Автор: Голабовски Крсте

Денеска го славиме Св. Атанасиј Велики – Танасовден

Post Views: 4 Нашиот народ два пати го празнува споменот на свети Атанасиј Велики. На 31/18 јануари се празнува празникот Танасовден ‒ зимен, а на 15/2 мај Танасовден ‒ летен. Именден празнуваат: Атанас, (доаѓа од грчкото Атанасиос и значи бесмртен), Атанаска, Танас, Тане, Танаска, Насе, Насте… Свети Атанасиј, наречен Велики е роден во Александрија во 295 година. Едно време минал во пустина заедно со свети Антониј Велики. По враќањето во Александрија станал архиѓакон во Александриската црква. Учествувал на Првиот вселенски собор и иако млад се истакнал со познавање на Светото писмо...

Continue reading

Општина дебрца го одбележува втори февруари – Светскиот ден на водните живеалишта

Post Views: 14 По повод 2 февруари – Светскиот ден на водните живеалишта, „ЕКОТУРИЗАМ 2016“ Охрид како организатор и Општина Дебрца како домаќин, заеднички ќе го одбележат настанот „КОН ПОДОБРО УПРАВУВАЊЕ СО ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО, СТУДЕНЧИШКО БЛАТО И БЕЛЧИШКО БЛАТО“. Во агендата за овој еколошки важен датум се предвидени презентации за студиите за валоризација на овие важни екосистеми, прикажување на едукативно-документарен филм „Белчишко Блато – синиот бисер од Дебрца“, како и јавна дискусија и дегустација на традиционални специјалитети. Во одбележувањето ќе се придружат Министерството...

Continue reading

СТРАТЕГИЈАТА ЗА МЛАДИ НА ОПШТИНА ОХРИД НА ЈАВЕН УВИД

Post Views: 5 Младите се носители на позитивните промени, како на државно ниво, така и во Локалната самоуправа. Тие се ресурс за иновации и идна движечка сила на социјалниот и економскиот развој. Општина Охрид ја почитува оваа значајна улога на младите и токму затоа од исклучителна важност е постојано и систематски да се вложува во нивниот развој, но и во воспоставување на механизми за нивно активно учество во општествените процеси. Само со градење на вистинско партнерство помеѓу институциите и младите ќе знаеме дека политиките се инклузивни, ги одразуваат и адресираат вистинските...

Continue reading

Денес го славиме Св. Великомаченик Георгиј Победоносец

Post Views: 2 Георги во својата дваесетта година го стекнал чинот трибун и како таков служел при царот Диоклецијан. Кога овој цар започнал гонење на христијаните, Георги истапил пред него и одважно изјавил дека е христијанин, поради што царот го затворил, наредил нозете да му ги стават во клади, а на градите да му положат тежок камен. Потоа наредил да го врзар на тркало под кое имало штици со големи клинци и така го вртеле. По ова го закопале во ров, така што надвор од земјата му била само главата и го оставиле во ровот три дена и три ноќи. Но при сите овие маки Георги непрестајно...

Continue reading

Министерството за одбрана за првпат овозможи наши питомци да се школуваат на „Вест Поинт“

Post Views: 0 Министерството за одбрана за првпат овозможи наши питомци да одат на редовно школување на престижната воена академија „West Point” во Соединетите Американски Држави. За оваа можност за првпат стана збор при посетата на министерката Радмила Шекеринска на САД во септември оваа година, во чии рамки беше покренато и тоа прашање. Беше оценето дека досегашното повремено школување на наши питомци на другите воени академии во САД се покажалo како успешно и дека давањето можност за школување на македонски кадети и на една од најстарите и најпрестижни воени академии, „West Point“...

Continue reading

Охрид го слави денот на Св. Климент Охридски

Post Views: 10 Името на Свети Климент чудотворец Охридски е и името на првиот македонски книжевник, духовник и учител. Освен корекција на македонска азбука, глаголицата, која ја нерекол кирилица, основањето на првиот универзитет во Европа, Св. Климетовиот универзитет, значењето на овој светец за просветата и културата во Македонија е и повеќе од возвишено. Припадниците на православната вероисповед денес го прославуваат верскиот празник Св. Климент Охридски, кој е и патрон празник на градот Охрид. Без мисионерската и просветителска дејност на браќата Св Климент и Наум, делото на Светите...

