Автор: Голабовски Крсте

britanska viza

Од март апликации за британски визи и во Скопје

Post Views: 3 Македонските граѓани на кои им е потребна британска виза ќе можат аликациите да ги доставуваат до компанијата Teleperformance, која има потпишано договор со британската Агенција за визи и миграција. Од 26 март ќе може да се аплицира во канцеларијата на компанијата која ќе биде лоцирана во трговскиот центар Соравија. Канцеларијата ќе работи во период од 9 до 13 часот, од понеделник до среда, а апликациите за визи ќе се примаат со претходно закажан термин. За услугата граѓаните ќе треба да платат 59 фунти, кои ќе се наплаќаат во евра според моменталната конзуларна курсна...

Continue reading

Phillip Seymour Hoffman

Почина оскаровецот Филип Сејмур Хофман

Post Views: 9 Актерот е пронајден мртов во неговиот апартман во Њујорк. Светските медиуми пренесоа дека телото на 46-годишниот актер било пронајдено во бањата вчера наутро од страна на неговиот личен асистент. Според неофицијални информации актерот веројатно умрел од последиците на предозирање со дрога, со оглед на тоа што во неговата рака имало забодена игла. Тој веќе подолго време се борел со зависноста. Сепак причината за смртта дополнително ќе се утврдува. Актерот Филип Сејмур Хофман беше добитник на наградата Оскар за главна улога во филмот “Капоти” од 2005 година во кој го толкуваше...

Continue reading

Izgubeni germanci

„Изгубени германци“ во Њујорк

Post Views: 9 Драмските дела „Изгубени Германци“ и „ММЕ кој прв почна“ на македонскиот писател Дејан Дуковски првпат ќе бидат изведени во Њујорк, во престижниот Продусерс клуб (Producers’ Club), на Бродвеј. „Изгубени Германци“ и „ММЕ кој прв почна“ на македонскиот писател Дејан Дуковски првпат ќе бидат изведени во Њујорк, во престижниот Продусерс клуб (Producers’ Club), на Бродвеј. Изведбите на „Изгубени Германци“, во режија на Петар Варбанов, почнуваат од 21 март, а на „ММЕ кој прв почна”, во режија на Теодор Петелов, од 28 март. Претставите ќе се одржуваат секој ден....

Continue reading

logo

Наставниците се жалат на проблеми со е-дневникот

Post Views: 1 Електронскиот дневник кочи и брише оценки, реагираат наставниците што мора да го користат овој софтвер за да ги информираат родителите за состојбата на оценките на нивните деца, пишува „инфо+“ порталот. Еден од проблемите со кои се соочуваат е и тоа некогаш системот да им ги избрише веќе внесените оценки, па да мора од почеток да ја работат работата. Наставници што сакаат да останат анонимни, велат дека впишуваат оценки и во слободно време, чекајќи системот да се активира. – Ги навиваме будилниците во три ноќе. Системот кочи, не работи, брише сè што си напишал...

Continue reading

Што оставаат дизел моторите на глисерите и скутерите на вода во Охридското езеро?!

Post Views: 13 Во рубриката „Ти си твојот град“ ни пристигнаа слики од нашиот сограѓанин Марјан Ѓузелоски кој вели дека водата во Охридското езеро се загадува од течноста која зад себе ја оставаат дизел моторите на скутери на вода и глисери. Ова е неговиот коментар: Еве што оставаат дизел машините на скутери на вода и глисери, донесени од запад каде што ги фрлаат во отпад, а кај нас за пусти профит се регистрираат без проблем – вели нашиот сограѓанин Ѓузелоски.  

Continue reading

kastracija

Во Македонија се воведува хемиската кастрација за педофилите

Post Views: 1 Македонија е прва земја во регионот која ги направи овие измени и тоа се со цел да се заштити детето на прво место, и прва земја која ќе почне со хемиска кастрација на педофилите. Според измените за кривичното дело обљуба на дете кое не наполнило 14 години минимална затворска казна е 12 години, доколку детето-жртва било тешко повредено или пак го загубило животот во нападот на педофилот минималната казна е 15 години со опција и за доживотен затвор. Новина во измените е воведувањето на медикаментната терапија позната како хемиска кастрација, односно специјални вакцини...

