Оригами на плажа

Во рамките на едукативните програми за поттикнување и развивање на креативноста кај младите, Црвен крст Охрид продолжува со реализација на оригами работилници овој пат на отворено, покрај брегот на Охридското езеро-на просторот кај Центарот за безбедност на вода на Црвен крст Охрид (плажа „Парк“).

origami

origamiНа овие работилници предводени од Наташа Алексиќ-инзструктор за оригами, младите ќе имаат можност да стекнат знаења и вештини и да изработуваат најразлични фигури и предмети од хартија, кои понатака, преку хуманитарни аукции ќе бидат искористени за собирање на средства за поддршка на хуманитарните активности на Црвен крст Охрид.

Ги покануваме родителите да ги донесат своите деца да учествуваат на оригами работилниците со што ќе ја поттикнат нивната креативност и хуманост, но и ќе уживаат во прекрасниот природен амбиент, чистата вода и многубројните спортски реквизити на вода.

Работилниците се одржуваат на просторот кај Центарот за безбедност на вода на Црвен крст Охрид (плажа „Парк“) секој викенд од  12-18 ч.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top