Post Views: 3
Од денеска стапува во сила новиот Закон за заштита на личните податоци, донесен во февруари годинава, кој беше со одложена примена за да им се даде можност на компаниите и институциите во земјата да се прилагодат на промените. Со примената на овој Закон се изврши усогласување со Општата регулатива за заштита на личните податоци 2016/679 на Европскиот парламент и на Советот од 27 април 2016 година за заштита на физички лица во поглед на обработката на лични податоци.
-Имајќи ги предвид новите предизвици во однос на основните човекови права и слободи кои се појавуваат...
Post Views: 7
Во 2013 та година, според податоците на Народната Банка во оптек биле повеќе од 1,5 милиони картички. Од нив повеќе од 1 милион се регистрирани како дебитни картички. Банкарите потврдуваат дека лани имало зголемен интерес за картички, но не само за кредитни туку и за дебитни. Каматните стапки за кредитни картички и негативните салда и натаму се сметаат за највисоки. Така на крајот од 2013 година каматата на ниво на банкарскиот сектор изнесува 10,7%.
Само за една година, или во 2013 во однос на 2012, бројот на новоиздадени картички се зголемил за речиси 50 илјади. Податоците...
Post Views: 8
Легендарниот американски комичар Џеј Лено вчера го објави последното вечерно шоу со што ја заврши својата кариера и заминува во пензија.
Тој своето последно шоу го најави со зборовите: – Драга, се враќам дома
По 22 години кариера Лено заминува во пензија како популарен водител на Ноќното шоу со Џеј Лено на телевизискиот канал Ен-Би-Си.
На местото на Лено, Ен-Би-Си го префрли комичарот Џими Фелон, кој досега го држеше терминот по полноќ, веднаш по шоуто на Лено.
Освен што ќе го промени водителот, Ноќното шоу ќе го промени и градот – место Лос Анџелес каде што досега...
Post Views: 0
Овој вторник е на добар пат да биде најтопол ден од овогодинешниот месец февруари. Времето ќе биде сончево и генерално потопло во однос на понеделник.
Дневниот максимум ќе достигне вредност помеѓу 17°С и 20°С во низините, но и на повисоките места во источниот крај. Максимални 22°С се очекуваат во Гевгелискот регион. Повисоките места во западниот крај очекуваат исто така висока дневна температура, со максимум околу 15°С.
Во Скопје се очекува сончево време со слаб јужен ветер. Максималната температура ќе има вредност околу 19°С.
{loadposition content9}
Post Views: 2
Доколку ви се случило пред личноста која ви се допаѓа да чувствувате како да не можете да го контролирате своето однесување и не можете да се контролирате себеси, не сте единствени.
Истражувањата покажале дека колку една личност е позаљубена, толку има полоши резултати на когнитивните тестови, има помала самоконтрола, а и способноста за концентрација е послаба.
Причината за тоа е што во такви моменти мозокот е преокупиран со размислување за потенцијалниот партнер или партнерка, поради што настанува проблем при одредувањето на приоритети.
Но, тоа не е единствен начин...
Post Views: 0
Од Министерството за здравство објаснуваат дека вакцинирањето е законска обврска и мора да се исполни.
Оттаму веќе се изјаснија и дека не прифаќаат имунизацијата да биде право на избор, т.е. секој родител да одлучува дали и со кои вакцини ќе го заштитува детето.
Вакцинирањето не може да се избегне ако двајцата родители потпишат изјава дека не сакаат да го вакцинираат детето, објаснуваат од Министерството за здравство. Потпишување изјави е „метод“ за избегнување вакцинација што го споделуваат меѓу себе родителите што не сакаат нивното дете да добива вакцини. Меѓутоа,...
Post Views: 1
Од вчера во сите подрачни одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија почна увидот во Единствениот избирачки список како и собирањето потписи за кандидат за претседател од група избирачи за претстојните претседателски избори.
Увидот ќе трае 20 дена, односно граѓаните со право на глас до 7 март секој ден во периодот од 8.30 до 19.00 часот ќе имаат можност да проверат дали се наоѓаат на списокот и на кое избирачко место ќе гласаат, а ако има потреба може да побараат запишување, дополнување или бришење на податоците.
Во Избирачкиот список предвиден за гласање...
Post Views: 6
Општо прифатено мислење е она дека седмата година од една врска или брак најчесто е и најкритична, односно шансите за разделба во овој период се и најголеми.
Но, изгледа дека границите се поместени и кога станува збор за љубовниот живот на луѓето.
Имено, седмата година од врската повеќе не е критична за односите помеѓу партнерите, а ова го потврди и студијата на британскиот интернет портал “VoucherCodesPro”, спроведена помеѓу 1.953 луѓе.
Денес врските најчесто завршуваат по период од две години и девет месеци, независно од тоа дали паровите претходно живееле...
Post Views: 3
ТВМ телевизија започна со лоцирање на дивите депонии во регионот. Голем број пријави од граѓани пристигнаа на нашето барање за пријавување на нелегални депонии кои ја загадуваат животната средина, но и го нагрдуваат ликот на општините. Денес нашата екипа регистрира неколку диви депонии во урбаниот дел на Охрид.
Затекнавме грда слика, расфрлана пластика, дотраена покуќника, градежен шут, делови од автомобили и секако вид на отпад. Едната локација е во населбата Далјан веднаш пред самата патека која води кон Свети Јован Канео. Дива депонија која неодамна екипите на ЈП...
Post Views: 1
На Факултетот за ветеринарна медицина денеска ќе се одржи обука за идентификација и регистрација на домашни миленичиња (микрочипирање).
Обуката е наменета за студентите, а ќе се реализира во три часа, со теоретски и практичен дел, од проф. д-р Пламен Стројачанец.
Ја организира Студентскиот парламент на Факултетот за ветеринарна медицина по иницијатива на Студентскиот парламент на УКИМ.
Следните две недели сите студентски парламенти на сите факултети на УКИМ ќе спроведуваат обуки поврзани со практичниот дел од својата настава. Предавачи ќе бидат професори, но и практичари,...
Post Views: 7
Еве интересни факти за за сите оние кои имаат кучиња, но и за оние кои сакаат да уживаат во друштвото на најпосакуваниот домашен миленик.
Ова е листата на кучешки заповеди кои секој сопственик треба да ги знае. 1. Мојот живот веројатно трае меѓу 10 и 15 години. Секое разделување од тебе ќе ми биде болно. Имај го тоа на ум пред да ме посвоиш.
2. Дај ми време да сфатам што бараш од мене.
3. Имај доверба во мене, тоа ми е важно.
4. Немој долго да ми бидеш лут, и не ме казнувај со затворање. Ти ја имаш твојата работа, забава и пријатели, јас те имам само тебе.
5. Зборувај...
Post Views: 0
Лозарите и винариите се подготвени за денешниот голем празник Св. Трифун во кого веруваат дека ќе го заштити лозјето од суши и мраз и ќе донесе голем род.Винариите, лозарите, семејствата каде што постои традиција на закројување на лозјето го прават адетот, но и прославуваат преку богата гозба, вино и музика.
Овој голем православен празник е надеж за лозарите дека родот ќе биде добар и ќе произлезе добро вино.Освен традиционалното закројување на лозјето, голем број винарии имаат организирани прослави во нивните ресторани, а очекуваат и голем број на домашни и странски...