Post Views: 2
Од 5-12 април годинава на армискиот полигон „Криволак“ и Центарот за обука „Пепелиште“ ќе се изведува теренската вежба „Македонски блесок – 10“.
За вежбата денеска во Министерството за одбрана ќе информираат командантот на Здружената оперативна команда (ЗОК) на АРМ генерал-мајор Методија Величковски, директорот на вежбата, портпаролот на ГШ на АРМ, и дел од клучниот персонал од ГШ на АРМ и ЗОК, вклучен во процесот на планирање и подготовка.
На „Македонски блесок – 10“ ќе се изврши завршното оценување на средната пешадиска баталјонска група и лесната маневарска...
Post Views: 0
Aмбасадата на Шпанија во Република Македонија, заедно со Министерството за култура, Кинотеката на Македонија и НУ Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид , во Охрид организираат Ревија на шпански филмови.
Филмските проекции се во периодот од 20јули (понеделник) до 26 јули (недела). Ревијата содржи седум филмови од поновата продукција на шпанската кинематографија со различни жанрови. Меѓу нив има и неколку филмови кои се добитници на повеќе национални, но и меѓународни награди.
Ќе биде тоа можност за средба со филмовите на една од најдобрите европски кинематографии...
Post Views: 3
„ТАВ Македонија“, Амбасадата на Франција, Францускиот институт во Скопје и компанијата Wizz air имаат чест да Ве поканат на прес-конференција и коктел по повод официјалниот почеток на директната авионска линија Скопје-Париз.
Настанот ќе се одржи во петок, 4 април 2014, во 16 часот, во терминалната зграда, во делот за пристигнување на патници на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје.
На присутните ќе им се обратат и првите патници ќе ги испратат г-дин Зоран Крстевски, Генерален директор на ТАВ Македонија, Н.Е. г-ѓа Лоранс Оер, Амбасадор на Франција, и г-ѓа Тамара Мешвениераџе...
Post Views: 0
Со полагање на свежо цвеќе пред спомен обележјето на жртвите од бродската несреќа „Солза на Роза“, вчера, беа одбележани 12 години. Делегацијата на општина Охрид ја предводеше заменик – градоначалникот Ристе Николески. – Денес се одбележуваат 12 години од потонувањето на бродот Илинден во Охридското езеро. Пред една години се постави споменикот во чест на починатите во несреќата. Тој ден и датумот 5 септември засекогаш ќе остане врежан во колективната меморија на Охрид и како поука дека треба постојано да се надградуваме за да не се случуваат такви немили настани. Да...
Post Views: 27
Организатор на манифестацијата е Здружението „ За Трпејца со љубов“ со поддршка на Месната заедница и Црковниот одбор. Манифестацијата и годинава е под покровителство на Општина Охрид.
Според организаторите манифестацијата ја постигнува целта- раздвижување на луѓето во насока на развој на културниот туризам, а истовремено расте и интересот на гостите , токму за време „На зајдисонце “ да се во Трпејца. На летната сцена „Кај бунарот“ новото издание „На зајдисонце “ во 20 и 30 часот ќе биде отворено со ликовната изложба на дела од академскиот уметник – графичар Павел...
Post Views: 59
Од дедовци и прадедовци сме слушале приказни дека во внатрешноста на црвената карпа има долги ходници во кои во минатото било скриено големо богатство, раскажуваат постари луѓе од овој крај за карпата која се наоѓа во близина на тиквешкото село Радња.
Црвената боја ја зголемува нејзината магичност и ги подгрева разните мислења за тоа што се крие во нејзината утроба. Грандиозноста од околу стотина метри височина ја прави своевидна господарка во дивината.
Мистериозната црвена камена маса во срцето на Kожув, на петнаесетина километри од ски-центарот на оваа планина, како...
Post Views: 5
Во рамките на едукативните програми за поттикнување и развивање на креативноста кај младите, Црвен крст Охрид продолжува со реализација на оригами работилници овој пат на отворено, покрај брегот на Охридското езеро-на просторот кај Центарот за безбедност на вода на Црвен крст Охрид (плажа „Парк“).
На овие работилници предводени од Наташа Алексиќ-инзструктор за оригами, младите ќе имаат можност да стекнат знаења и вештини и да изработуваат најразлични фигури и предмети од хартија, кои понатака, преку хуманитарни аукции ќе бидат искористени за собирање на средства за...
Post Views: 0
Здружението „Во мојот свет“ почнува кампања под мотото „Еден свет за сите“ која ќе се одвива во текот на цел месец, а централниот настан ќе се одржи попладне во Скопје сити мол.
Аутизмот е биолошко развојно нарушување на мозокот. Главни карактеристики на аутизмот се слаба или никаква социјална интеракција и комуникација, ограничени активности и повторувачки шеми во однесувањето. По тие каактеристики аутизмот се разликува од останатите нарушувања од групата нарушувања од аутистичниот спектар. Наследувањето кај аутизмот е голема, но со оглед на тоа што генетиката на нарушувањето...
Post Views: 4
Еврокомесарот Јоханес Хан, кој посредуваше во целодневните разговори во резиденцијата на ЕУ во скопско Пржино, пред насобраните новинари кои го чекаа епилогот од средбата кусо изјави дека е постигнат договор и дека ќе има избори.
„Имаме договор, потпишан од лидерите, задоволен сум од тоа што се постигна, со ова ќе се отворат вратите на земјата за ЕУ и НАТО-интеграции. Треба да сме горди на лидерите“, рече Хан.
Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи не дадоа изјави за новинарите.
Хан на социјалната мрежа Твитер во...
Post Views: 1
Македонскиот пијанист Крсте Бадаровски влезе во финалето на натпреварот „Пијанист на годината“, што се одржа во хотелот Босколо во Прага на 30 март 2014 година.
Во финалната рунда од натпреварот учествуваа уште 4 други пијанисти од Чешката Република. Крсте Бадаровски го освои четвртото место во финалето.
Инаку, Крсте Бадаровски ги започнал своите музички студии во Македонија, а потоа дипломирал на Прашкиот конзерваториум. Живее и работи во Чешката Република, финалист е на повеќе музички натпревари, а воедно и учител по пијано.
Секогаш кога имам прилика со многу љубов...
Post Views: 6
Најголемата и најзначајната музичко-сценска манифестација во Македонија – фестивалот „Охридско лето“, од 4 до 7 овој месец се презентира на Генерално собрание на Европската фестивалска асоцијација (ЕФА) што се одржува во чешкиот град Острава.
Според претседателот на УО на Фестивалот „Охридско лето“, Зоран Вељаноски Летра, кој како делегат на Собранието престојува во овој културен центар, покрај предвидените средби со претседателот на ЕФА Дарко Брлек, како и со претставници на останатите европски фестивали-членки на Асоцијацијата, конференцијата во Острава...
Post Views: 15
По неколку месечна забрана отворен, патниот правец Охрид- Ресен преку Галичица (врска со Р1307 (Царина)-врска со А3 и Р1301 (Трпејца), од месноста Корита до зимскиот центар Отешево, за сообраќај на сите возила.
Потсетуваме дека на овој патен правец, од клучката Трпејца до зимскиот центар Отешево во двата правца, дозволен е сообраќај само за патнички возила и минибуси со вкупна маса до 3,5 тони.
{loadposition content9}