Post Views: 4
Карго авион Боинг737 се сруши при слетувањето на аеродромот во Бергамо, Италија. Поради лоши временски услови авионот заврши на на патот кој минува во близина на аеродромот и за среќа никој не е повреден.
До несреќата дошло во петок во 4 часот наутро. Откако авионот успеал да слета на една од пистите тој го продолжил слетувањето и завршил на блискиот пат. Тој летал од Париз, а екипажот се извлекол без повреди, јавува Guardian.
Post Views: 9
Во четвртокот е распишан меѓународен тендер за изградба на жичара во Црна Гора од Котор преку Ловќен до Цетиње, која со 14,7 километри би била најдолга на светот, рекол за новинарите градоначалникот на Цетиње Александар Богдановиќ.
“Понудите за претквалификација се доставуваат до 5 октомври. По одбирањето на концесионерот и издавањето на градежна дозвола, градбата на жичарата, во зависност од временските услови, ќе трае од 10 до 12 месеци”, рекол Богдановиќ.
Возењето Котор-Ловќен-Цетиње ќе трае 43 минути.
“Се уверивме дека постои интерес на потенцијални инвеститори,...
Post Views: 2
Една жена била убиена, а петмина други ранети во напад со нож во центарот на Лондон. Полицијата соопшти дека првичните индикации сугерираат оти значаен фактор за нападот било ментално нарушеното здравје на напаѓачот. Претходно полицијата оцени дека нападот би можело да биде поврзан со тероризам. Едно 19 годишно лице било уапсено веднаш по полноќ на плоштадот Расел каде што потоа биле разместени големи полициски сили.
По нападот на сограѓаните им се обратил градоначалникот Садик Кан кој рекол дека безбедноста на жителите на Лондон е главен приоритет.
“Безбедноста на сите...
Post Views: 1
Португалскиот стратег очигледно има многу начини за мотивација на своите играчи. Првото полувреме на гостувањето кај Фулам заврши без голови, а во продолжението „експлодира“ Андре Шурле со хет-трик и победа на Челзи од 3-1.
Хозе Мурињо бил изразито незадоволен од претставата во првиот дел, па своите играчи решил да ги казни со молчење.
„Обично по завршување на првото полувреме на играчите им давам две до три минути да пристигнат во соблекувалната, да ја променат опремата, а потоа почнувам со мојот говор. Против Фулам играчите беа спремни за мојот говор, но јас не бев...
Post Views: 1
Боинг 777 на компанијата Emirates, кој утрово полетал од Тривандрум кон Дубаи, се запалил во воздух од засега непознати причини. За среќа, пилотите успеале да го спуштат на пистата во Дубаи, а сите патници и членови на екипажот се на време евакуирани.
Фотографиите на социјалните мрежи сведочат дека авионот го влечел десното крило по пистата, односно во еден момент во потполност го прекрил црн чад.
Post Views: 1
За надминување на кризата потребно е да се реафирмира и ревитализира Пржинскиот договор како валидна и обврзувачка рамка за реформскиот процес што претстои и да не се одолговлекува со неговата имплементација, порача специјалниот пратеник на Германија за Македонија Јоханес Хајндл по серијата средби во Скопје со лидерите на партиите потписнички на договорот, со државниот врв и со претставниците на меѓународната заедница.
“Добрата вест е дека има излез од кризава, а тоа е договорот од Пржино, чии принципи и начела го поставуваат патот во правец на демократија, стабилност...
Post Views: 2
Кога зборуваме за социјалните мрежи, секој кој е зависен од нив сака барем две работи: уредување на твитовите и опција палец надолу на Facebook. Но, следува добра вест за Instagram корисниците кои веќе со години ја сакаат оваа опција која се воведува сега.
Имено, Instagram воведува неколку промени во своите опции, а тоа ќе ги развесели сите, а станува збор за можноста за бришење коментари и нивно филтрирање. Дополнително, наскоро ќе може и општо да се исклучи коментирање на своите објави, пишува Washington Post.
На оваа одлична идеја дошле програмерите на Instagram,...
Post Views: 11
Впечатливо за ова извлекување се андалузиското градско дерби помеѓу Севиља и Бетис, но и италијанската пресметка помеѓу Јувентус и Фиорентина.
Првите натпревари се закажани за 13-ти март, а возвратните седум дена подоцна.
Еве ги и останатите двојки :
АЗ Алкмар – Анжи
Севиља – Бетис
Јувентус – Фиорентина
Тотенхем – Бенфика
Лудогорец – Валенсија
Олимпик Лион – Викторија Плзен
Базел – Салцбург
Порто – Наполи.
Post Views: 4
Вин Дизел ги руши сите рекорди па така покрај тоа што од неодамна заседна на тронот на листата на Форбс како најплатен актер сега стана и прв актер во Холивуд кој на својата фејсбук страница има сто милиони пријатели. Неговото постигнување го оцени и Марк Цукерберг кој му честита и на својот профил објави заедничка фотографија.
“Му честитам на Вин Дизел што достигна 100 милиони следбеници! Ова е мојата најдрага фотографија каде ги пробувам твоите очила кога прв пат кога се запознавме”, напишал Цукерберг.
Најмногу споделуван пост на Дизел беше оној за смртта на актерот...
Post Views: 18
Кривичните пријави против граѓани кои фрлаат боја ги разгневи уште повеќе поддржувачите на Шарената револуција. Виe нас со кривични, ние похрабри, беше главната парола на вчерашниот протест. Граѓаните велат дека не се плашат, туку се повеќе мотивирани за да протестираат, како што велат, против неправдата. И вчера беше катапултирана боја кон Владата и кон Собранието. Соопштението кое беше прочитано на протестот најавува интензивирање на протестите. Истиот текст е веќе објавен од страна на движењата Шарена револуција и Протестирам. Граѓаните кои протестираа вчера велат...
Post Views: 8
Околу 7.000 интервентни полицајци во камиони и оклопни возила ноќта помеѓу сабота и недела ја опколија воздушната база на НАТО Инџирлик во југоисточна Турција.
Турскиот министер за надворешни работи Омер Челик рекол дека станува збор за “безбедносна проверка”, но без образложение за каква и зошто токму сега.
Истовремено се појавија шпекулации за нов обид за воен удар. Имено, турскиот дневен весник Хуриет порано извести дека полицијата во Адана добила дојава за нов обид за воен удар и нивните сили веднаш биле алармирани.
Влезот во НАТО базата во близина на градот Адана...
Post Views: 2
Шефот на екипата на Ф1 тимот Ред Бул, Хелмут Марко, го вклучил алармот во екипата, затоа што болидот со кој моментално управува четирикратниот светски првак, Себастијан Фетел, не е ни приближно спремен за првата трка оваа сезона.
“Ни 10 милиони евра не би ги решило нашите моментални проблеми. Рено мора да ја подобри изведбата на моторот, инаку ќе сме во големи проблеми“, рекол Марко за германскиот Bild.
На последното тестирање Фетел бил за повеќе од 6 секунди заостанување, по круг, од Мерцедесот на Нико Розберг, а доколку тоа заостанување не се намали, спрема правилата...