Жените и бизарните закони

После минатонеделната одлука на Саудиска Арабија која вели дека жените не смеат да возат автомобили, се покажа дека постојат земји чиишто закони се уште поглупави кога станува збор за жените.

zeni
жени

После минатонеделната одлука на Саудиска Арабија која вели дека жените не смеат да возат автомобили, се покажа дека постојат земји чиишто закони се уште поглупави кога станува збор за жените.

саудиска арабијаСпоред анализите на експертите од „Human Rights Watcha“, направена е една табела од неколку држави во кои владеат правила кои драстично ги кршат женските права. Листата на бизарни закони и правила ги пренесува „Washington Post“:

1. Во некои сојузни држави во Индија, жените кои возат на мотоцикл не смеат да носат кациги. Поради ваквите закони, секоја година животот го губат илјадници жени, меѓутоа поборниците тврдат дека на овој начин се внимава на женската коса и нејзината шминка.

2. Во судовите во Јемен, женското сведочење вреди колку половина машко. Тоа значи дека жената може нешто да докаже само доколку против себе нема маж.

3. Саудискиот суд во 2011 година одлучил дека на жените ќе им биде дозволено да гласаат – но само на изборите во 2015 година. Кога тоа ќе се случи, Ватикан ќе остане единствената земја во светот без право на женски глас, бидејќи Папата се избира од кардинали кои се сите мажи.

4. Абортусот се уште е забранет во Еквадор, освен ако судот процени дека детето ќе се роди со аномалии.

zeni5. Во Саудиска Арабија и Мароко, жените може да бидат осудени на смрт доколку некој ги силувал. Има уште: Саудиска Арабија ги казнува жените кои излегуваат од домот без машка придружба, а во Мароко неодамна еден судија наредил 16 годишното девојче кое било силувано да се омажи со нејзиниот силувач. Амина Филали, девојката која била силувана, после тоа извршила самоубиство.

6. Во Јемен жената исто така не смее да ја напушти куќта без дозвола од нејзиниот сопруг. Постои либерално оправдување – доколку итно мора да оди за да им помогне на своите родители.

7. На жените во Саудиска Арабија им е забрането да возат без оглед на нивните способности и вештини.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top