Continue reading

zdravstveni knishki

Еден упат за цела година

Post Views: 8 Матичниот лекар за хроничните пациенти ќе издава упат еднаш годишно со што треба да се намали и притисокот кај овие лекари, а пациентите веќе нема да одат кај нивниот матичен лекар за ретроградно издавање упат за итни случаи. Ова е предвидено со новите измените во услугата „Мој термин“, за кои денеска информира Министерството за здравство. Упатот за кој веќе има електронски запис во системот по автоматизам ќе биде прифатен и поврзан со пресметката и останатите обврски на установата од повисоко ниво. По ново, контролните прегледи ќе ги закажува специјалист или субспецијалист...

Continue reading

zemjotres

Што да се прави кога ќе здрма земјотрес?

Post Views: 0 Подрачјето во регионот кое ги зафаќа Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора, Србија, Италија, Албанија, Грција, Турција и Македонија се одликува со изразена сеизмичка активност, посебно во последниот период. Пред земјотрес мора да откриете кое е најсигурното место во просториите, односно каде се наоѓаат главните вентили за плин и главниот прекинувач за струја, како и каде водат и како се затвараат. Секогаш имајте подготвени батерија, радио и кутија за прва помош, како и одредени залихи на храна. За време на земјотрес е важно да се зачува присебноста на духот и да...

Continue reading

Со театарска претстава „На отворено море“ се спушта завесата на годинешното издание на фестивалот „Охридско Лето“

Post Views: 12 Вечерва во 21 часот на Антички Театар се спушта завесата на годинешното издание на фестивалот „Охридско Лето“, со претставата „На отворено море“. „На отворено море“ е жанровски комплексно парче: трагично, апсурдно и сатирично. Тоа е приказна за љубовната афера на една убава, среќно омажена жена со министер во владата. Во оваа драма сите се уценети и корумпирани, бидејќи тоа се луѓе од власта или од непосредна близина на власта. Зад семејните, пријателските и љубовните врски стои исклучиво голиот интерес. Сите имаат корист од оваа афера. Нушиќ никогаш не би напишал драма...

Continue reading

Evropski parlament

Европскиот парламент денес ќе расправа за напредокот за Македонија

Post Views: 10 Европскиот парламент доцна вечер ќе расправа за извештајот подготвен од британскиот европратиник Ричард Ховит за напредокот на Македонија во 2013 година, јавува МИА. Во резолуцијата за која по вечерашнава дебата, европратениците ќе гласаат утре, Европскиот парламент уште еднаш го повикува Советот на Европската унија да утврди без одлагање датум за почеток на преговорите за членство на Македонија во ЕУ. Притоа се нагласува дека билатералните проблеми не треба да бидат пречка за почеток на преговорите, иако тие треба да бидат решени пред крајот на процесот за зачленување. Билатералните...

Continue reading

E-ELT

Погледнете го најголемиот телескоп на светот

Post Views: 7 Благодарение на телескопот Хабл досега видовме фасцинантни снимки од вселената, но наскоро тој ќе добие силна конкуренција во телескопот наречен E-ELT или Европски екстремно голем телескоп, развиен од Европската јужна опсерваторија. Телескопот ќе биде сместен во Чиле и со пречник од 39 метри ќе биде најголемиот телескоп што некогаш е изграден. Неговата цел ќе биде да им помогне на астрономите да дознаат повеќе информации за  тоа како се формирани ѕвездите и да ја анализира светлината на подалечните галаксии, пишува Yahoo. Европската опсерваторија планира да ја заврши...

Continue reading

Дополнителен рок од 15 дена за сите заинтересирани за искористување на средства од ИПАРД 2, Мерка 7

Post Views: 1 Дополнителен рок од 15 дена за сите заинтересирани за искористување на средства од ИПАРД 2, Мерка 7. Ова значи дека наместо до 22 август 2021 година, комплетната документација заедно со барањето за финансиска поддршка од ИПАРД, заинтересираните ќе може да ги достават до 6 септември 2021 година. „Ги информираме сите заинтересирани дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој го продолжи рокот за аплицирање за Мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“. Рокот за доставување на апликациите за добивање на финансиска поддршка...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top