Post Views: 1
Тојота ги започна првите јавни тестирања, на својот ултра компактен „i-Road” електрично градско возило на три тркала, за да дознаат како ќе се однесува нивното футуристичко возило во секојдневните услови по улиците на Токио.
Десет возила ќе крстарат во главниот град на Јапонија од 24 март до почетокот на јуни, а зад воланот ќе се најдат експерти и општата јавност за да се добие што попрецизна слика за производот.
Возилата се базираат на концептот кој е прикажан на минатогодишниот саем во Токио, пропратен со новитетите кои ја подобруваат прегледноста, управувањето и агилноста.
Обликот...
Post Views: 10
Откако ја освои третата Златна топка, Кристијано Роналдо добил награда и од Nike – копачки украсени со микродијаманти кои досега не ги има никој добиено.
Најдобриот фудбалер на денешницата и славниот манекен на Nike, Кристијано Роналдо, на почетокот од годината доби уште едно признание за своите бројни успеси и тоа во прилично екстравагантен облик.
Имено, Nike за својата најголема фудбалска ѕвезда дизајнирал посебни копачки Mercurial CR7 Rare Gold украсени, ни повеќе ни помалку туку со микродијаманти! Славниот Португалец така стана првиот сопственик на копачки со ваков...
Post Views: 2
Larry Page неодамна на TED конференцијата објаснил некои од начините кои неговата компанија сака да го подобри светот.
Google моментално е една од најмоќните компании на светот, а нејзиниот извршен директор Larry Page верува дека тие можат да ја искористат моќта и парите кои ги имаат за да го променат светот. Page на неодамнешната конференција зборувал за начините на кои неговата компанија ќе ги подобри условите за живот на земјите во развој, но и земјите како што е САД.
Една од првите и најважни работи која ќе ја направел Google е да овозможи едноставен пристап на целокупното...
Post Views: 0
Потрагата по вонземски живот добива нови ветришта в грб по откритието на еден научник кој открил планета голема скоро колку Земјата, пишува Daily Mail.
Астрономот Томас Баркли од истражувачкиот центар на NASA во Калифорнија дошол до ново откритие со помош на податоците кои ги собира вселенскиот телескоп Кеплер.
Неименуваната планета е откриена како орбитира околу неидентификувана ѕвезда во таканаречената „златокоса зона“ – во прашање е регион околу ѕвезда која емитува доволно енергија, светло и температура за постоење на вода на планетата потребна за создавање...
Post Views: 4
Несреќата се случила околу 3 часот наутро по локално време во подземната железница во близина на интернационалниот аеродром во Чикаго. Увидот е во тек и не се знае што е причината за несреќата.
Еден од сведоците на лице место изјавил, за ТВ мрежата “5 NBC„ дека возот воопшто не успорил кога влегол во станицата. „Настана општ хаос, луѓето беа преплашени, пробувајќи да сфатат што се случи“, рекол тој.
Како што наведуваат американските медиуми, за среќа никој од повредените немал тешки повреди.
Како што пренесуваат медиумите, не се знае дали причината е некој медицински...
Post Views: 2
Европскиот производител на авиони Airbus добил нарачка од 2,75 милијарди евра од нискобуџетната авиокомпанија Tiger Airways Holdings од Сингапур.
Компанијата нарачала 37 авиони А320, од кои девет ќе бидат испорачани на Singapur Airlines оваа година и во 2015, а останатите помеѓу 2015 и 2018 година.
Singapur Airlines има 40% сопственост во нискобуџетната компанија.
А320 е најпродаваниот авион по Боинг 737.
Airbus, со седиште во Тулуз, соопштил кон крајот на февруари дека рекордната побарувачка на нивните авиони довела до пораст на продажбата и профитот на компанијата...
Post Views: 6
Од 1 април сите проститутки мораат да бидат пријавени во сојузното министерство за финансии. Ова е уредба која министерството за финансии на Австрија ја донело на почетокот од годинава, барајќи од сопствениците на јавните куќи во државата да ги пријават работничките и напоменуваат дека оданочувањето мора да биде во склад со “реалниот промет”.
Во Австрија работат илјадници проститутки, само во Виена ги има повеќе од 3400 пријавени кои имаат право да ја работат таа работа. За бројката на илегални можело само да се претпостави.
Конечната цел на државата е да...
Post Views: 5
Велика Британија
Санкциите спрема Русија би го довеле во криза славниот City, кој произведува 40% од британскиот БДП. Во црно ќе се завијат и недвижнините во Лондон и околината, а восокото образование би добило тежок удар иамјќи го во предвид бројот на руски ученици кои плаќаат високи сметки за школарина.
Франција
Ќе изгуби договор вреден неколку милијарди евра за производство на воени бродови и вооружување. Исто така на колена би се нашла и автомобилската индустрија бидејќи во Русија се прават преку милион автомобили годишно а нафтениот гигант Тотал има вложено 30 милијарди...
Post Views: 8
Харизматичниот португалски фудбалски експерт ја обвини судиската организација дека води кампања против Челзи, а англиските медиуми денес отидоа чекор понатаму.
Мурињо за време на средбата против Тотенхем, која Челзи ја изгуби со 5-3, беше незадоволен од судењето на Фил Дауд, кој во еден момент му порачал: ”Ти си предебел за да судиш вакви натпревари. Би требало да одиш во пензија. Нас нѐ чиниш бодови”.
Хозе Мурињо веќе беше казнуван од страна на Англискиот фудбалски сојуз поради реченицата дека се води кампања против Челзи. Доколку се појават доволно цврсти докази дека...
Post Views: 4
Дошле до идеја да основаат туристички сервис за да им олесни на луѓето да најдат сместување во било која земја во светот. Двајцата пријатели, Брајан Чешки и Џо Геби, во 2008 година не ни сонувале дека еден ден нивната компанија ќе вреди 10 милијарди долари.
Airbnb (Air, Bed&Breakfast) пред неколку години стартуваше како компанија основана од двајцата пријатели и страницата била позната само на потесната заедница од силициумската долина.
Airbnb е наменета за луѓе кои сакаат да ги изнајмат или да ги закупат недвижнините ширум светот. Во понудата не спаѓаат хотели туку...
Post Views: 8
“За да се направи еден национален фудбалски тим не дозволуваат ФИФА и УЕФА, но за национално обединување на економски план никој не не спречува и наша вина е ако тоа не го направиме”, рекол Еди Рама на состанокот со стопанственивците од Косово.
Рама оценил дека национална стопанска комора би допринесла за економско обединување на Косово и Албанија.
“Немаме заедничка стопанска комора која ќе ги обедини под еден покрив сите албански претпријатија од териториите на Албанија и Косово, а која ќе биде референтна точка за двете влади”, рекол Рама.
Албанскиот премиер најавил...
Post Views: 2
На социјалната мрежа Твитер неодамна е овозможено прегледување на првите пораки на сите корисници. Еве на кого му ја посветил својата прва порака претседателот Путин.
Не требаше многу некој да се сети да го прегледа профилот на рускиот претседател Владимир Путин чиј прв твит објавен на неговиот службен профил на англиски јазик, денес делува многу иронично.
Владимир Путин својот прв твит го упатил ни малку ни повеќе туку на американскиот претседател Барак Обама. “Му честитам на избраниот претседател на САД, Барак Обама”, стои на првиот твит од претседателот Путин кој...