Автор: Јаковлева Лионела

fontana

Градската фонтана позелене

Post Views: 9 Фонтаната кај Чинарот наместо да го краси го нагрдува Плоштадот, велат граѓаните. Тие додаваат дека уште со нејзината изградба во 2003-тата е направена голема грешка. Фонтаната со нејзиниот многуаголен облик  на граѓаните и туристите им наликува на НЛО објект. Но, не е само изгледот она што им пречи на минувачите. Тие реагираат и на нејзината чистота. Некои од нив велат дека фонтаната е вистински жабарник.Други додаваат дека за нејзината чистота треба да се грижат и граѓаните ,а не само надлежните. Од ЈП „Комуналец“ велат дека состојбата со фонтаната е ваква кава што...

Continue reading

deca

Бројот на учениците се намалува

Post Views: 1   Во основните училишта во градов ќе се формираат паралелки и со помалку од 24 ученици. Вака денес одлучија охридските советници. Одлуката беше неминовна бидејќи продолжува трендот на опаѓање на бројот на првооделенците, а комбинираните паралелки не се најсреќно решение ниту за учениците ниту за професорите, објаснува раководителот на одделението за образование, Серафим Наумоски. И во средните образовни центри поточно во Средното општинско училиште „Ванчо Питошески“ и во „Св. Наум охридски“ нема доволно ученици. Советот поради тоа одлучи да се формираат паралелки и со...

Continue reading

kafana

Секое задоволство се плаќа

Post Views: 3 Колку пари толку музика. Министерството за култура воведува такса за пуштање музика. Неа ќе ја собира новоформирана организација на македонската музичка индустрија ММИ каде членуваат музички продуценти и изведувачи. Новата давачка ќе треба да ја плаќаат хотелите, рестораните, пицериите, кафетериите, сендвичарите и сите останати субјекти каде се пушта музика. Хотелиерите реагират дека во ова време на економска криза кога повеќето од нив се на работ на економска оправданост секој денар е важен. Тоше Чочоровски, директорот на хотел „Силекс“ вели дека постојано се носат...

Continue reading

vnro dpmne

Кој ќе биде кандидат за градоначалник од редовите на ВМРО ДПМНЕ?

Post Views: 12   Остануваат уште три дена за аплицирање за кандидат за градоначалник од редовите на ВМРО ДПМНЕ. До први септември треба да бидат поднесени апликациите по што следува нивно разгледување од Извршниот комитет, а оние кои ќе влезат во најтесниот круг ќе имаат разговор во четири очи со претседателот на партијата, Никола Груевски. Многу имиња се вртат како можни кандидати за првата фотеља во Охрид, но четворица од нив се најсигурни, вели претседателот на Општинската организација на ВМРО ДПМНЕ, Атанаско Михаилов. Тој не сакаше да открие за кого точно станува збор, но меѓу...

Continue reading

pat

Жителите од улицата „Прва Македонска бригада“ повторно без вода

Post Views: 4   Радоста на жителите од улицата „Прва македонска бригада“ траеше кратко. Само што се понадеваа дека и тие како и останатите граѓани конечно ќе имаат доволна количина вода за секојдневните потреби, оваа течност што живот значи, многу слабо или воопшто не течи низ нивните славини. Лилјана Богоевска, жител на оваа улица вели дека соседите се испокарале меѓу себе поради водата. Еден за да вклучи бојлер или да се капи другиот мора да нема воода, вели таа. Животот ни се претвори во кошмар, додава изреволтирано Богоеска. Жителите од оваа улица кажуваат дека директорот на МЈП...

Continue reading

epruvetti

Идеално време за стомачни вируси

Post Views: 6   Летото е на заминување, но стомачните вируси карактеристични за ова годишно време токму сега го достигнуваат пикот . Статистиката покажува дека тие се најзастапени токму  во месец Август. Најчестите симптоми на ова заболување се грчеви во стомакот, 5 до 6 водени столици во текот на денот, гадење, нагон за повраќање, а многу често овие вируси знаат да бидат пропратени и со висока температура. Од Центарот за јавно здравје велат дека од почетокот на јуни па до денес има 40 пријави за заболени од стомачен вирус. Но ова не е реалната бројка, велат од таму. Објаснуваат дека...

