање, какво што е безбедноста на Охридското езеро. Со недели предупредувавме дека во Охрид владее хаос со пловните објекти.  Капетанијата...

Continue reading

star grad

Секој може ама не руши

Post Views: 8 Сопствениците на дивоградбите и нелегално изградените поткровја во стариот дел на градот уште некое време можат да бидат  мирни. Иако уште пред две години наголемо се најавуваше нивно рушење од страна на Општинскиот инспекторат, тоа до ден денес не се случи. Додека локалната не се нафаќаше да руши поради немање пари, се случи Законот за Охрид.  Со стапувањето на сила на овој закон од пред една година рацете на локалците им се врзаа затоа што ингеренциите околу рушење во овој дел на градот од Општинскиот преминаа кај Државниот испекторат при Министерството за транспорт...

Continue reading

carsija

Убаво за око, но штетно за здравје

Post Views: 7 Пеколните горештини им пречат на сите, но не и на бактериите. Високите температури создаваат идеални услови за развивање и размножување на  салмонели, стафилококни ентеро бактерии, ешерихија и др. кои што можат да предизвикаат труење со храна. Секоја храна природно содржи одреден број на бактерии. Но лошото манпулирање со храната, неправилното готвење или неадекватното складирање резултира со размножување на бактериите во доволно голем број за да предизвикаат болест. Во Охрид летово не е ретка појавата да се продава храна на отворено. Пица на парче, крофни, сладолед,...

Continue reading

sahti

Посебна миризба ги заплиснува грѓаните на Охрид

Post Views: 12 Граѓаните се жалат на неподнослива реа која доаѓа од шахтите. Оваа појава посебно е застапена во централното градско подрачје. На овие афрички горештини распаѓањето на фекалиите е побрзо па затоа и миризбата е поинтензивна, објаснуваат од ЈП Нискоградба. Од таму знаат за овој проблем, но немаат што многу да направат. Илче Каневчев, раководителот на административниот сектор во Нискоградба вели дека за да не доаѓа до овој проблем треба да се смени целосно цевководот и да се заменат шахтите, а тоа може да се направи само со  целосно нов проект. Најголем проблем преставуваат...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top