Врските, бракот и кризата во нив

Општо прифатено мислење е она дека седмата година од една врска или брак најчесто е и најкритична, односно шансите за разделба во овој период се и најголеми.

dvojka
двојка

Општо прифатено мислење е она дека седмата година од една врска или брак најчесто е и најкритична, односно шансите за разделба во овој период се и најголеми.

двојкаНо, изгледа дека границите се поместени и кога станува збор за љубовниот живот на луѓето.

Имено, седмата година од врската повеќе не е критична за односите помеѓу партнерите, а ова го потврди и студијата на британскиот интернет портал “VoucherCodesPro”, спроведена помеѓу 1.953 луѓе.

Денес врските најчесто завршуваат по период од две години и девет месеци, независно од тоа дали паровите претходно живееле заедно или не, а виновници за сето тоа се социјалните мрежи, објавува “Daily Mail”.

Една петина од паровите прерано започнуваат врска, притоа мислејќи дека партнерите доволно добро ги запознале преку Фејсбук или Твитер. Исто така, на партнерите најчесто им пречи тоа што нивните подобри половини се повеќе време поминуваат на интернет, а се помалку разговараат со нив.

двојкаРечиси една половина од луѓето признаваат дека социјалните мрежи негативно влијаат на нивните врски, а дури една третина велат и дека поради Фејсбук или Твитер тие го загубиле својот партнер. И покрај тоа, поранешните партнери повторно нова љубов пронаоѓаат на социјалните мрежи.

“Иако досега седмата година беше пресудна за врската и паровите најмногу се измачува на романтичен план, модерниот начин на живот целосно го промени сето ова, а за тоа виновна е доминацијата на социјалните мрежи”, објасни портпаролот на споменатиот интернет портал, Џорџ Чарлс.

Речиси 79% од паровите имаат профил на Фејсбук или Твитер, а една третина од луѓето своите, сега веќе поранешни партнери, признаваат дека ги запознале преку интернет.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top