Continue reading

konmcert

Дали Охрид ќе си го добие својот локален културен бренд?

Post Views: 5 Во Охрид нема културна манифестација која целосно е под капата на Локалната самоуправа и која е  препознатлив бренд за градов. Иако, посебно во летниот период секојдневно се случуваат некакви фестивали, било фолклорни или забавни, а за вистина на волјата не е мал бројот и на концертите на разноразни пеачи од секаков калибар, на градов преку му е потребна една манифестација која ќе го отсликува Охрид и неговото градско пулсирање.  Секоја чест и респект кон полувековното постоење на фестивалот Охридско лето и Балканскиот фестивал, но тие се финансирани од страна на државата....

Continue reading

dileri

Кој и како лови во матно?

Post Views: 3   Велосипед агенции. Ова е терминот кој охриѓани масовно го користат, а се однесува на мобилните посредници помеѓу приватните станоиздавачи и гостите. Ваквите дилери многу често се среќаваа по охридските улици и ова лето. Дeл од станоиздавачите со кои контактиравме а кои сакаа да останат анонимни велат дека им нанесуваат голема штета затоа што тие всушност ја дикрираат цената за сместување. Само за пример, ако по кревет станоиздавачите бараат 300 ден., посредниците бараат 350 од кои 50 денари се провизија за нив. Оваа појава им е добро позната на општинските инспектори.Раководителот...

Continue reading

suma

Пламна шумата над Кошишта

Post Views: 9   Се случи тоа од што се плашеа и на што предупредуваа кошиштани. Во саботата навечер околу 11 часот вивна ниската вегетација од десната страна на улицата Кирил и Методиј која води од Горна Порта до пумпната станица. Среќа во несреќa e што мештаните брзо забележале дека гори сувата трева па пожарот не зафатил големи размери. Димитрије Блажески, жител на оваа улица раскажува што се случувало во саботата. Тој вели дека 20тина луѓе кој по пижами кој по влечки истрчале да го гаснат пожарот. „Гасневме со кофи вода, со црева кој соо што најде“, вели Димитрије. „За среќа брзо...

Continue reading

carsija

Туризам или авантуризам

Post Views: 2  Во која насока ни оди туризмот? Кој и колку ќари од оваа туристичка сезона. Сондажите допрва ќе се прават, но ако денот по утрото се познава по се изгледа ќе имаме една од најслабите туристички сезони досега. Станоиздавачите се жалат дека не паметат кога цената по кревет била само 300 денари, а сепак повеќе од половина сезона останале празни. Во една од елитните населби Лагадин, а ништо поинаку не беше и во Пештани, ретките туристи кои ќе побараа сместување можеа да бираат каде ќе бидат сместени. Во градов состојбата малку порозова, но и тука имаше апартмани и соби...

Continue reading

pozarna

Противпожарната единица засега останува на старата локација

Post Views: 14 Засега нема дислокација на Противпожарната единица во Охрид. Командирот Спасе Прентоски вели дека идејата на Локалната за преместување на противпожарната на друго место која потекнува уште од пред неколку години, барем според најавите за брзо време нема да се реализира. Тој додава дека нивниот став е јасен. Локацијата на која се наоѓаат е најпогодна за обавување на нивната дејност, но командирот додава дека доколку Локалната одлучи поинаку тие ќе мора да прифатат. Како една од можните локации каде би се сместила противпожарната единица беше спомнувана и  касарната.  Од...

Continue reading

elizabeta kanceska milevska

Базиликата на локалитетиот Манчевци е една од најубавите не само во Охрид туку и пошироко

Post Views: 1 Министреката за култура, Елизабета Канческа Милевска го посети локалитетот Манчевци. Таа уште еднаш потсети од колкаво значење е овај локалитет на кој се пронајдени остатоци од камени архитектонски градежни пластики од многу значаен период како и ранохристијанска базилика со фантастичен мозаичен под кој потекнува од крајот на 4-тиот и почетокот на 5-тиот век.             Министерката нагласи дека од буџетот на министерството за култура биле издвоени 2 милиони и 200 000 ден. за изградба на потпорни ѕидови на локалитетот Манчевци. Канчевска Милевска кажа дека и наредната...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top