Post Views: 3
По мноштвото реакции од корисници поради недостиг од вода за пиење и неколкуте апели за рационално користење на водата посебно во периодот со ектремно високи температури, се известуваат корисниците на водоснабдителениот систем со кој стопанисува ЈП ВОДОВОД Охрид, дека во тек е акција за пронаоѓање на нелегални приклучоци и контрола на водомерните броила, велат од ЈП Водовод Охрид.
Се предупредуваат сите корисници (посебно од околината на Охрид каде што има земјоделски насади ), кај кои на лице место ќе се затекне водомерно броило со недостатоци (броило без пломба или...
Post Views: 9
Професионалната биографија е само еден документ кој го доставувате кога се пријавувате за работна положба. Но овој документ е најбитен од сите. Сепак, многумина не му посветуваат доволно внимание и се раѓаат грешки кои многу влијаат на шансите за вработување.Внимавајте на следните нешта.
Премногу детално
Професионалната биографија не треба да содржи целосни реченици и детални објаснувања. Секое појаснување оставете го за мотивационото писмо, а во биографијата наведете ги сите потребни информации кратко и јасно. Работодавците трошат приближно 90 секунди за разгледување...
Post Views: 14
Според податоците од следењето на рибниот фонд во трите езера во државава Преспанското е најсиромашно со риба. Како причини за ваквата состојба се споменува неконтролираното ловење и секако тоа што никогаш не било порибувано. Имајќи го ова во предвид, за првпат е извршено порибување со крап.
„Ова е историски чин за рибниот фонд во езерото. Мора да го зголемуваме и збогатуваме ова еколошки можеби најчисто езеро. Ваквите акции ќе продолжат“, рече на самиот чин на порибувањето Румен Стаменов, директор на Државниот инспекторат за земјоделство.
И додека ние за првпат порибуваме,...
Post Views: 5
Вчера во попладневните часови селата од Општина Дебрца беа погодени од невреме проследено со електрични празнења и град. Врнежите од град наместа беа со големина од лешник, јавуваат жителите.
Посебно се погодени селата на Горна дебрца каде се речиси во целост опустошени земјоделските култури, а на социјалните мрежи се споделуваат видеа и фотографии, потенцирајќи дека само за неколку часа, температурата паднала за цели 20 степени.
Post Views: 3
После минатонеделната одлука на Саудиска Арабија која вели дека жените не смеат да возат автомобили, се покажа дека постојат земји чиишто закони се уште поглупави кога станува збор за жените.
Според анализите на експертите од „Human Rights Watcha“, направена е една табела од неколку држави во кои владеат правила кои драстично ги кршат женските права. Листата на бизарни закони и правила ги пренесува „Washington Post“:
1. Во некои сојузни држави во Индија, жените кои возат на мотоцикл не смеат да носат кациги. Поради ваквите закони, секоја година животот го губат илјадници...
Post Views: 0
Владиката на Европската епархија сака да има подобар контакт со верниците, особено со младите, да ги слушне нивните размислувања, и затоа смета дека одлуката за забрана на Фејсбук меѓу свештенството не е исправна.
Социјалните мрежи не се баук туку се дел од секојдневната култура на живеење, изјави владиката на Европската епархија Пимен, откако „Нова Македонија“ објави дека МПЦ-ОА и официјално му забрани на свештенството да користи Фејсбук.
Освен од владиката Пимен, реакции токму на Фејсбук за оваа забрана имаше и од повеќе свештени лица што имаат свои профили на оваа...
Post Views: 2
Мијакеџима е мал остров во југоисточна Јапонија. Високото ниво на вулканска активност на островот предизвикува испуштање на отровен гас од земјата. Во 2000, 3.600 жители биле принудувани да се отселат, но тие го одбивале тоа. Наместо тоа, тие се согласиле да носат гас-маска постојано.
Во изминатиот век вулканите на островот еруптирале шест пати. Најлошата ерупција била онаа во јуни 2000, кога после мирување од 17 години, Ојама еруптирал и предизвикал 17.500 (добро прочитавте, 17 илјади и петстотини) земјотреси од 26 јуни до 21 јули.Во овој период на земјотреси и ерупции...
Post Views: 5
Во Скопје денеска ќе биде отворен прв центар за жртвите на семејно насилство. Овој центар претставува прв сервисен модел во Македонија што ќе применува иновативен пристап во третирањето на семејно насилство бидејќи во него ќе се нудат интегрирани услуги за психо-социјална поддршка на семејства кои се во конфликтни односи, во кои акутно се врши насилство или пак во изминатиот период постоело насилство.
Отворањето на центарот се реализира во рамки на проектот Прв семеен центар во Град Скопје како дел од Програмата CIVICA Mobilitas 2012 која се спроведува од страна на Центарот...
Post Views: 0
Американската воена морнарица го претстави најновиот брод – разурнувач. Еден од најголемите во историјата и со невообичаен облик. USS Zumwalt (DDG-1000) – е тип на воен брод што ќе биде многу тешко да се открие на радар, има тешко наоружување, суперпрецизни топови и проектили.
Должина – 182,9 метри
Брзина – 56,1 км на час
Колку чини производството? – Требаше околу 3,5 милијарди долари, а излезе дупло.За сè вградено на бродот да функционира, потребна е електрана која може да снабди со енергија 78.000 домаќинства.
{loadposition content9}
Post Views: 19
Концертот на култниот македонски бенд „Архангел“ е одложен за 20 декември, соопштија организаторите „План Б продукција“. Настанот беше закажан за 26 октомври во салата „Борис Трајковски“. Заедно со „Архангел“ треба да настапи и Македонската филхармонија.
Организаторите велат дека наскоро ќе испратат дополнително соопштение за датумот кога би биле пуштени влезниците во продажба. Концертот е најавен како своевиден рок-спектакл, со повеќе од 60 музичари на бина.
„Рок-звуците на ‘Архангел’ во комбинација со сериозноста на звуците на Филхармонија ќе ѝ дадат сосема поинаков...
Post Views: 1
Можеби некогаш сте се запрашале кој е виновен за прекрасните есенски бои? Листовите во себе содржат хлорофил, а тоа е она што ги прави зелени. Но сите зелени растенија во себе имаат и група хемикалии наречени каротеноиди. Кога се сами, тие ја даваат жолтата или портокаловата боја на растенијата. Тие ја даваат бојата на пченката и морковот.
Каротеноидите се невидливи под хлорофилската зелена боја на листот поголемиот дел од годината. Наесен, кога листовите се приближуваат кон крајот на својот животен циклус, хлорофилот се разложува и се разоткрива жолто-портокаловата...
Post Views: 9
Новинарот Томислав Кежаровски, доби 4,6 години затворска казна, на денешното судење за случајот „Ликвидација“. Кежаровски беше обвинет за неовластено давање информации за загрозен сведок.Пресудата денеска ја донесе судскиот совет на Кривичниот суд, на чело со судијата Дијана Груевска-Илиевска.
Сабедин Џини-Хофман доби една година и шест месеци затвор, поранешниот истражен судија Валентин Зафиров е осуден на 5,6 години затворска казна, обвинителот Ивица Ефремов доби четириполгодишна затворска казна, а пензионираниот врховен судија Борис Николовски ќе лежи една година....