Еден свет за сите

Македонија денеска го одбележува Светскиот ден за борба против аутизмот.

logo
лого

дете со аутизамЗдружението „Во мојот свет“ почнува кампања под мотото „Еден свет за сите“ која ќе се одвива во текот на цел месец, а централниот настан ќе се одржи попладне во Скопје сити мол.

Аутизмот е биолошко развојно нарушување на мозокот. Главни карактеристики на аутизмот се слаба или никаква социјална интеракција и комуникација, ограничени активности и повторувачки шеми во однесувањето. По тие каактеристики аутизмот се разликува од останатите нарушувања од групата нарушувања од аутистичниот спектар. Наследувањето кај аутизмот е голема, но со оглед на тоа што генетиката на нарушувањето е сложена, не се знае кои гени се за тоа одговорни. Истражувањата покажале дека се јавува еден до два случаи на аутизам на 1000 луѓе.

дете со аутизамВо Македонија не постои официјален регистар на лица со аутизам, но се смета дека нема повеќе од 4.000 лица. Аутизмот не е емоционална болест туку тоа е тешко развојно нарушување со генетска основа.

Од Заводот за ментално здравје на деца и младинци во Скопје, една од институциите каде се третираат лица со аутизам, наведуваат дека е многу значајно раното дијагностицирање. Со современите знаења, средства и методи аутизмот може да се детектира најрано на возраст од околу 18 месеци со што се создава основа за интервенција кога мозокот е во фаза на формирање. Со раното откривање на аутизмот може да се обезбеди излез за аутистичните деца како и за луѓето околу нив.

Аутизмот е состојба која се карактеризира со променет развој до третата  година од животот, со изменето функционирање во областа на социјалните интеракции, комуникацијата и однесувањето.

Покрај овие специфични симптоми, аутизмот е често придружен и со низа неспецифични симптоми (фобија, пореметување на исхраната и спиењето, напади на бес, автоагресивно однесување).

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top