Continue reading

rakomet

Пелистер падна, на ред е Металург

Post Views: 4 На првиот натпревар од  петтата рунда во ракометната Супер лига, охридските ракометари стартуваа со триумф. ТВМ Телевизија продолжува со преносот во живо од ракометните натпревари на охридските спортски миленици кои синоќа имаа феноменален старт во петтата рунда од ракометната Супер лига. Тие во спортската сала „Биљанини извори“  ја совладааа екипата на „Пелистер“ со 22-21 (9-7). Најважна карактеристика на синоќешната игра на охридските ракометари беше перефекната игра во одбраната. Покрај одличната игра поддршката од „Рибарите“ и трибините синоќа исто така одиграа клучна...

Continue reading

Мистерии на дотраените куќи: Конкретен доказ – недела 22:30

Post Views: 8 За сите љубители на добрите криминални приказни и филмови од жанрот „Кој е злосторникот?“, викендов ќе уживаат и во вториот дел од мини серијата, Мистерии на дотраените куќи: Конкретен доказ – недела 22:30. Oткако ќе открие остатоци од човечки скелет во подрумот на куќа која ја реновира, Шенон е со намера да открие кој е причината за ова злосторство, составувајќи дел по дел од мистериозната сложувалка, оставени во дневникот на самата жртва. Премиерно, оваа недела на ТВМ Телевизија, Мистерии на дотраените куќи: Конкретен доказ – недела 22:30.

Continue reading

Претставата „Сопружници“ во петок пред охридската публика

Post Views: 1 Театарскиот репертоар на народниот театар од Охрид започнува со претстава “Сопружници” – Вуди Ален, режија Драгана Таневска, во петок, 04.02.2022 година со почеток во 20.00 часот, во малата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“. “Сопружници” претставува песимистичко гледиште за романтичната љубов и бракот. Хуморот во претствата произлегува од реалноста на ситуациите. Ликовите не можат да ги надвладеат своите слабости и желби и затоа влегувааат во апсурдни ситуации кои се комични. Тоа пак, од друга страна е и специфичноста на хуморот на Вуди Ален, кој многу...

Continue reading

Честитка на градоначалникот Пецаков по повод празникот Св. Сава

Post Views: 13 Градоначалникот Кирил Пецаков, по повод празникот Свети Сава упати празнична честитка до припадниците на српската заедница. „ Со најискрени желби за здравје, мир и благосостојба упатувам срдечни честитки до сите припадници на српската заедница по повод големиот празник Свети Сава, првиот српски архиепископ и просветител. Ваквите празнични денови се можност да испратиме силни пораки за поголема почит и соработка. Сполотени во нашето мултиетничко општество се надевам дека и во иднина ќе продолжиме да ги чуваме и унапредуваме пријателствата, како основа за поголем напредок...

Continue reading

Застанаа возовите во Македонија

Post Views: 10 Патничкиот и товарниот железнички сообраќај е во прекин, поради бојкот на машинскиот и извршниот персонал во „Железници – транспорт”, изјавил за МИА, Душко Чакаровски, претставник на машинскиот персонал. Според него причина за бојкотот е неисплатениот втор дел од декемвриската плата. Тој се повика на одлуката од 2 ноември 2021 година, според која, машинскиот и извршниот персонал нема да ги извршува работите ако платата за претходниот месец не биде во целост исплатена до 25-ти во тековниот месец. Согласно Одлуката од ноември, машинскиот и извршниот персонал во Железници...

Continue reading

Работниците отсега безбедно ќе пријавуваат вознемирување на работното место

Post Views: 1 Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во интервју за Алсат ТВ, информираше дека Министерството во моментот работи на измени и дополнување на Законот за заштита од вознемирување на работното место. Според неа целта на  измените се работниците да бидат што повеќе охрабрени да пријавуваат мобинг на работното место. „Работиме на измени и дополнувања за јакнење на заштитниот механизам на работниците. Моменталното решение не нуди поголема заштита. Поради тој аспект одиме на промена на ова законско решение. Во моментов  воспоставената Комисија за заштита...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top