Post Views: 6
Според последните податоци на Народната банка во ноември лани, бројот на блокирани сметки изнесува 247.562, од кои 69.271 се блокирани сметки на правни лица, а 178.231 се блокирани сметки на граѓани.Најчесто блокирањето на сметките е поради неплатени комунални долгови, радиодифузна такса и рати за кредити..
Сега, според законските измени што се во собраниска процедура , извршителот нема веќе да може да блокира сметка без претходно да испрати предупредување, односно писмено да го извести должникот и да побара од него во рок од три дена да го плати долгот.
Измените треба...
Post Views: 2
Младиот француз кој го напушти Милан и е на позајмица во Монпеље, продолжува со својот контроверзен начин на живеење и во Франција.
19-годишниот напаѓач,Мбаје Нијанг, недалеку од тренинг центарот на Монпеље, се забил во дрво со своето скапоцено ферари, а потоа избегал од местото на настанот.
Истиот ден, полицијата сакала да го испраша што знае за овој случај но Французинот прво негирал дека бил во автомобилот, потоа се спротиставувал на апсењето, и на крај е лишен од слобода.
Имено ова не е прв инцидент на „малиот Балотели“. Пред две години во Милано исто така возел...
Post Views: 0
Јапонската Toyota и понатаму е највреден светски бренд во автомобилската индустрија, додека германскиот Volkswagen испадна од листата на 10 водечки компании по скандалот со тестовите за емисија на гасови.
Ова го покажува годишниот извештај на компанијата Millward Brown која врз основа на интервјуа со потрошувачите за перцепција на брендовите и анализа на финаниските и бизнис показатели оваа листа ја составува веќе 11 години.
Спрема ова истражување, вредноста на брендот Toyota се зголемила за 2%, на 29,5 милијарди долари, додека вредноста на VW брендот паднала на 9,3...
Post Views: 2
Највисоката просечна плата за 2015 година во просторите на поранешна Југославија е 1.004 евра која се исплаќала во Словенија, додека најниски примања, само 361 евра земале вработените во Србија.Во Македонија, според последните статистички податоци од октомври, просечната плата изнесувала 365 евра.
Просечната плата во Црна Гора, според податоците од ноември изнесувала 482 евра, во Босна и Херцеговина била 422 евра, додека во Хрватска изнесувала 747 евра.
Просечната плата во Словенија е повисока за 1,49 евра од почетокот на минатата година, а во Хрватска за 5,44 евра...
Post Views: 3
Со преоѓањето од Коринтијанс во Сао Паоло, Алесандре Пато мислел дека ги решил проблемите, но сепак не е така. Откако стана непожелен меѓу навивачите на Коринтијанс, пред да заигра за новиот клуб се огласија и навивачите на Сао Паоло.
Тие протестираа поради неговото доаѓање затоа што претходно играл за градскиот ривал.
“Тоа е, очигледно, проблем со кој мораме да се соочиме и да се носиме со него. Секој играч мора да се чувствува добродојден во клубот, а ако не е така тогаш ситуацијата се компликува” рекол тренерот на Сао Паоло Муриси Рамаљо за клупската интернет страница.
Ова...
Post Views: 1
Пилотите на француската авио-компанија Air France започнаа вчера четиридневен штрајк кој би можел да ги поремети илјадниците планови на фудбалските навивачи кои сакаат да стигнат на своите одредишта за да ги гледаат натпреварите на Европското првенство, јавува BBC.
Околу 20.000 патници се блокирани вчера од вториот ден на штрајк на шведските пилоти на скандинавската компанија SAS поради кој се откажани 159 летови, објави компанијата.
“Направивме сѐ што беше во наша моќ да го спречиме штрајкот, но за жал не бевме во можност да постигнеме договор”, изјавила портпаролката...
Post Views: 5
Православните христијански верници денес го слават Бадник, денот пред големиот празник Божиќ. Според Јулијанскиот календар, секоја година Бадник е на 6 јануари, а Божиќ на 7 јануари – прекрасни денови кога семејствата во хармонија ја очекуваат и прославуваат веста за Христовото раѓање.Со костени, ореви, јаболка, бонбони и по некоја паричка беа дарувани најмладите, кои утринава со песна го најавија Христовото раѓање. Бадник е празник за семејството кога најблиските делат радост и убави мисли. На овој ден не се оди на гости и сите треба да бидат во своите домови покрај...
Post Views: 2
Штрајкот на синдикатите, поради измените во законите за работниците, предизвикува големи проблеми во Марсеј и Париз каде денес се игра првиот натпревар на Европското првенство во фудбал. Железницата одлучи штрајкот да го засили, вклучувајќи и линии од метрото кое вози до стадионот Stade de France на кој денес ќе се игра натпреварот помеѓу Франција и Романија кој го отвора Еуро2016.
Фудбалските фанови пристигнуваат во Париз и се соочуваат со смрдеата од контејнерите кои со денови не се испразнети поради штрајкот. На улиците од главниот град на Франција има 3.000 тони...
Post Views: 1
Денес православните христијани го слават Свети Наум, познат како исцелител и просветител на македонскиот народ. Денес именден празнуваат: Наум, Наумче, Науме, Наумка…Свети Наум заедно со Свети Климент го проповедале Светото Евангелие, ги просветиле словенските народи со благата Евангелска наука. Поминале низ многу места во Девол, Панонија, се до Илирик. Потоа дошле на брегот на Охридското Езеро. Додека Свети Климент бил Епископ во Охрид, Свети Наум основал манастир на јужниот брег на езерото. Со време во манастирот настанало големо братство на монаси, на кој Свети Наум...
Post Views: 0
Резултатите од истражувањето на компанијата Nomura Research покажале дека мнозинството на корисници на паметни телефони користат само неколку апликации и околу 80% од времето трошат само на три апликации, а тие три се најчесто во сопственост на Facebook.
Информациите за превземање на апликации на iPhone и Android од минатиот месец покажале дека повеќе од 60% му припаѓаат токму на компанијата на Zuckerberg која на оваа листа доминира благодарение на апликациите на Facebook, Messenger, WhatsApp и Instagram.
Во истражувањето се заклучува дека корисниците превзеле повеќе...
Post Views: 3
Од АМСМ информираат дека од 07:30 часот укинати се забраните за тешки товарни возила на планинските премини Стража и Пресека, како и на патниот правец крак Маврово – Дебар.Намалена видливост поради магла има во Битола и Македонски Брод до 100 метри и Плетвар до 50 метри.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Post Views: 0
И на последниот натпревар на Реал Мадрид во првото полуфинале од купот на Шпанија против градскиот ривал Атлетико, не остана неприметено отсуството од екипата на Герет Бејл. Ова беше доволно да се крене лавина од шпекулации. Откако е дојден во Реал често се случуваат чудни работи со мистериозни повреди на Велшанецот. Во Реал истакнуваат дека се работи само за мали проблеми, ама Бејл никако да направи континуитет во играње.
Се поставува логично прашање: ако нема проблеми, зошто Бејл толку изостанува?. Некои се сомневаат дека Мадриѓаните купиле „роба со грешка„. Некои...